Лешани: село во Општина Дебрца

Лешани — село во јужниот дел на подрачјето на Општина Дебрца, во областа Дебрца, во околината на градот Охрид.

Лешани
Лешани: Географија и местоположба, Историја, Стопанство

Поглед на селото Лешани од камбанаријата на црквата „Св. Никола

Лешани во рамките на Македонија
Лешани: Географија и местоположба, Историја, Стопанство
Лешани
Местоположба на Лешани во Македонија
Лешани на карта
Координати 41°16′40″N 20°51′38″E / 41.27778° СГШ; 20.86056° ИГД / 41.27778; 20.86056
Регион Лешани: Географија и местоположба, Историја, Стопанство Југозападен
Општина Лешани: Географија и местоположба, Историја, Стопанство Дебрца
Област Дебрца
Население 310 жит.
(поп. 2021)

Пошт. бр. 6344
Повик. бр. 046
Шифра на КО 19026
Надм. вис. 1.086 м
Лешани на општинската карта
Лешани: Географија и местоположба, Историја, Стопанство

Атарот на Лешани во рамките на општината
Лешани: Географија и местоположба, Историја, Стопанство Лешани на Ризницата

Географија и местоположба

Селото Лешани се наоѓа во областа Дебрца. Околни села се Велмеј од североисток, Грко Поле, Горно и Долно Средоречие од север и северозапад, Злести од запад и Куратица од југ.

Историја

Подрачјето на Лешани е населено уште во младото камено време, за што сведочи наоѓалиштето Думејнчка Горица северозападно од селото.

Во XIX век, Лешани се наоѓало во Охридската каза, нахија Дебрца, во Отоманското Царство.

Потекло и значење на името

Според едно предание, името на селото потекнува од „Лешок“, еден од тројцата браќа кои на различни страни си ја побарале среќата, а Лешок се населил тука.

Стопанство

Во минатото, освен земјоделството, голем дел од населението било вработено во фабричкиот погон на ЕМО за метални конструкции.

Поради поволните услови, планинска вода и рамно поле, жителите главно се занимаваат со одгледување на компир, грав и пченка.

Население

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948709—    
1953752+6.1%
1961769+2.3%
1971703−8.6%
1981706+0.4%
ГодинаНас.±%
1991588−16.7%
1994472−19.7%
2002484+2.5%
2021310−36.0%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Лешани имало 450 жители, сите Македонци христијани. По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Лешани имало 480 жители.

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Лешани е претставено како чисто македонско село во Охридската каза на Битолскиот санџак со 60 куќи.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 500 Македонци.

Лешани е средно село, но со намалување на бројот на населението. Тоа, во 1961 година броело 769 жители, а во 1994 година 472 жители, македонско население и само двајца жители Срби.

Според пописот од 2002 година, во селото Лешани живееле 484 жители, од кои 483 Македонци и 1 Србин.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 310 жители, од кои 291 Македонец и 19 лица без податоци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 450 480 709 752 769 703 706 588 472 484 310

Родови

Лешани е македонско село.

Општествени установи

Лешани: Географија и местоположба, Историја, Стопанство 
Подрачното основно училиште „Дебрца“ во селото

Самоуправа и политика

Селото влегува во рамките на проширената Општина Дебрца, која настанала со спојување на поранешните општини Белчишта и Мешеишта по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото претставувало дел од некогашната Општина Белчишта.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Охрид. Во периодот од 1955 до 1965 година, селото било дел од некогашната Општина Белчишта.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Белчишта, во која покрај селото Лешани, се наоѓале и селата Белчишта, Ботун, Брежани, Велмеј, Горно Средоречие, Грко Поле, Долно Средоречие, Злести, Ново Село, Песочани и Црвена Вода. Во периодот 1950-1952 година, селото Лешани се наоѓало во некогашната Општина Велмеј, во која влегувале селата Брежани, Велмеј, Грко Поле и Лешани.

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 1322 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на дом на културата. Во ова избирачко место е опфатено и селото Грко Поле.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 384 гласачи.

Културни и природни знаменитости

Лешани: Географија и местоположба, Историја, Стопанство 
Влезот во селото; десно од патот се гледа познатиот Лешански манастир
    Цркви
    Манастири
    Археолошки наоѓалишта
    Останати

Личности

    Родени

Потекло

Култура и спорт

Иселеништво

Постари иселеници може да се најдат во САД.

Од поново време иселеници од селото има во Охрид, Струга, Тетово, Скопје, Битола и во Австралија, САД и Канада.

Галерија

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Лешани Географија и местоположбаЛешани ИсторијаЛешани СтопанствоЛешани НаселениеЛешани Општествени установиЛешани Самоуправа и политикаЛешани Културни и природни знаменитостиЛешани ЛичностиЛешани Култура и спортЛешани ИселеништвоЛешани ГалеријаЛешани ПоврзаноЛешани НаводиЛешани Надворешни врскиЛешаниДебрцаОпштина ДебрцаОхрид

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Драган МијалковскиМакедонски парламентарни избори, 2008Левица (политичка партија)Пресметување на датумот на ВелигденВилијам ШекспирЛожаниЗборник на МиладиновциБели мугриОпштина Демир ХисарРегионален пат 1101SARS-CoV-2Општина ЛипковоСкратеници во македонскиот јазикМакедонски парламентарни избори (2011)УС Сасуоло КалчоБактерииВардарСидОпштина ВаландовоЖивотна срединаЗатемнување на СонцетоОпштина ЗелениковоБлаже КонескиСвети Климент ОхридскиЧасовникСончев СистемСтојанче АнгеловМакедонски претседателски избори (2024)МакедонскиМоравска мисијаМакедонија во Втората светска војнаМјузиклЛимфоцитПанкреасИлузијаИзборна единица 6Систем за варењеЖелезно времеИстанбулОтоманско ЦарствоУкраинаФотосинтезаОпштина БеровоДрогаЕтанолАјдучка треваАна ФранкШеќерна приказнаТромбоцитопенијаПаркинсонова болестИлијадаВнатрешна македонска револуционерна организација - Демократска партија за македонско национално единствоОпштина КарпошЗаздравување на ранаЕрусалимИвона ТалевскаЗнаме на МакедонијаПроизвод (математика)Борис ТрајковскиХомо (филм од 2020)Список на цркви и манастири на Македонската православна цркваОпштина КончеПрисовјаниРоманијаДемократска ДесницаСтепенување на придавки во македонскиот јазикХајди (роман)Рак на панкреасотСолиАлцхајмерова болестЗемја (планета)Список на градови во МакедонијаТашмаруништаВојдан ЧернодринскиМомче во пижами со риги (филм)Историја на БугаријаОпштина ДолнениБескрајна приказнаШведска🡆 More