Дражево: село во Општина Ново Село

Дражево — село во Општина Ново Село, во областа Подгорје, во околината на градот Струмица.

Дражево
Дражево: Географија и местоположба, Историја, Население
Дражево во рамките на Македонија
Дражево: Географија и местоположба, Историја, Население
Дражево
Местоположба на Дражево во Македонија
Дражево на карта
Координати 41°22′23″N 22°55′23″E / 41.37306° СГШ; 22.92306° ИГД / 41.37306; 22.92306
Општина Ново Село
Население 234 жит.
(поп. 2021)

Пошт. бр. 2436
Шифра на КО 27026
Слава Мала Богородица
Дражево на општинската карта
Дражево: Географија и местоположба, Историја, Население

Атарот на Дражево во рамките на општината
Дражево: Географија и местоположба, Историја, Население Дражево на Ризницата

Географија и местоположба

Дражево: Географија и местоположба, Историја, Население 
Дражевска Река
Дражево: Географија и местоположба, Историја, Население 
Јавор во селото, заштитен со закон
Дражево: Географија и местоположба, Историја, Население 
Новото училиште во село Дражево, Струмичко
Дражево: Географија и местоположба, Историја, Население 
ОУ „Мануш Турновски“
Дражево: Географија и местоположба, Историја, Население 
Црква „Рождество на Пресвета Богородица“

Селото Дражево се наоѓа на југоисточниот дел од Македонија, во подножјето на планината Беласица, на надморска височина од 330 метри. Од најблискиот град Струмица е оддалечен 29 километри. Низ селото поминува Дражевска Река, која го дели селото на два дела.

Селото се граничи со Смолари, Бајково, Ново Коњарево, Старо Коњарево и соседна Грција (Егејска Македонија).

Историја

Легенди за името

Се смета дека селото го добило името според машкото име Дражен или Драган. Втората легенда вели дека на луѓето им било драго што живеат овде, па затоа селото било наречено Дражево.

Отоманско Царство

Првпат селото се споменува во пописот од 1519 година, спроведен од Турците, кога селото имало само 5 семејства под името Дражева.

Пред Балканските војни, селото се наоѓало во состав на Петричката околија.

Југославија

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Царство Бугарија. По крајот на Првата светска војна, според Нејскиот мировен договор, селото било вклучено во составот на Кралство СХС, заедно со Струмичкиот регион, додека по крајот на Втората светска војна, во рамките на СФРЈ.

Македонија

По распаѓањето на СФРЈ, селото формално било вклучено во составот на Република Македонија. Според територијалната организација на Република Македонија, селото припаѓа на Општина Ново Село.

Население

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948500—    
1953516+3.2%
1961604+17.1%
1971650+7.6%
1981629−3.2%
ГодинаНас.±%
1991573−8.9%
1994467−18.5%
2002462−1.1%
2021234−49.4%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Дражово живееле 380 жители, сите Турци.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 300 Македонци.

Населението масовно се иселува од селото, па така иако на пописот од 1971 година имало 649 жители, на пописот од 2002 година Дражево брои само 462 луѓе.

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 462 жители, од кои 460 Македонци, 1 Србин и 1 останат.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 234 жители, од кои 200 Македонци, 1 Србин и 33 лица без податоци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 380 500 516 604 650 629 573 467 462 234

Општествени установи

Во селото има пошта, основно четиригодишно училиште, амбуланта, матична служба, месна заедница и водовод.

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 1783 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 479 гласачи.

Културни и природни знаменитости

  • Дражевска Река
  • Јавор

Редовни настани

Во горниот дел од Дражево, се наоѓа црквата „Рождество на Пресвета Богородица“, а селската слава се празнува на 21 септември.

Култура и спорт

Во селото опстојува и спортскиот клуб „Беласица“, кој се натпреварува во Општинската фудбалска лига.

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Дражево Географија и местоположбаДражево ИсторијаДражево НаселениеДражево Општествени установиДражево Самоуправа и политикаДражево Културни и природни знаменитостиДражево Редовни настаниДражево Култура и спортДражево НаводиДражево Надворешни врскиДражевоОпштина Ново СелоПодгорjе (Беласица)Струмица

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

МРП вакцинаЧума (појаснување)Прост бројВитамин Б6СолунМоливАјкулаПарите се отепувачкаИзборна единица 3Јане СанданскиМакедонски парламентарни избори (2016)ТуризамТокиоЦрвени крвни зрнцаКалеш АнѓаЦрноризец ХрабарИсторија на македонскиот народГрузијаДрагана МирковиќСедум смртни гревовиКавадарциСтојан АндовЃурѓовденЃорѓи КолозовБаза (хемија)’Ржаново (Струшко)ГодинаКувајтМакедонска азбукаЛокални избори во Македонија (2021) — Град СкопјеКрсте Петков МисирковБезовоМакедонски парламентарни избори (2011)Скржавецот (Плавт)Диво месо (драма)Леополд I (Свето Римско Царство)ВиенаМакедонски парламентарни избори, 2014ДеменцијаАцо ШоповЗборник на МиладиновциУставен суд на МакедонијаЖелезоАли АхметиОпштина КрушевоПеколот (Божествена комедија)Општина СтругаМирко ПоповОмов законСветлинаКалиштаГлигор ПоповскиТапанРак на панкреасотМакедонски парламентарни избори (2024)ФилмКирилицаКронова болестОпштина Маврово и РостушеЗанаетЛевица (политичка партија)Земји членки на Европската УнијаГлицеролСистем за варењеБроеви во македонскиот јазикЖивотна срединаМакедонски претседателски избори (2024)ФлејтаПетар ПанАлан Маркес ЛоуреироЧовечки скелетТашмаруништаШведскаСелциДесница (политика)Општина СарајНаум НаумовскиКултураАДХД🡆 More