Петрич

Петрич (бугарски: Петрич) — град во Петричко, Југозападна Пиринска Македонија, денес во Бугарија.

Петрич
Петрич
Поглед на Петрич
Грб на Петрич
ЗемјаБугарија
ОбластБлагоевградска
Управа
 • ГрадоначалникДимитар Бручков
Површина
 • Градска80,421 км2 (31,051 ми2)
Надм. вис.&10000000000000168000000168 м
Население (2015)
 • Градско30.722
 • Густина0,38/км2 (0,99/ми2)
 • Градскo54.006
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.2850
Повик. бр.(+359) 0745
Мреж. местоСлужб. страница

Географија

Градот е сместен во Петричкото Поле северно од планината Беласица, а во негова близина се наоѓаат и селото Рупите и храмот Св. Петка на познатата пророчка Ванѓа и Самуиловата тврдина во селото Клуч. Во близината на градот се наоѓаат и два гранични премина: „Златарево“ кон Република Македонија и „Кулата“ кон Егејска Македонија, Грција. Низ градот тече реката Луда Мара, која е десна притока на Струмешница. Сè до влегувањето на Бугарија во ЕУ, Петрич претставуваше важен трговски центар за граѓаните од Македонија кои во Петрич се снабдуваа со разна евтина стока.

Историја

За првпат градот се споменува во 1376-1377 година во повелбите на браќата Јован Драгаш и Константин Драгаш, коишто овдешните имоти ги подариле на рускиот манастир „Свети Пантелејмон“ на Света Гора.

Градот паѓа под османлиска власт по 1395 година, кога заедно со неговата околина е вклучен во состав на Ќустендилскиот санџак и претставува центар на самостојна нахија. Во текот на османлиското владеење Петрич сè повеќе добива муслимански лик. Во 1652 година, османлискиот патописец Евлија Челебија го посетува Петрич и за него запишал, дека паланката има 240 убаво уредени куќи со градини. Има две маали со џамија, параклис, два ана и само една бања. Центар е на каза со 80 села. Има 50 дуќани, што укажува на нивото на занаетиството и трговијата во градот.

Петрич е првенствено познат по производството на пченица, пченка, 'рж, овес, памук, ориз, тутун, афион, овошје, а важно место заземаат и костените. Во периодот XVI-XIX век, западно од градот, во атарот на селото Долене, се одржувал познатиот Доленски панаѓур кој бил еден од најголемите панаѓури во европскиот дел на Османлиското Царство.

Во XIX век во градот се населуваат македонски семејства од планинските огражденски села, потоа од Негушко, Гостиварско и други места од Македонија.

Во 1845 година, рускиот славист Виктор Иванович Григорович, на пат од Струмица за Сер го посетува градот и го споменува во неговата книга „Опис на патувањето низ Европска Турција“:

Гратчето Петрич е полно со трошни куќи и убави градини. Нема ниту црква, ниту училиште. Ако се верува на кажувањата на жителите, нивната изградба не ја дозволувале Турците.

Во 1857 година е изградена црквата „Успение на Пресвета Богородица“. Во неа се воведува богослужба на грчки јазик, а во дворот на црквата се отвора грчко училиште.

Во 1868 година завршена е изградбата на црквата „Свети Никола“, која се претвора во центар на борбата против грчката пропаганда во градот.

Петрич 
Црквата „Успение на Пресвета Богородица“

Во 1889 година, Стефан Верковиќ во неговата книга „Топографско-етнографски опис на Македонија“ пишува за Петрич:

Градот лежи на реката Струмица, во подножјето на планината Беласица. Има околу 100 продавници и неколку гостилници, 2 цркви, 1 училиште, 2 џамии и 1 муслиманско училиште. Претставува седиште на мудур, кадија и секоја среда е пазарен ден.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Петрич живееле 7.190 жители, од кои 4.600 Турци, 2.450 Македонци, 100 Роми и 40 Власи.

Во периодот 1913 - 1925 година во градот се доселиле голем број бегалци од Егеjскиот и Вардарскиот дел на Македонија.

Демографија

Петрич е втор град по големина во Благоевградската област.

Според пописот од 2011 година, во Петрич живееле 28.902 жители.

На табелата е прикажан националниот состав на населението во градот:

националност број %
Бугари 23.967 82,92
Роми 2.309 7,98
Турци 86 0,29
други 78 0,26
не се самоопределиле 116 0,40
не одговориле 2.346 8,11
Вкупно 28.902 100
Петрич 
Центарот на Петрич

Во градот и околината живеат голем број Македонци, кои од страна на бугарската држава не се признаваат како посебна етничка заедница и голем дел од нив се запишуваат како Бугари.

Во пописот од 1956 година, кога имало можност за самоопределување на македонски народ, вкупно 82,64 % од населението во Петричката околија се декларирале како Македонци.

На табелата е прикажан бројот на населението во Петрич за периодот 1934-2011:

година 1934 1946 1956 1965 1975 1985 1992 2001 2011
население 10.120 13.493 16.401 20.639 24.379 26.482 27.659 29.606 28.902

Спорт

На Градскиот стадион "Цар Самоил" во Петрич игра ФК „Беласица“. Фудбалот во Бугарија започнал да се развива во почетокот на XX век. ФК "Беласица" бил формиран 1920 година, претходно се нарекувал "Мануш војвода", "Л. Весов", "Македонија", "Илинден" и "Динамо", од 1957 година го добива името "Беласица". Дел е од А група од 1980 до 1984. Во бугарската Прва лига е во сезоната 2004/2005.

Познати личности

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Петрич ГеографијаПетрич ИсторијаПетрич ДемографијаПетрич СпортПетрич Познати личностиПетрич НаводиПетрич Надворешни врскиПетричБугарски јазикПетричкоПиринска Македонија

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Партија за целосна еманципација на РомитеKлиндамицинСвети Климент ОхридскиХематокритПретседателМенингитисКамено времеБолести и аномалии на очитеБошко СмаќоскиГостиварНационален парк МавровоРоднински односиЛиберално-демократска партијаЃорче ПетровВодаГордана СилјановскаДемократска партија на Србите во МакедонијаАрмија на МакедонијаКрушевоАвтомобилски регистарски таблички во МакедонијаГордана ДувњакМакедонска крвава свадбаРенесансаБрадикардијаТрапезДвокружен системЖичени инструментиДоксициклинЕлектрична енергијаБеровско ЕзероМасакр кај КарпалакГрад СкопјеСузан АкбелгеИндијаЕгејска МакедонијаВелија РамковскиГликемијаТрговско друштвоГрцијаУкраинаПоследици од глобалното затоплувањеЈоаким КрчовскиДемир ХисарСеверна АмерикаАутизамКрпен животЛазар МојсовДијагоналаПартија за движење на Турците во МакедонијаВесна БендевскаАвтомобилОвчи сипанициЛанец на исхранаБубрегДоктор ОфболиПреспански договорБранко ЦрвенковскиСписок на повикувачки броеви на земјитеМеѓашиДржавни празници во БугаријаЕфто ПупиновскиКоскаДемократска обнова на МакедонијаРак на усна празнинаЕпилепсијаВелесПресметување на датумот на ВелигденБиланс на успехПроцентМинистерство за животна средина и просторно планирањеГолеми и мали (роман)Црнила (драма)Фазли ВелиуРајко ЖинзифовВилма ТрајковскаХристијанствоМонако🡆 More