Беласица

За други значења видете Беласица (појаснување)

41°20′N 22°57′E / 41.333° СГШ; 22.950° ИГД / 41.333; 22.950
Беласица
планина
Беласица
Поглед кон врвот Радомир
Регион Балкан
Се граничи со Македонија Македонија
Беласица Бугарија
Беласица Грција
Координати 41°20′N 22°57′E / 41.333° СГШ; 22.950° ИГД / 41.333; 22.950
Највисока точка Радомир
 - височина 2.029 м
Беласица во рамките на Македонија
Беласица
Беласица
Местоположба на Беласица во Македонија

Беласицапланина во југоисточниот дел на географскиот регион Македонија и е поделена меѓу државите Македонија (35%), Грција (45%) и Бугарија (20%). Во Македонија, оваа планина почива во близина на Струмица. Има напореднички правец на протегање исток - запад и должина од над 70 км. Спаѓа во групата најстари планини не само во Република Македонија, туку и на Балканскиот Полуостров. Настанала за време на создавањето на Родопските Планини. Подоцна е разорена а повторно е издигната за време на најмладото алпско набирање. Според морфолошката структура, планината е изразит хорст со мошне стрмни падини кои се спуштаат на северната и јужната страна.

Од соседните планини Беласица е одделена со долините на реката Вардар на запад, Струма на исток, Струмичката Котлина на север и Дојранската и Серската Котлина на југ. Според висичината, таа спаѓа во групата високи планини. Наjвисок врв е Радомир (Калабак) - 2.029 метри, наречен по царот Гаврил Радомир, син на царот Самуил. На врвот Тумба се наоѓа тромеѓата меѓу Македонија, Бугарија и Грција (поточно Вардарска, Пиринска и Егејска Македонија). Тука е поставен граничен камен во вид на пирамида, што ја означува тромеѓата помеѓу овие три држави. Беласица е богата со шуми и на неа се среќаваат дабот, буката, борот, елата, јасенот и др.

Но, таа е уште побогата со планински пасишта на кои во летниот период доаѓааат бројни стада на пасење. Само највисоките врвови на Беласица се голи и каменити. Во подножјето на Беласица извираат многубројни термални и минерални извори. Меѓу нив најпознат е изворот во с. Банско. Водата од овој извор е лековита, минерална и сулфурна со температура од 75 °С. Според температурата на водата овој извор е најтоплиот во Македонија. Исто така, Беласица е богата со рудни богатства, но сѐ уште ништо не се експлоатира. На падините на Беласица се наоѓа еден од најубавите водопади во Македонија - Смоларскиот Водопад.

Од 2001 година секоја година, во август, се организира меѓународен планинарски поход за искачување на врвот Тумба (Тромеѓа) под наслов „Балкан без граници“. Походот започнува од селото Смоларе, преку планинарскиот дом „Шарена чешма“, сè до тромеѓето.

Историја

Планината е позната како местото кајшто се одиграла значајната Беласичка битка (1014), кајшто се судрила војската на Самоиловото Царство со византиската војска на Василиј II.

Галерија

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Беласица ИсторијаБеласица ГалеријаБеласица ПоврзаноБеласица НаводиБеласица Надворешни врскиБеласицаБеласица (појаснување)

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Павле ТрајановСписок на градови во МакедонијаКапитализамСрцева слабостСписок на змии во МакедонијаТриаголникБитка во АрачиновоПавел ШатевОпштина ДебарГане ТодоровскиСадула ДуракуВтора светска војнаБисера Костадиновска-СтојчевскаДПАГраничен преминКавадарциВила ВодноМандолинаМакедонски парламентарни избори, 2006Втора влада на Зоран ЗаевТоше ПроескиЦрнила (драма)За наша МакедонијаТурцијаНикола ГруевскиБорис СарафовОпштина ЧашкаЛокални избори во Македонија (2000)ХрватскаМарко ЦепенковМетодија Андонов-ЧентоСреден векТрајко ВељаноскиПсоријазаБРИКСМијациЛевица (политика)ФлебитисШар ПланинаНационални паркови во МакедонијаМакедонски КонцептКрешник БектешиЉубомир ГајдовНовациМакедонски претседателски избори (1994)КирилицаМендух ТачиЛитванијаШармери од осмоРадовишУметностПетре М. АндреевскиМакедонски парламентарни избори, 2008Саво КлимовскиДемократска партија на Србите во МакедонијаБујар ОсманиАрмија на МакедонијаПалиградВлада на МакедонијаИзборни единици во МакедонијаКинески прстенПролетРамиз МеркоОслободителна Народна АрмијаПетар ГошевДенес над МакедонијаСвети Климент ОхридскиТрајно македонско радикално обединувањеПетар ПанВладимир ПутинАфионВлада на Никола КљусевСписок на реки во МакедонијаУстав на МакедонијаКанцониеротДарко КаевскиГордана ДувњакБожествена комедијаРис🡆 More