Горно Количани: село во Општина Студеничани

Горно Количани — село во Општина Студеничани, во областа Торбешија, во околината на градот Скопје.

Горно Количани
Горно Количани: Географија и местоположба, Историја, Население

Поглед на селото Горно Количани

Горно Количани во рамките на Македонија
Горно Количани: Географија и местоположба, Историја, Население
Горно Количани
Местоположба на Горно Количани во Македонија
Горно Количани на карта
Координати 41°52′49″N 21°28′20″E / 41.88028° СГШ; 21.47222° ИГД / 41.88028; 21.47222
Регион Горно Количани: Географија и местоположба, Историја, Население Скопски
Општина Горно Количани: Географија и местоположба, Историја, Население Студеничани
Област Торбешија
Население 248 жит.
(поп. 2021)

Пошт. бр. 1050
Повик. бр. 02
Шифра на КО 25052
Надм. вис. 620 м
Горно Количани на општинската карта
Горно Количани: Географија и местоположба, Историја, Население

Атарот на Горно Количани во рамките на општината
Горно Количани: Географија и местоположба, Историја, Население Горно Количани на Ризницата
Горно Количани: Географија и местоположба, Историја, Население
Спомен-куќа за соборот на скопските партизански одреди
Горно Количани: Географија и местоположба, Историја, Население
Поглед на селото со џамијата.

Географија и местоположба

Селото се наоѓа во областа Торбешија, во сливот на Маркова Река, на околу 1,5 км југозападно од Долно Количани и на 18 километри јужно од градот Скопје. Лежи во ридски предел, а атарот зафаќа површина од 6,8 км2.

Историја

Во XIX век, селото е дел од нахијата Каршијак во Скопската каза во Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов во 1900 г. Горно Куличани се состоело од 460 Арнаути муслимани.

На етничката карта од 1927 г. Леонард Шулце Јена го покажува Горно Количане (Grn.-Količane) како албанско село.

Население

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948825—    
1953872+5.7%
1961715−18.0%
1971808+13.0%
1981654−19.1%
ГодинаНас.±%
19910−100.0%
1994413—    
2002309−25.2%
2021248−19.7%

Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било муслиманско, со 35 муслимански домаќинствa. На овој попис биле забележани 140 мажи муслимани, со 4 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 288 жители.

Стефан Верковиќ во 1857 година го забележува со 229 жители.

Според статистиката на Васил К'нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Горно Количани живееле 460 жители, сите Албанци.

После Втората балканска војна, 1913 г. селото влегува во границите на Србија, како центар на истоимената општина и има 608 жители.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 800 Албанци.

Населението на Горно Количани речиси се удвоило во првите децении на XX век, но во наредните периодио постепено опаднало. Во следните неколку пописи делови од населението наизменично се изјаснувале како „Турци“ или „Албанци“. Почнувајќи од 1981 г. целото население почнало да се изјаснува како албанско.

Горно Количани е едно од селата во Општина Студеничани и воопшто во Скопскиот Регион, кое е населено исклучиво со муслимански Албанци, кое забележало значаен пораст на бројот на жители во однос на пописот од 1994 кога во селото живееле 413 жители.

Според пописот од 2002 година, селото имало население од 309 жители, од кои 306 Албанци, 1 Македонец и 2 други.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 248 жители, од кои 195 Албанци и 53 лица без податоци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 460 825 872 715 808 654 0 413 309 248

Културни и природни знаменитости

Стопанство

Горно Количани има полјоделско-шумарско стопанство. Според податок од 1998 г. селото располага со 327,6 ха обработливо земјиште, 174,3 ха пасишта и 458,2 ха шуми

Општествени установи

  • Селска џамија
  • Основно училиште

Иселеништво

Со истражувањето од 1950 г. е утврдено дела во селото Батинци живеат родовите Рушитоски (5 куќи) и Саитоски (2 куќи) доселени во 1946 г. од Дресница, а таму дошле од Горно Количани, каде припаѓале на родот Чајан.

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Горно Количани Географија и местоположбаГорно Количани ИсторијаГорно Количани НаселениеГорно Количани Културни и природни знаменитостиГорно Количани СтопанствоГорно Количани Општествени установиГорно Количани ИселеништвоГорно Количани ПоврзаноГорно Количани НаводиГорно Количани Надворешни врскиГорно КоличаниОпштина СтуденичаниСкопјеТорбешија

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Брод (пловило)Даунов синдромРамазанИзборни единици во МакедонијаТешкотоСлаткаристикаЖивко МукаетовДаут-пашин амамГорјан ПетревскиСтале ПоповЗаменки во македонскиот јазикГихтГлаголицаЛабуништаДемир ХисарСтара ГрцијаМочуриштеНационален парк МавровоОпштина Чучер-СандевоЛокални избори во Македонија (2009)Збогум Румелија (ТВ-серија)Филиз АхметЧинови на Армијата на МакедонијаПертусисГравитацијаОпштина ПробиштипПингвинЗборник на МиладиновциФудбалска репрезентација на КолумбијаБледски договор (1947)ЛибијаОтоманско ЦарствоБроеви во македонскиот јазикПолицијаЦрква „Св. Климент Охридски“ - СкопјеИзборна единица 1АртрозаТаџикистанАнтичка МакедонијаАвстријаПоезијаКристијано РоналдоДрогаБлаговештениеСреден векХипотироидизамМакедонска граматикаБалкански ПолуостровИлузијаГодинаИфтарПочваФудбалКокино (наоѓалиште)ЧовекХрватски месециГоран БреговиќНародна Република КинаБогородичната црква во ПаризЛозје (книга)Рак на грло на маткаЛист (ботаника)АртритисПридавки во македонскиот јазикГрб на МакедонијаИзборна единица 4Јордан Хаџи Константинов-ЏинотНезависносложени реченици во македонскиот јазикГолемата вода (роман)ПротестантиФашизамЗлосторство и казнаЧовечко телоСписок на птици во МакедонијаМакедонска азбукаГлаголски прирокОпштина Ново СелоМакедонци🡆 More