Голем Корморан

Големиот корморан (Phalacrocorax carbo) — мошне застапен член на семејството корморани.

Голем корморан
Голем Корморан
Phalacrocorax carbo
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Птици
Ред: Пеликановидни
Семејство: Корморани
Род: Phalacrocorax
Вид: Голем корморан
Научен назив
Phalacrocorax carbo
(Linnaeus, 1758)

Живее ширум Стариот Свет и атлантскиот брег на Северна Америка. Во Македонија е познат под народното име гаро.

Опис

Голем Корморан 
Албино во Грција.

Големиот корморан е голема црна птица, и зависно од варијацијата на видот, има различни големини. Тежи од 1,5 до 5.3 кг, најчесто од 2.6 до 3.7 кг. Долги се од 70 до 102 см, со распон на крилја од 121 до 160 см. Има прилично долг опаш и има жолт белег околу клунот. Возрасните корморани имаат бели дамки над колената за време на сезоната за парење.

Големите корморани се најчесто тивки, но прават различни гутурални звуци во своите колонии за парење.

Видови

Многу ретка варијанта на големиот корморант е предизвикан од албинизам. Phalacrocorax carbo албиното страда од губење на вид и/или слух, и многу ретко успева да преживее во дивината.

Распространетост

Големиот корморан е многу чест и широко раширен вид птица. Го има во Европа, Азија и Африка и на брегот на Атлантскиот Океан. Се храни над морето, во утоки и слатководни езера и реки. Птиците од север се селат на југ и зимуваат на било кој брег кој е добро снабден со риби.

Поведение

Големиот корморан, најчесто се гнезди на бреговите, се населува на карпи или дрва, но и поголем дел од животот е на копно. Тие снесуваат по 3–4 јајца во гнездо од алги или гранчиња.

Големиот корморан, иако може да се нурне во големи длабочини, тој најчесто се храни во плитки води. Својот плен често го доведува во плитката вода. Има слики од коморани, како јадат повеќе видови риби: често се забележани како јадат јагули, но за да се залаже јагулата и намести во позиција за голтање треба многу време.

Односи со луѓето

Многу риболовци го сметаат големиот коморан за конкурент во риболовот. Поради ова, го ловеа скоро до истребување во минатото. Благодарение на напорите за зачувување, бројот на коморани е зголемен. Сега има 1.2 милиони птици во Европа (за разлика од бројот во зима; бројот во доцното лето е поголем). Зголемувајќи ја популацијата на комораните, повторно се појави конфликтот со риболовците.

Риболовот со корморани се практикува најмногу во Кина и Јапонија, но и насекаде во светот. Риболовците ги врзуваат комораните со врвка околу грлото, доволно стегната да не ги голтнат рибите и да ги префрлат на мали бродови. Кормораните ловат риби без да можат да ги голтнат, а рибарите можат да ги извадат рибите така што со сила ќе им ја отворат устата.

Во Норвешка корморанот е традиционална птица за игри. Во северна Норвешка, пак, кормораните се традиционално полусвети суштества. Се смета за добра среќа ако корморани се соберат близу селото или населбата. Една стара легенда вели дека луѓето кои умреле далеку, на средина на морињата и нивните тела не се пронајдени, ја поминуваат вечноста на островот Utrøst. Жителите на Utrøst може да ги посетат своите домови само во форма на корморани.

Секоја година околу 10,000 корморни се убиваат за јадење.

Галерија

Наводи

Дополнителна литература

  • Sibley, C. G., & Monroe, B. L. (1990). Distribution and taxonomy of birds of the world. New Haven CT: Yale University Press.
  • Ian Sinclair, Phil Hockey and Warwick Tarboton, SASOL Birds of Southern Africa (Struik 2002) ISBN 1-86872-721-1
    Separation of carbo and sinensis
  • Newson, Stuart, Graham Ekins, Baz Hughes, Ian Russell and Robin Sellers (2005) Separation of North Atlantic and Continental Cormorants Birding World 18(3):107–111
  • Millington, Richard (2005) Identification of North Atlantic and Continental Cormorants Birding World 18(3):112–123

Надворешни врски

Tags:

Голем Корморан ОписГолем Корморан ВидовиГолем Корморан РаспространетостГолем Корморан ПоведениеГолем Корморан Односи со луѓетоГолем Корморан ГалеријаГолем Корморан НаводиГолем Корморан Дополнителна литератураГолем Корморан Надворешни врскиГолем КорморанАтлантски ОкеанКормораниМакедонијаСеверна АмерикаСтар Свет

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Масовни медиумиОперативен системНародна Република КинаСобрание на МакедонијаГолеми и мали (роман)СифилисЗанаетВластФилип II МакедонскиНародноослободителна борба во Вардарска МакедонијаТумор на мозокШизофренијаЃорче ПетровСписок на политички партии во МакедонијаАлегоријаКирил ПејчиновиќАнксиозностЦрква „Св. Климент и Пантелејмон“ - ОхридМајка ТерезаStreptococcus pyogenesГликемијаДрогаОрхидеиКамено времеРак на белите дробовиОпштина Гази БабаКафеава мечкаСтопанска банка АД СкопјеАлшарСписок на македонски писателиЦрни и жолтиКамен мост (Скопје)ЕлениКрал МаркоЈоаким КрчовскиСлепо цревоГраматички категории на именките во македонскиот јазикДоматValveОслободување на Македонија во Втората светска војнаГорјан ПетревскиКлаксвикПодземни водиОдбојкаБања БанскоСветско првенство во ракомет за мажи 2023МухамедСписок на хемиски елементи‘Рбетен столбПроизвод (математика)Список на држави по населениеКеопсова пирамидаПлатонАнгелот на Света СофијаАлиса во земјата на чудатаИсландАзијаЛанец на исхранаСкржавецот (драма од Плаут)Предлози во македонскиот јазикХипотироидизамФинскаСмрт во ВенецијаБелградГевгелијаБела мечкаКошаркаМакедонија во Втората светска војнаМакедонска граматикаДимитар ВлаховРоднински односиНаша ераВетарХарфаПрирокЧичко ГориоВасил ИљоскиФагот🡆 More