Второ Послание До Коринтјаните: книга од Новиот завет

Второ послание до Коринтјаните (2 Коринтјаните) — послание (писмо) од Новиот завет припишано на Апостол Павле и соавторот Тимотеј, а упатено кон црквата во Коринт и христијаните во околната провинција Ахаја во денешна Грција.

Содржина

Апостолот Павле и неговиот соработник Тимотеј им се обраќаат на верниците од Коринт при што тој најпрвин го изразува своето жалење поради тоа што, наспроти намерите и дадените ветувања, не успеал да ги посети. Исто така, тој ја искажува својата благодарност до Бога кој му дал утеха по големите страдања и маки што ги претрпел за време на ширењето на христијанството во Азија, каде му бил загрозен животот. Потоа, тој кажува дека, за разлика од Израилот кој го почитува Стариот завет, тие му служат на Новиот завет, а таа служба доаѓа од Духот божји. Поради тоа, тој го проповеда Евангелието, изложувајќи се на маки и страдања, водејќи се од надежта за вечен небесен живот. Во продолжение, апостолот ги повикува верниците од Коринт да дадат милостиња за сиромашните. Потоа, тој ги наведува своите заслуги за ширењето на христијанството и бројниет страдања кои ги претрпел за време на својата дејност. Посланието завршува со порака до верниците да останат цврсти во верата и да бегаат од гревовите.

Автентичност и толкување

Библиолозите не се сомневаат дека автор на посланието е самиот Павле, но спорат за тоа дали изворно претставувало едно писмо, или е состав од повеќе Павлови писма.:8

Иако Новиот завет содржи само две писма до коринтската црква, од нив се гледа дека Павле напишал барем четири, а дека црквата одговорила барем еднаш:

  1. 1 Коринтјаните 5,9 („Ви пишав во писмото свое – да не се мешате со луѓе што блудствуваат“) се однесува на претходно писмо, понекогаш наречено „предупредувачко писмо“ или „претходното писмо“
  2. 1 Коринтјаните
  3. Павле споменува претходно „плачно писмо“ во 2 Коринтјаните 2,3–4 and 7,8. 1 Коринтјаните не одговара на описот, што значи дека тоа тоа писмо може да е напишано во времето помеѓу 1 Коринтјаните и 2 Коринтјаните.
  4. 2 Коринтјаните

Во 1 Коринтјаните 7,1 се вели дека во тоа писмо Павле одговара на извесни прашања за кои му се обратила црквата.

Наглата промена на Павловиот тон од благ во жестоко прекорен во 2 Коринтјаните 10–13 дава повод за претпоставки дека поглавјата 10–13 сочинуваат дел од т.н. „плачно писмо“ кои подоцна некако се нашле во главното писмо на Павле. Оние кои не се согласуваат со ваквото наоѓање обично велат дека „плачното писмо“ едноставно е изгубено. Други пак, велат дека иако плачното писмо повеќе не постои, поглавјата 10–13 се преземени од подоцнежно писмо.

Некои ја толкуваат наглата промена на темата во поглавјата 8–9 како показател дека тие првобитно претставувале посебно писмо, а други дури ги сметаат за две одделни писма. Разни други библиолози кои го оспоруваат ваквото гледиште.

Извесни стручњаци гледаат делчиња од „предупредувачкото писмо“, или од други писма, во поглавијата 1–9, како на пр. дека еден дел од „предупредувачкото писмо“ е запазен во 2 Кор 6,14–7,1, но овие хипотези имаат помала поддршка.

Теми

Второ Послание До Коринтјаните: Содржина, Автентичност и толкување, Теми 
Првата страница на 2 Коринтјаните. Латинска библија од 1486 г. (Бодлиева библиотека).

Книгата може да се подели на следниве тематски целини:

  • 1,1–11 — Поздрав
  • 1,12 – 7,16 — Павле ги одбранува своите постапки и своето апостолство, нагласувајќи дека Коринтјаните му се драги.
  • 8,1 – 9,15 — Опомена за собирањето милостина за сиромашните христијани во Ерусалим.
  • 10,1 – 13,10 — Полемичка одбрана на своето апостолство
  • 13,11–13 — Проштален поздрав

Историја

Павловиот контакт со коринтската црква може да се претстави вака:

  1. За првпат го посетува Коринт, задржувајќи се 18 месеци (Дела 18,11). Потоа заминува и проведува околу 3 години во Ефес (Дела 19,8, 19,10, 20,31). (приближно од 53 до 57 г.).
  2. Во првата година од престојот во Ефес го пишува „предупредувачко писмо“ (1 Коринтјаните 5,9).
  3. Во втората година од престојот во ефес го пишува посланието 1 Коринтјаните.
  4. По вторпат ја посетува коринтската црква, како што се најавува во 1 Коринтјаните 16,6. Веројатно во последната година во Ефес. Во 2 Коринтјаните 2,1 вели дека доаѓа (во Коринт) „со жалост“.
  5. Го пишува т.н. „плачно писмо“.
  6. Го пишува посланието 2 Коринтјаните, велејќи дека сака по третпат да ја посети коринтската црква (2 Кор 12,14, 2 Кор 13,1). Во писмото не кажува од каде пишува, но се смета дека пишувал од Македонија (Дела 20), поточно од Филипи или од Солун.
  7. Прави трета посета на Коринт откако го пишува посланието 2 Коринтјаните, бидејќи од Дела 20,2–3 може да се заклучи дека провел 3 месеци во Грција. Во писмото до Римјаните, напишано во ова време, на Римјаните им испраќа поздрави од најважните црковни личности каде што престојува.

Содржина

Во второто писмо (послание) до Коринтјаните, Павле повторно се нарекува апостол на Исус Христос по Божја волја и ги уверува верниците во Коринт дека нема да добијат жалосна посета, и дека она што им го вели не е со намера да ги ожалости туку да им ја соопшти неговата љубов кон нив. Ова послание е пократко од првото и може да делува збунувачки ако читателот не е запознаен со општествените, верски и стопански прилики во таа заедница. Павле сметал дека тамошната состојба е усложнета и се почувствувал нападнат.

Некои во Коринт не го признавале за апостол, па затоа Павле ја зпоредува таа заедница како тежок случај во однос на другите места каде го прифатиле со отворени раце, како што биле Галатјаните. Добива критики за начинот на зборување и пишување, и смета дека е оправдано да се одбрани со најважните поуки од неговото учење. Вели дека е важно да им се простува на другите, дека новата господова спогодба е направена со Духот на живиот Бог (2 Кор 3,3), важноста да се биде Христов човек и да се дарува милосрдие за верниците во Ерусалим. На крајот завршува зборувајќи за сопственото искуство, како Бог му дал поинаков живот (Sandmel, 1979).

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

6:11–7:16, 8–9, 10–13

Tags:

Второ Послание До Коринтјаните СодржинаВторо Послание До Коринтјаните Автентичност и толкувањеВторо Послание До Коринтјаните ТемиВторо Послание До Коринтјаните ИсторијаВторо Послание До Коринтјаните СодржинаВторо Послание До Коринтјаните ПоврзаноВторо Послание До Коринтјаните НаводиВторо Послание До Коринтјаните Надворешни врскиВторо Послание До КоринтјанитеАпостол ПавлеАхаја (римска провинција)ГрцијаКоринтНов заветПавлови посланијаТимотеј Ефески

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Локални избори во Македонија (2017)Биполарно растројствоПрекршување (физика)Социјалдемократски сојуз на МакедонијаАбортусВтора влада на Бранко ЦрвенковскиАмерикаВнатрешна македонска револуционерна организација - Демократска партија за македонско национално единствоИзборна единица 2Грегоријански календарМалиот принцОпштина КумановоМакедонски претседателски избори (1999)Рак на грлоТромбоцитопенијаВитамин Б6Македонски претседателски избори (2004)О писменехАртрозаЛимфен јазолДијалектКире КостадиновскиБубрежна инфекцијаМиом на маткаОпштина ПласницаРадовишПресметување на датумот на ВелигденГаличникАтентат врз Киро ГлигоровАнтибиотик со широк спектар на дејствоСпектрална бојаЦистична фиброзаМакедонски јазикХоландијаДекарАлжирТрајко ВељаноскиСкратеници во македонскиот јазикВилијам ШекспирМетодија Андонов-ЧентоРак на грло на маткаСлепо цревоХороскопски знациСолунски атентатиИнтернетТуберкулозаОпштина СтругаСписок на државни знамињаФилипиниЛеќаНикола КаревТодор АлександровПредмет (граматика)КсенофобијаОпштина Старо НагоричанеНационални паркови во МакедонијаИзборна единица 4ТЕЦ „Неготино“ИндијаВенециско биенале за архитектураЃорге ИвановАзијаБлаже КонескиОпштина Маврово и РостушеДемократски сојузОбласти во КазахстанБалканска приказна (ТВ-серија)Киро ГлигоровЕритематозни дерматозиTrackBackЖолчкаРимско ЦарствоМинистерство за внатрешни работи на МакедонијаКрал МаркоСписок на држави по населениеКарлес ПуџдемонСпоменик „Илинден“Фјодор Михајлович Достоевски🡆 More