Бурилчево: село во Општина Чешиново-Облешево

Бурилчево (или Борилчево) — село во Општина Чешиново-Облешево, во околината на градот Кочани.

Бурилчево
Бурилчево во рамките на Македонија
Бурилчево: Географија и местоположба, Историја, Стопанство
Бурилчево
Местоположба на Бурилчево во Македонија
Бурилчево на карта
Координати 41°50′33″N 22°17′45″E / 41.84250° СГШ; 22.29583° ИГД / 41.84250; 22.29583
Општина Грб на Општина Чешиново-Облешево Чешиново-Облешево
Население 108 жит.
(поп. 2021)

Шифра на КО 13004
Надм. вис. 460 м
Бурилчево на општинската карта
Бурилчево: Географија и местоположба, Историја, Стопанство

Атарот на Бурилчево во рамките на општината
Бурилчево: Географија и местоположба, Историја, Стопанство Бурилчево на Ризницата

Географија и местоположба

Селото се наоѓа во Кочанското Поле, западно од градот Кочани.

Историја

Во атарот на селото Бурилчево, во наоѓалиштето Пилаво е откриена населба од бакарно време (од 3 500 до 2 000 години п.н.е.).

На крајот на XIX век селото било дел од Кочанската каза на Отоманското Царство.

Стопанство

Главна стопанска гранка во селото е земјоделството.

Население

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948178—    
1953196+10.1%
1961240+22.4%
1971251+4.6%
1981218−13.1%
ГодинаНас.±%
1991192−11.9%
1994163−15.1%
2002173+6.1%
2021108−37.6%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Бурилчево живееле 100 жители, од кои 65 Македонци и 35 Роми. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Бурилчево имало 96 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Македонци.

Според пописот од 2002 година, селото имало население од 173 жители, сите Македонци.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 108 жители, од кои 97 Македонци и 11 лица без податоци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 100 314 178 196 240 251 218 192 163 173 108

Родови

Бурилчево е македонско село.

Според истражувањата од 1960 година, родови во селото се:

  • Ѓоревци (7 к.) староседелци. Они се единствениот староседелски род во селото, кои го преживеале пустешот на селото кој се задесил во XVIII век. Го знаат следното родословие: Мите (жив на 90 г. во 1960 година) Ставро-Коцо-Дино-Банде Пешко, основачот на родот.
  • Шарковци (5 к.) потекнуваат од домазет доселен од селото Чешиново. Овде живеат од почетокот на XIX век.
  • Куртовци (2 к.) доселени се од селото Мородвис. Некој нивен предок се оженил со некоја Ромка, исто така од Мородвис.
  • Каменарци (5 к.) доселени се од селото Кучичино. А таму се доселиле од селото Лесново кај Пробиштип.
  • Тенови (5 к.) доселени се од селото Крупиште кај Штип.
  • Црцорци (3 к.) доселени се од селото Уларци, помеѓу Кочани и Штип.

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 880 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на ресторанто на задругата.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 105 гласачи.

Културни и природни знаменитости

    Цркви
    Археолошки наоѓалишта

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Бурилчево Географија и местоположбаБурилчево ИсторијаБурилчево СтопанствоБурилчево НаселениеБурилчево Самоуправа и политикаБурилчево Културни и природни знаменитостиБурилчево ПоврзаноБурилчево НаводиБурилчево Надворешни врскиБурилчевоКочаниОпштина Чешиново-Облешево

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Општина БутелБескрајна приказнаАнемијаБорислав КрмовОпштина АеродромМакедонски претседателски избори, 1999Цистична фиброзаВнатрешна македонска револуционерна организација (Автономистичка)Ѓорге ИвановМесечинаТурцијаДанела АрсовскаИзбори во МакедонијаБогородицаОпштина КарпошМозочен ударИсус ХристосФатмир БесимиМакпетролИсторија на Македонија (1991 - денес)Арбен ЏафериМасакр кај ВејцеИнтеграМиле ЈаневскиСедум (филм)Човечко телоНастинкаОпштина ПласницаКрушевски манифестШтитна жлездаОпштина ТетовоKлиндамицинИзборна единица 7Роднински односиЕкосистемЕвропаТабла (игра)Дојранско ЕзероМалтаЉупчо ГеоргиевскиОпштина ЖелиноТранслитерација на македонското писмоПанкреасИзборна единица 4Влада на Македонија од 1992Глас од МакедонијаСлезинаИзраелФјодор Михајлович ДостоевскиКомунизамМакедонски парламентарни избори (2014)СтобиДаунов синдромКалеш АнѓаРамазанВодолија (хороскопски знак)Никола ПопоскиШар ПланинаНикола Димитров (дипломат)ДеменцијаМитко ЧавковОпштина ЧаирОпштина КумановоПавел ШатевЖичени инструментиСкопски земјотрес (1963)Вили БрантСписок на градови во ГерманијаМртво МореЦирозаЛазар КолишевскиХороскопски знациШеријатУпад во Собранието на Македонија (2017)МаркетингМакедонски претседателски избори (1999)Велики четвртокОливер СпасовскиСписок на архаични зборови во македонскиот јазик🡆 More