Антонов Ан-225

Ан-225 Мрија (украински: Ан-225 Мрія, НАТО назив: Козак) е стратешко транспортно летало кое било конструирано од Антонов, и претставува најголем досега конструиран авион, според најприфатливата и најприфатената мерка , максимална вкупна тежина при полетување.

Дизајнот, наменет за транспорт на вселенскиот орбитер Буран, претставува зголемена верзија на Ан-124 Руслан. Мрија (Мрія) значи „сон“ (мечта, инспирација) на украински.

Ан-225 Мрија
Антонов Ан-225
Антонов-225 на Минхенскиот аеродром
Тип Стратешки транспортер
Производител Антонов
Прв лет 21 декември 1988
Статус Во употреба
Главни корисници Антонов Ерлајнс (1)
Произведени 1 (и втор делумно конструиран)
Разработил Антонов Ан-124

Со максимална вкупна тежина од 640 тони, Ан-225 е најтешкото и најголемото летало во светот. Хјуз H-4 Херкулес, попознат како „Смречна гуска“ (Spruce Goose), имал поголем распон на крилата и поголема просечна височина, но е значително покус, а и полесен поради тоа што бил конструиран од полесни материјали. Покрај тоа, Херкулес летал само еднаш, и не многу високо, со што Ан-225 е најголемото летало во светот кое полетало повеќепати. Ан-225 е исто така поголем отколку патничкиот авион Ербас А380, и значително поголем отколку Антонов Ан-124, 747-400ЕРФ, Ц-5 Галакси, најблиските еквивалентни тешки товарни авиони.

Во ноември 2004, FAI го сместила Ан-225 во Гинисовата Книга на Рекорди поради своите 240 рекорди.

Развој

Антонов Ан-225 
Буран на грбот на Ан-225
Антонов Ан-225 
Ан-225 и Буран на Ле Бурже во 1989

Ан-225 бил дизајниран за Советската вселенска програма како замена за Мјасишчев ВМ-Т. Способен да ги подигне деловите на ракетата Енергиа и шатлот Буран, неговата мисија и цели биле скоро идентични на оние на Ербас Белуга и американскиот авион носач на шатл.

Ан-225 е продолжение на неговиот претходник Ан-124. За да се справи со потребите на неговата нова улога, биле додадени додатоци во вид на буре на трупот погоре и подолу од крилата, кои исто така биле продолжени во внатрешноста на трупот. Уште два Лотарев Д-18 мотори биле додадени на новите основи на крилата, со што авионот имал шест, и бил дизајниран систем на опрема за слетување со зголемен капацитет со 32 тркала. Задната товарна врата и рампа на Ан-124 биле отстранети за да се заштеди на тежина, и опашката била променета од единечен вертикален стабилизатор во двојна опашка со прекумерен хоризонтален стабилизатор. Двојната опашка станала потребна со оглед на тоа што било потребно да се пренесуваат многу големи и тешки надворешни товари, кои би ја нарушиле аеродинамиката на нормална опашка. За разлика од Ан-124, Ан-225 не бил наменет за тактичко пренесување на товар.

Ан-225 летал за првпат на 21 декември 1988. Биле нарачани две летала, но само еден Ан-225 (број на опашка UR-82060) е моментално во употреба. Авионот е комерцијално достапен за употреба при пренесување на ултра-тежок и прекумерен товар, до 250.000 кг внатрешно или 200.000 кг на горниот дел од трупот. Товарот на горниот дел од трупот може да достигне должина до 70 m. Втор Ан-225 бил делумно конструиран за време на доцните 1980-ти за употреба од страна на Советската вселенска програма. По распадот на Советскиот Сојуз во 1990 и откажувањето на вселенската програма Буран, единствениот Ан-225 бил затворен во хангар. Шесте мотори од марката „Лотарев“ биле отстранети за употреба на авиони Ан-124, и рамката на вториот Ан-225 (блиску до комплетирање, без мотори) била исто така расклопена.

Извори

Антонов Ан-225 
Споредба на големината помеѓу четири од најголемите летала

Надворешни врски

Поврзана содржина

Секвенца на ознаки

  • Ан-180 - Ан-204 - Ан-218 - Ан-225 - Ан-400

Поврзано

  • Антонов Ан-124

Слични летала

  • Ц-5 Галакси
  • Конвер ИКСЦ-99
  • Ербас А380F
  • Ербас Белуга
  • Голем товарен превозник „Боинг 747“
  • Мјасишчев ВМ-Т
  • Шатлоносач „Боинг 747“

Поврзани списоци

  • Список на транспортни летала
  • Список на цивилни летала на Советскиот Сојуз и ЗНД
  • Список на воени летала на Советскиот Сојуз и ЗНД
  • Список на големи летала

Поврзано

Tags:

Антонов Ан-225 РазвојАнтонов Ан-225 ИзвориАнтонов Ан-225 Надворешни врскиАнтонов Ан-225 Поврзана содржинаАнтонов Ан-225 ПоврзаноАнтонов Ан-225ЛеталоНАТОУкраински јазик

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

ХемороидЈордан МијалковСоветски СојузСоцијалистичка Федеративна Република ЈугославијаМеѓународен ден на трудотАвтоимуна болестМетафораЗагрозен видХрватскаЛеукемијаУнгаријаИзборна единица 7Општина АеродромЈордан Хаџи Константинов-ЏинотМасакр кај ВејцеБроеви во македонскиот јазикБиблијаАртрозаФосилНадбубрежна жлездаИгор КостескиЕден на еденМакедонски парламентарни избори (2014)Исус ХристосМакедонски АлбанциМакедонциАлшарДУИАлберт АјнштајнРисто КрлеСоцијалдемократијаРак на белите дробовиКсенофобијаГлаголРимско ЦарствоДржавна изборна комисијаОпштина КрушевоАнтифашистичко собрание на народното ослободување на МакедонијаПростатаРак на дојкаСвети Климент ОхридскиМиом на маткаСистемски лупус еритематозусМакедонски БродМијациМакедонски претседателски избори (2024)АлжирБогородицаМинистерство за внатрешни работи на МакедонијаДемократска обнова на МакедонијаКирил ПејчиновиќПарите се отепувачкаСобрание на МакедонијаИнфективна мононуклеозаЛешокРепублика МакедонијаАкутен панкреатитИзборна единица 6Пајак (пејач)Сулфур диоксидСтаромакедонски јазикИлеусКисел дождЦирозаМакедонија (регион)Архиепископ Охридски и Македонски г.г. СтефанМарјан БожиновскиДимитар АпасиевПитагорова теоремаМултипла склерозаБигорски манастирФранческо ПетраркаУкраинаСДСМ🡆 More