Андреја Бочели: италијански пејач

Андреја Бочели (италијански: Andrea Bocelli; роден на 22 септември 1958 во Лајатико, Тоскана, Италија) — италијански пејач, писател и музички продуцент.

Андреја Бочели
ОЗИР ОЗСДМ
Андреја Бочели: Рани години, Национално докажување, Меѓународно докажување
Бочели на концерт во 2006 година
Животописни податоци
Роден(а)22 септември 1958(1958-09-22)(65 г.)
Лајатико, Италија
Жанрови
  • Кросовер музика
Занимања
  • Singer-songwriter
  • record producer
Инструментивокалист, пијано, флејта
Период на активност1992–денес
Издавачи
  • Universal
  • Philips
  • PolyGram
  • Decca
  • Verve
  • Sugar
Соработници
Мреж. местоandreabocelli.com

Како оперски тенор, има издадено четри комплетни опери (La Boheme, Il Trovatore, Werther и Tosca) и петнаесет други албуми, во класичен или популарен стил. Има два сина Амос (роден 1995) и Матео (роден 1997). Се има разведено од својата единствена жена, Енрика.

Рани години

Бочели е роден со глаукома, и бил ослепен на возраст од 12 години, поради мозочно крварење, кое го добил како последица од удар на главата играјќи фудбал. Никогаш не зборува за својот инвалидитет.

Како дете Бочели свирел на црковни оргули, и на возраст од 12 ја добил наградата „Margherita d'Oro in Viareggio“ со песната „O sole mio“. Тоа било негова прва награда освоена на некое натпреварување. По едногодишно работење како адвокат (дипломирал како Доктор на Право на Универзитетот во Пиза), земал часови по пеење од Лучано Ветарини, и со тоа окупирајќи се со музиката во целост. Никогаш не го прекинал надградувањето и тренирањето на својот глас, посетувајќи разни настави.

Национално докажување

Италијанската рок ѕвезда Ѕукеро Форначари, барајќи тенори, го примил на аудиција Бочели во 1992. Откако ја слушнал касетата, познатиот тенор Лучано Павароти, започнал да го убедува Ѕукеро да го искористи како тенор Бочели наместо него. Во 1994 ја извел победувачката „Il mare calmo della sera“ на фестивалот во Санремо, и како последица на тоа го постигнал својот прв Златен Диск. Истата година дебитирал како Мекдаф во вердиевата „Макбет“, пеејќи во чест на Павароти на корцерт во Модена, и пред папата за Божиќ.

Во 1995 на фестивалот во Санремо, Бочели го освоил четвртото место пеејќи ја „Con Te Partirò“.

Меѓународно докажување

Во 1996 година во Германија заедно со сопранот Сара Брајтман ја испеел англиската верзија на „Con Te Partirò“, насловена како „Time to Say Goodbye“, кршејќи ги рекордите за продажба и останувајќи на германската топ 10 листа скоро шест месеци. Во наредните години Бочели настапувал во Париз, Болоња, Торе де Лаго и Ватикан, и издавал албуми. Во 1998 влегол на американскиот пазар со концерт во Вашинтон во центарот за изведување уметности „Кенеди“ и во Белата Куќа. Истата година, заедно со наредната, Бочели започнал турнеи низ Северна и Јужна Америка и дуети со Селин Дион. Албумите на Бочели биле на врвот на американските класични албуми. Во 2002 година, Бочели ја повторил американската турнеја, освојувајќи притоа две Светски музички награди.

Добротворни и други дела

Бочели исто така има настапувано и за многу добротворни настани и околности, како што се: концертот во октомври 2001 година, посветен на жртвите од Терористичките напади во Њујорк, неколкупати на настаните „Павароти и пријателите за деца„; учество на цд-то на Шерон Осборн како проект за цунамито; и настапи во големи телевизиски концерти во Италија (март 2005) насловени како „Музика за Азија“. Бочели се има посветено и на други дела, а не само на музиката, па така учествувал во неколку пишани дела, меѓу кои и кратко дело за пријателство во соработка со Дорис Плат, како и предговор за една италијанска книга за спотедлена грижа. Исто така има издадено автобиографија именувана „Музика на тишината“ во 2001.

Дискографија

Наводи

Tags:

Андреја Бочели Рани годиниАндреја Бочели Национално докажувањеАндреја Бочели Меѓународно докажувањеАндреја Бочели Добротворни и други делаАндреја Бочели ДискографијаАндреја Бочели НаводиАндреја Бочели195822 септемвриИталијаИталијански јазикМузички продуцентПејачПисателТоскана

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Џо БајденБРИКСПрва светска војнаЕгипетНезависен политичарПсоријазаЕгејска МакедонијаБели мугриЛихтенштајнГликемијаТриаголникСтар векЗоран ЗаевСрцев ударДржавни празници во БугаријаСписок на држави во светотЉубиша ГеоргиевскиБосна и ХерцеговинаСписок на државни знамињаБелковинаОче нашStaphylococcus aureusЛарингитисДијаспораБели крвни зрнцаНовак ЃоковиќДемократска обнова на МакедонијаЗијадин СелаПиринска МакедонијаДеловна етикаУкраинаЦрква „Св. Јован Канео“ - ОхридМарокоИлузијаБлаговештениеДен на планетата ЗемјаФотосинтезаЛауреусГаличникВладо БучковскиАнета МицевскаКамен мост (Скопје)Лудвиг ван БетовенКрсте Петков МисирковБактерииТемјанПрва влада на Зоран ЗаевРеферендум во Македонија (2018)Народноослободителна борба во Вардарска МакедонијаБалкански војниАјфелова кулаИзборна единица 4Македонски АлбанциЕмпатијаЕдиница за брзо распоредувањеХектарЈордан Хаџи Константинов-ЏинотНеготиноЛимфомИван ХуљиќМакедонски парламентарни избори, 1998СтрумицаЈордан КамчевСтрофаГраблива птицаЕлјеса КасоРоднински односиБорислав КрмовПавел ШатевСрцева слабостМакедонски парламентарни избори (2006)Стефан БогоевМинистерство за животна средина и просторно планирањеРоми обединети од МакедонијаАлергиски дерматозиМоликаСписок на езера во МакедонијаСтојне Николова🡆 More