Шарлот Ремплинг

Теса Шарлот Ремплинг, ОБЕ (родена на 5 февруари 1946 г.) — англиска филмска и телевизиска глумица, позната по својата работа на филмови на англиски, француски и италијански јазик.

Шарлот Ремплинг
ОБЕ
Шарлот Ремплинг
Ремплинг на премиерата на 45 години
Роден(а)Теса Шарлот Ремплинг
5 февруари 1946(1946-02-05)(78 г.)
Стермер, Есекс, Англија
ЖивеалиштеПариз, Франција
Занимање
  • глумица
  • модел
Активен период1963–сè уште
СопружникБрајан Сауткомб (1972–1976)
Жан Мишел Жар (1978–1998)
ПартнерЖан-Ноел Таси
(1998–2015; до неговата смрт)
Деца3
РодниниГодфри Ремплинг (татко)

Таа ја добила улогата на Мередит во филмот Девојката Џорџи (1966), во кој глумела Лин Редгрејв. Таа набрзо запонала да глуми во француски и италијански филмови, најзабележително во тој период во Самрак на богови (1969) на Лукино Висконти и Ноќен портир (1974) на Лилиана Кавани. Таа потоа глумела во Зардоз (1974), Збогум, моја драга (1975), Сеќавања за ѕвездената прашина (1980) на Вуди Ален, наспроти Пол Њуман во Пресуда (1982), Ангелско срце (1987) и во Крилата на гулабот (1997). Во 2002 година таа објавила албум со записи во стил на кабаре, насловен Како жена.

Во 2000. години таа станала муза на режисерот Франсуа Озон, појавувајќи се во неговите филмови Под песокот (2000), Базен (2003) и Ангел (2007). На телевизија, таа е позната по улогата како Евелин Вогел во Декстер (2013). Во 2012 година, таа била номинирана за Еми награда и за наградата на здружението на филмски глумци за изведбата во мини серијата Немирни. Во 2017 година, таа била номинирана за Златен глобус за најдобра глумица за мини серијата Лондонски шпион. За изведбата во филмот 45 години (2015), таа била номинирана за Оскар за најдобра глумица.

Четири пати номинирана за наградата Сезар, Ремплинг во 2001 година ја добила почесната награда Сезар за исклучителни филмски достигнувања, како и францускиот орден Легија на честа во 2002 година. Таа била назначена за Офицер на Редот на Британската Империја во 2000 година за нејзините заслуги кон уметноста. Во 2015 година, таа објавила автобиографија на француски јазик, насловена Која сум јас.

Наводи

Надворешни врски


Tags:

Ред на Британската Империја

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

ЕтанолРак (болест)Игор ЏамбазовШпанијаТурцијаСписок на повикувачки броеви на земјитеОлимписки боговиПет струмички студентиТрстИлеусМакедонски БродБлагоја ПетровКалеш АнѓаКуниМултипла склерозаЦар СамоилМенингитисОвен (хороскопски знак)Силвија СтојановскаКромидОпштина ГостиварНишОпштина Демир ХисарМечкин КаменКалиопиЛионел МесиВејцеБременостХипофизаСител-телевизијаОсоговски манастирДебело цревоВојо СтојановскиТиквешко ЕзероГлуварчеАнтичка МакедонијаТракијаАлшарРенесансаИсчашувањеПретседател на МакедонијаГлаголска придавкаЗлатна петорка (филм)Втора светска војнаЈелена РозгаЕгипетски пирамидиОпштина Маврово и РостушеСвети НиколеШтипОмораниПетре М. АндреевскиЦрква „Св. Спас“ - СкопјеАвантурите на Хаклбери ФинДен на сесловенските просветителиРанченциКристијано РоналдоАкутен бронхитисTime.mkВевчаниСкорпија (хороскопски знак)Охридски рамковен договорРак на желудникАргентинаКавалаПланетаПавел ШатевВикторија ЛобаМариовциЖелкиХемоглобинКочо РацинМаксим ДимитриевскиСвети Кипријан СлепченскиСписок на тегоби и болки на стапалатаМакедонско-римски војниСевастополКолосеум🡆 More