Месен Меѓуѕвезден Облак: меѓуѕвезден облак во Млечниот Пат

Месен Меѓуѕвезден Облак или ММО (англиски: Local Interstellar Cloud, LIC) — меѓуѕвезден облак со големина од околу 30 сг (9,2 пс) низ кој се движи Сончевиот Систем.

Непознато е дали Сонцето се наоѓа во самиот Месен Меѓуѕвезден Облак, или во подрачјето каде Месниот Меѓуѕвезден Облак замодејствува со соседниот G-облак. Како G-облакот и други, ММО е дел од т.н. „многу месна меѓуѕвездена средина“ која почнува онаму каде завршуваат хелиосферата и меѓупланетарната средина — најдалечното место до кое имаат стасано сондите.

Месен Меѓуѕвезден Облак
меѓуѕвезден облак
low density warm hydrogen
Месен Меѓуѕвезден Облак: Структура, Содејство со Сончевото магнетно поле, Поврзано
Месните облаци низ кои се движи Сончевиот Систем. Стрелките покажуваат движењата на меѓуѕвездените облаци.
Податоци од набљудување
Оддалеченостсг   (0 пс)
Физичи особености
Димензии30 сг (9,2 пс)
ОзнакиМесен Облак, ММО, LIC
Поврзано: Списоци на маглини
Месен Меѓуѕвезден Облак: Структура, Содејство со Сончевото магнетно поле, Поврзано
Сонцето близу работ на Месниот Меѓуѕвезден Облак и ѕвездата Алфа Кентаур околу 4 светлосни години од соседниот комплекс G-облак

Структура

Сончевиот Систем е сместен во структурата наречена Месен Меур, малогустинско подрачје на галактичката меѓуѕвездена средина. Во ова подрачје е Месниот Меѓуѕвезден Облак (ММО), каде подрачјето е малку побогато со водород. Се проценува дека Сончевиот Систем има невлезено во ММО во изминатите 10.000 години. Неизвесно е дали Сонцето сè уште е во ММО или има навлезено во преодната зона меѓу ММО и G-облакот. Со анализа е проценето дека Сонцето целосно ќе излезе од ММО за највеќе 1900 години.

Облакот има температура од приближно 7.000 K (6.730 °C), иста како површината на Сонцето. Меѓутоа, неговиот специфичен топлински капацитет е многу низок бидејќи не е многу густ (0,3 атоми/см3). Оваа густина е под просекот за меѓуѕвездената средина во Млечниот Пат (0,5/см3), иако шестпати погуста од гасот во врелиот и малогустински Месен Меур (0,05/см3) кој го опкружува месниот облак. За споредба, Земјината атмосфера на работ на вселената има 1,2×1013 молекули на кубен сантиметар, кои се намалуваат на 50 милиони (5,0×107) на 450 км. Поради оваа слаба густина, подрачјето можеби подобро би се претставило како празнина отколку како облак.

Облакот тече нанадвор од здружението Скорпија-Кентаур, ѕвездено здружение кое е ѕвездородно подрачје, приближно нормално на правецот на самото Сонце, претпоставувајќи дводимензионалност.

Во 2019 г. истражувачите нашле меѓуѕвездено железо-60 (60Fe) на Антарктикот, кое го поврзуваат со Месниот Меѓуѕвезден Облак.

Содејство со Сончевото магнетно поле

Во 2009 г. податоците од сондата „Војаџер 2“ покажале дека магнетната јачина на месната меѓуѕвездена средина е многу поголема отколку што се очекувало (370 до 550 пикотесли (pT), наспроти претходните проценки од 180 до 250 pT). Фактот што Месниот Меѓуѕвезден Облак е силно магнетизиран би го објаснил неговиот досегашен опстанок и покрај притисоците од ветровите кои го имаат оддувано Месниот Меур.

Потенцијалните ефекти на Месниот Меѓуѕвезден Облак врз Земјата во голема мера се намалени благодарение на сончевиот ветар и Сончевото магнетно поле. Ова заемодејство со хелиосферата се проучува од Истражувачот на меѓуѕвездените граници (IBEX), сателит на НАСА кој ги исцртува границите меѓу Сончевиот Систем и меѓуѕвездениот простор.

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Месен Меѓуѕвезден Облак СтруктураМесен Меѓуѕвезден Облак Содејство со Сончевото магнетно полеМесен Меѓуѕвезден Облак ПоврзаноМесен Меѓуѕвезден Облак НаводиМесен Меѓуѕвезден Облак Надворешни врскиМесен Меѓуѕвезден ОблакАнглиски јазикМеѓупланетарна срединаМеѓуѕвезден облакПарсекСветлосна годинаСонцеСончев СистемХелиосфера

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

ИстанбулАзијаЉубиша ГеоргиевскиЗагадување на воздухотИлеусХомеопатијаЈоаким КрчовскиДуховденАлшарКирил ПејчиновиќБосна и ХерцеговинаИталијаЗНАМСудска властФилип II МакедонскиК-15Кочо РацинЦрнила (драма)Устав на МакедонијаВаршавски договорБлагој ДавковПавле ТрајановВојдан ЧернодринскиОхридСвети Наум (манастир)Болести и аномалии на очитеСтојан АндовHTMLРак (болест)Сузан АкбелгеСтаромакедонски јазикСулфур диоксидМравкаРелигијаИндијаВенециско биенале за архитектураФиброаденомРамазанTrackBackГлаголВелко НеделковскиАмди БајрамГоран МинчевВелики четвртокФјодор Михајлович ДостоевскиДонтов методСоцијалистичка партија на МакедонијаПиринска МакедонијаСписок на градови во Македонија по населениеОфталмологијаАмерикаФилипиниЛила СтојановскаНационален парк ГаличицаКафеава мечкаНационален парк МавровоМакедонски претседателски избори, 2014АнемијаАнтибиотикДоксициклинТигрица (птица)ГрцијаДимитар МиладиновМаркетингОпштина СтругаВелики петокПлунковни жлездиПаркинсонова болестДебарДемократи (политичка партија)Блаже КонескиВолфганг Амадеус МоцартФатмир БесимиСлавко ЈаневскиХлорамфениколПоткастАли АхметиСписок на команданти на ОНААлергиски дерматози🡆 More