Иван Хаџи Николов: Македонски општественик и револуционер

Иван Хаџи Николов (24 декември 1861, Кукуш – 9 јули 1934, Софија) — македонски револуционер, општественик, книжар, трговец и еден од основачите на Македонската револуционерна организација.

Иван Хаџи Николов
Иван Хаџи Николов: Животопис, Мисли на Хаџи Николов, Историски погледи
Роден 24 декември 1861
Кукуш, Егејска Македонија
Починал 9 јули 1934
Софија, Бугарија
самоубиство
Занимање револуционер, книжар и трговец
Иван Хаџи Николов: Животопис, Мисли на Хаџи Николов, Историски погледи
Потпис на Иван Хаџи Николов

Животопис

Потекло и школување

Хаџи Николов е роден на 24 декември 1861 г. во Кукуш, Егејска Македонија.

Во Кукуш завршил егзархиско класно училиште, а во 1888 г. — трговска академија во Линц, Австрија.

Првите револуционерни копнежи

Иван Хаџи Николов: Животопис, Мисли на Хаџи Николов, Историски погледи 
Иван Хаџи Николов во 1912 или 1913 г.

Под влијание на политичките настани, од втората половина на 1870-тите, на Балканскиот Полуостров, кај Хаџи Николов се јавило едно револуционерно настроение и тој со неколки свој другари намислил да формира една револуционерна организација со цел да се орагнизира едно востание во Македонија и да се отфрли османлиската власт.

Тоа време јас водев сметка за касата во нашата фурна па ми се даде можност да ја прочитам историјата на С. Паисиј, второ издание, печатено 1842 год, во Будим. На крајот на книгата забележав нацртан лав и натпис: „Слобода или смрт". По примерот на тој цртеж решив ла се извезе знаме на нашата организација

Меѓутоа откако ги рабрале одлуките од Берлинскиот конгрес решиле да се откажат од револуционерната идеја и да почекаат подобри времиња. Самиот Хаџи Николов истакнува:

Промена на решенијата на Берлинскиот конгрес најрано може да се очекува по 20 години, кога ќе се променат односите помеѓу големите сили, та во едно наше востание, некои од тие сили да се најдат на наша страна. Но да знаете, додека Македонија не стане втор Батак, т.е. додека не востане, нема да се ослободи". Се разотидовме. Ставивме точка на нашата револуционерна организација

Меѓутоа Хаџи Николов не се откажал од своите идеалии. Во почетокот на 90 години на 19 век се нашол во Софија и зел учество во формирањето и дејствувањето на Младата македонска книжевна дружина и списанието Лоза, но поради македонските национални идеали , ММКД била растурена од страна на бугарските власти, а Лоза била забранета. Но набргу Хаџи Николов се нашол во Солун.

Учител

Меѓу 1879-1892 г. бил учител во Костенец, а по поканата на Кузман Шапкарев, се вратил во Македонија и учителствувал во Воден, Кукуш, Лерин и Солун. ОД 1888 до 1892 г. предавал аритметика и сметководство во Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“

Во 1893 г. бил принуден да се откаже од професијата. Во Солун отворил своја книжарница.

Книжар

На 11 септември 1893 отворил книжарница во Солун. Неговата книжарницата издавала различни учебници, уметничка литература и друго, делата биле печатени главно во Бугарија, но и во Солун, во грчката печатница на Ираклидис, но и со бугарско т.е словенско одделение. Самиот Хаџи Николов за својата книжара вели:

Отворањето на мојата книжарница се покажа како задоволување на неопходна потреба. Од множество учители добив писма, во кои пишуваше: „Многу добро направивте што отворивте книжарница, за да се спасиме од неподнесливиот монопол на Самарџиев. Тој човек праќа учебници и други ученички и канцелариски потреби кога сака и колку што сака и по цена каква сака тој. Многупати ни ги испраќа стоките во јануари и февруари, иако ги добил парите уште во септември“ .

Книжарницата на Хаџи Николов станала една од првите револуционерни жаришта во Солун и преку неа агитирал меѓу учителите и учениците и придонесувал да се шири револуционерната идеја.

Основање на Македонската револуционерна организација

Иван Хаџи Николов: Животопис, Мисли на Хаџи Николов, Историски погледи 
Споменик на основачите на МРО во Скопје

На 21.10/2.11. 1893 г. покрај солунскиот брег се сретнале Даме Груев, Иван Хаџи Николов и Андон Димитров, притоа тие разговарале за ослободување на Македонија. Паднал предлогот тие тројца да формираат револуционерна организација. И. Х. Николов понудил во основањето да учествуваат и Петар Поп Арсов, Христо Татарчев и Христо Батанџиев.

Се договорил за два дена да имаат нова средба. Била договорена средбата на која била формирана: МРО (Македонска револуционерна организација). Состанокот се одржал во сабота навечер на 23.10/4.11.1893 г., во станот на Христо Батанџиев.

На овој состанок присуствувале Д-р Христо Татарчев – лекар, родум од Ресен, Даме Груев – учител, родум од с. Смилево - Битолско, Петар Поп Арсов – учител, родум од с. Богомила - Велешко, Иван Хаџи Николов – книжар во Солун, родум од Кукуш, Антон Димитров – учител, родум од с. Ајватово - Солунско и секако домаќинот Христо Батанџиев – учител, родум од с. Гуменџе, Ениџе Вардарско.

Едногласно се согласиле да се формира револуционерна организација. Според И. Х. Николов тогаш биле прифатени следните начела:

1. Организацијата да е тајна и револуционерна

2. Нејзината територија да ја сочинува само Македонија во нејзините географски и етнографски граници, поради што ќе се нарекува Внатрешна.

3. Во неа ќе членуваат родени и лица што живеаат во Македонија без разлика на вера и народност.

4. Политичкото верују на организираните Македонци е автономија на Македонија.

5. Да се чува самостојноста на организацијата за да не падне под влијание на политиката на соседните држави .

Со тоа биле поставено темелите на револуционерната организација. Во текот на Јануарската средба за претседател бил избран Христо Татарчев и Даме Груев за секретар, а било одлучено Хаџи Николов во отсутсво на Татарчев да го зазема неговото место.

Меѓу другото на оваа средба му била доверена задача на Петар Поп Арсов да напише една брошура под името Стамболовштината во Македонија и нејзините претставници , а од самата брошурата се дознава ставот на Организацијата кон бугарската пропаганда, а воедно и борбата која Организацијата ја започнала против таквата дејност .

Хаџи Николов брошурата ја испечатил во Софија по што таа била растурена низ Македонија и меѓу Македонската емиграција во Бугарија. Во понатамошната дејност Хаџи Николов продолжил да агитира преку својата книжара, но наишол на пречки за овие случувања самиот тој вели дека:

Успехот на мојата книжарница, заземањето од нас на управата во солунската општина и пробивањето на револуционерната идеја меѓу интелигенцијата во Македонија, ја наштрекнало не само опозицијата во Солун на чело со К. Г. Самарџиев, туку и самата Егзархија. Па Егзархијата му наложила на К. Г. Самарџиев во пролетта 1895 г. да тргне низ Македонија за да агитира против рев.организација. К. Г. Самарџиев обиколил поголем дел од Македонија и насекаде говорел против Организацијата, а најмногу против мене, велејќи дека јас сум бил учител што бил избркан од Егзархијата, дека сум никаквец, и дека сум си создал партија во Македонија па сум ја фрлил земјата во оган. Кога во време на распустот ми доаѓаа учителите, пред кои ова го зборувал Самарџиев, ми ги соопштуваа тие негови искажувања, јас им одговарав: „Тој зборува така против мене затоа што му е мака што и јас сум книжар; ако не бев книжар немаше да зборува така против мене.

Меѓутоа и покрај таквите пречки Хаџи Николов ја продолжил својата револуционерна дејност како член на Централниот комитет и како таков учествува на Солунскиот конгрес од 1896 г.

Солунска афера

Иван Хаџи Николов: Животопис, Мисли на Хаџи Николов, Историски погледи 
Расписка на Пере Тошев, Христо Матов и Иван Хаџи Николов.

На 23 јануари 1901 г. (стар стил) започнала Солунската афера. Таа ноќ турските власти ги уапсила Милан Михајлов, Александар Ников и Кочо Георгиев - Карловалијата поради нарушување на јавниот ред околу Вардарската капија .

По нивното апсење турските власти започнале со претреси и апсења кој се прошириле во поголемиот дел на Солунскиот вилает во текот на аферата биле уапсени голем број на лица, a последен на слобода од Централниот комитет останал Иван Хаџи Николов. Тој очекувајќи го своето апсење и опседнат со мислата дека се пропаѓа ги повикал Иван Гарванов и Спас Мартин и им го соопштил начинот на комуникација со внатрешноста и Врховниот комитет.

На втората средба тие решиле да издадаат 5 бланко потврди за офицерите во случај на евентуално кревање на востание, а овие потврди во Софија ги однел Софрониј Стојанов.

Во овој момент на очај, Иван Х. Николов Централниот комитет го предала на идејните противници на Организацијата, односно на членовите на поранешното Револуционерно братство.

Подоцна Хаџи Николов пред Татарчев се правдал дека на Иван Гарванов, Спас Мартин и Димитар Мирчев им ги предал само печатот на ЦК, шифрите и списоците и дека Спас Мартин го задолжил да им пише на задграничните претставници во смисла: Држете ја вие од таму здраво ситуацијата .

Меѓутоа Хаџи Николов веројатно ја разбрал својата грешка и поради грижа на совест посегнал по својот живот односно си ја пресекол радијалната артерија и поради тоа подолго време се нашол во болница .

На 7 мај 1901 г. Хаџи Николов бил осуден на доживотен затвор. Поради пренатрупаност во солунскот затвор на 6 јули 1901 г., Хаџи Николов зедно со 38 затвореници, меѓу кој биле Христо Матов, Христо Татарчев, Пере Тошев и др., во придружба на 20 џандари под придружба на еден поручник, бил спроведен до паробродот Марија во сопственост на претпријатието Хаџи Даут и испратен за Подрум Кале каде требало да ја издржува својата казна зедно со своите другари.

Подоцнежна дејност

Во Подрум кале останал до август 1902 г. Во почетокот на септември пристига во Солун и учествува на состанкотот на кој биле разгледани случувањата во Македонија, на оваа средба според Татарчев било решено да му се пренесе на Врховниот комитет да не ги форсира настаните за востание во Македонија.

По оваа средба Хаџи Николов заминал за Софија, а таму учествувал во советувањата по прашањето за востание во Македонија. Меѓутоа по Солунската афера и враќањето од затвор Хаџи Николов го немал она поранешно значење во Организацијата и потиснат од младиот револуционерен кадар постепено се повлекол од учеството во македонското револуционерно дело.

Во Софија продолжил да се занимава со книжартсво и издавачка дејност. Во тој период ги напишал своите Спомени, а неговите публикации биле вметнати во алманахот „Македонија“ на Илинденската организација под псевдонимот Основач. Спомените на Хаџи Николов се објавени во периодот меѓу 1935-1937 од страна на Христо Шалдев во списанието Илустрација Илинден.

До крајот на својот живот живеел во Софија. Бил тешко заболен и душевно растроен и самоубил на 9 јули 1934 г.. Каква била неговата духовна состојба дознваме од самиот Хаџи Николов кој вели:

Мислата дека треба да се напише нешто за Револуционерната организација ми го облева срцето со крв. Да се пишува за една организација, која за резултат го има упропастувањето на Македонија, макар што тоа не е самата Орранизација, туку Софија со својот цар, со своите министри и генерали, со својата државна, а не национална политика, ја погреба Македонија и ѝ причини огромни жртви во луѓе и материјални блага, а јас пак се чувствувам виновен за сите тие злосреќни што со моите другари станавме причина за револуционизирањето и, во последица на тоа, погубувањето на Македонија и Македонците. И јас му се чудам на македонскиот дух како тие луѓе не нè убија со камења откако го согледаа грозниот излез на нашата револуционерна иницијатива

Мисли на Хаџи Николов

За детството

Имав околу 10 години, кога за првпат почнав да учам бугарска историја од учебникот на Д.В. Манчов. При учењето од таа историја си велев: „Значи ние сме си имале царство, ама ни го зеле Турците“. Од истава историја дознав дека некогаш и Тесалија била населена со Бугари, кои Грците ги погрчиле. И тогаш пак си велев: „Значи и Грците се наши непријатели. Па, зошто нашите татковци не се дигнат да си го земат царството од Турците и да си ја вратат погрчената Тесалија? По средината на бугарските земји се протега Стара Планина. Тука можат да се соберат сите останати Бугари и од таму да тргнат кон Цариград, Солун и Тесалија“. Од Библијата (Битиписанието), пак, дознав дека Мојсеј кога видел како еден Египќанин тепа еден Израелит, го оттргнал Израелитот и го убил Египќанинот. Тогаш си реков: „...ако видам некој од друг народ или друговерец да тепа Бугарин, ќе го одбранам последниот, а првиот ќе го натепам“. И вистина, ми се случи тоа брзо да го применам. Еден ден во нашето маало видов како две Турчиња тепаат едно Бугарче, се спуштив, го оттргнав Бугарчето и ги натепав Турчињата. Од тогаш тие Турчиња не ги напаѓаа Бугарчињата во нашето маало

Револуционерни копнежи

Пораснат како човек што се движи во чаршијата, можев да го сфатам лошото однесување на возрасните Турци, на административните и судски чиновници, како и на лошите Турци кон Бугарите, кои често без вина си страдаа. Сите тие впечатоци се натрупуваа во мојата памет и душа и на таков начин во мене зрееше идејата за бунт против Турците-потисници, така што кога во април 1875 г. прочитав во в. „Зорница" дека во Босна и Херцеговина букнало востание против Турците, возбуден си реков: „Е сега е време сите Бугари да се дигнеме и заедно со востанатите Бошњаци и Херцеговци да ги протераме Турците од Старопланинскиот Полуостров и повторно да го образуваат своето царство што ќе граничи со трите мориња: Црно, Бело и Јадранско". Заседната веќе таа мисла во мојата душа и свест, почнав да размислувам како ние од Кукуш можеме да востанеме. И така дојдов до јасно сознание за тоа што треба да правиме, а имено дека треба да се создаде една револуционерна организација што ќе го подготви народот за востание .

Принципи за основање на една револуционерна организација

Во јули 1892 г. заминав во Софија. Таму се сретнав со К.Шахов и му го изнесов планот, а тој за соодветен и авторитетен човек ми го посочи Гоце Делчев, уште јункер во военото училиште. Шахов ни закажа средба во неговата печатница во идната недела, бидејќи јункерите само во неделен ден можеле да излегуваат од училиштето. На нашата средба јас ја оцртав положбата на нашето национално дело во Македонија, ја изнесов заканата на солунскиот валија, и успесите на српската пропаганда и пред двајцата го поставив прашањето: не е ли време да се основа револуционерна организација во Македонија. И двајцата ми одговорија потврдно, но побараа да им ги изнесам какви треба да бидат, според моето мислење, основите на таа тајна организација .
1. Организацијата да се основе во Македонија а не во Софија, бидејќи, основана во Софија и раководена од Софија, Србите и Грците ќе ја третираат како измислица на бугарското правителство, ќе основаат и тие такви организации и од нашата организација нема да изелезе ништо. Притоа таа треба да биде тајна. 2. Основачите да се Македонци, чесни, да се ползуваат со добро име и да живеат во Македонија, за да бидат постојано во контакт со населението во Македонија, да бидат и тие изложени на истата опасност, на каква што ќе бидат изложени нивните последувачи, преку кое полесно ќе ја спечалат и довербата на населението. 3. Лозинката треба да биде автономијата на Македонија. Нашето барање треба да се потпира врз 23-от член од Берлинскиот конгрес, за да се надеваме на успех. Да постигнеме автономија на Македонија значи да ја откинеме не само од Турција, туку и од Србите и Грците. Оцртани еднаш границите на автономна Македонија, Србите и Грците не ќе можат веќе да бараат делови од неа, кога, ако посакаме присоединување на Македонија кон Бугарија, Србите и Грците ќе посакаат и тие делови од неа. Нашата задача треба да биде да ја спасиме Македонија цела, а тоа може да стане преку една автономна Македонија. 4. Организацијата треба да биде самостојна и независна, да нема никакви врски и ангажмани со владите на соседните држави, за да не и влијаат и да не ја обвинуваат дека е орудие на некоја од тие влади и со тоа да предизвика противдејство од страна на другите соседни влади. 5. Од Македонците во Бугарија и од бугарскиот народ ќе бараме и материјална поддрша, без притоа да ни се мешаат во работата .

За егзархистите

Учителите во гимназијата, за да имаат поевтина храна, побараа да се хранат заедно со нас - воспитачите и да ја плаќаат по цената на чинењето. Нивната молба Егзархијата ја уважи и почнавме сите учители и надгледувачи да се храниме заедно. За сето време на ручекот и секој ден единствениот разговор беше за Македонците. Какви ли не навредувачки зборови паѓаа на адреса на Македонците: „Македонци - гнили конци“, „дај ми пари за да станам Бугарин“, „муур ми е, и овде го клавам и онде го клавам“ итн. итн. - Воопшто, како да се Македонците без патриотизам, несвесни, ете така - дивјаци, без секакво национално чувство. Овие обвинувања и навредувања се слушнаа главно од Васил Кнчев и Петко Машев, луѓе за првпат дојдени во Македонија, и тоа само во Солун, и кои не ја знаат и не ја познаваат вистинската положба на Македонија во минатото и сегашноста“ .

Основање на ВМРО

Да се пишува за една организација, која за резултат го има упропастувањето на Македонија, макар што тоа не е самата Орранизација, туку Софија со својот цар, со своите министри и генерали, со својата државна, а не национална политика, ја погреба Македонија и и` причини огромни жртви во луѓе и материјални блага, а јас пак се чувствувам виновен за сите тие злосреќни што со моите другари станавме причина за револуционизирањето и, во последица на тоа, погубувањето на Македонија и Македонците. И јас му се чудам на македонскиот дух како тие луѓе не не` убија со камења откако го согледаа грозниот излез на нашата револуционерна иницијатива. Цела Македонија, како еден човек, со трогателна еднодушност тргна по нас, ни ја даде сета своја поддршка и својата морална доверба; ние го водиме кон ослободување, а излезе дека сме го воделе кон упропастување и кон ново, уште потешко ропство; и при такви, дијаметрално противположни резултати, пак да не не` обвинува, да не не` навредува, да не мрмори против нас - создавачите на Револуционерната организација, туку молчаливо и со полна покорност на својата судба, да си го подземе тешкиот голготски крст, - тоа предизвикува во мене адмирација, и велам: „Македонци, вие не сте само херои, туку и светци. За вас сите жртви се заслужени .
Во договореното време на 23 октомври 1893 г., во петокот навечер, сите шестмина се собравме во живеалиштето на Хр. Батанџиев. Јас ја објаснив целта на нашата средба дали не е време да се основа револуционерна организација, каква треба да биде нејзината тактика и нејзиното политичко верују, кои ќе имаат право да членуваат во неа, и какви треба да бидат нејзините односи со македонската емиграција што се наоѓа надвор од територијата на Македонија и слично. Поставените прашања беа предмет на разгледување од нас шестемина, но најподробно и најопширно се искажа д-р Хр. Татарчев. На крај дојдовме до следнава согласност: 1. Организацијата треба да биде тајна и револуционерна, 2. Нејзината територија ја сочинува само Македонија, во нејзините географски и етнографски граници, поради што ќе се наречува и внатрешна 3. Во неа ќе членуваат лица родени и што живеат во Македонија, без разлика на вера и народност, 4. Политичкото верују на организираните Македонци е: автономија на Македонија и 5. Да се запазува самостојноста на Организацијата, за да не падне под влијание на политиката на владите на соседните словни држави. Јас бев задоволен што сите присутни ги искажаа кажаните јасни мислења, што јас порано ги бев искажал пред К. Шахов и Г, Делчев во Софија, затоа н најмалку зборував, но на крајот реков: „Другари, ние веќе основавме револуционерна организација, но дали знаете какви можат да бидат последиците за секој еден од нас во случај на провала? Сите ние можеме да отидеме на бесилка. За себеси ви изјавувам дека сум решен да одам докрај, а вие што ќе речете?“ Сите одговорија потврдно, т.е. дека и тие се готовни да одат докрај. Со тоа заврши формалниот чин на основањето на Револуционерната организација, идејата за која зреела кај секој еден од нас уште порано .

Историски погледи

Историчарите ја истакнуваат неговата улога за развојот на македонскиот народ и го сметат за еден од првите втемелувачи на македонската државност, односно за втемелувач на идејата за создавање на самостојна македонска држава.

Белешки

Извори

Литертаура

  • Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или Смрт, Македонското националноослободително движење во Солунскиот вилает 1893 - 1903 година, Табернакул, Институт за историја - Филозовски факултет, Скопје, 2003
  • МАКЕДОНСКА АКАДЕМИЈА НА НАУКИТЕ И УМЕТНОСТИТЕ, МАКЕДОНСКА ЕНЦИКЛОПЕДИЈА, СКОПЈЕ 2009

Надворешни врски

Tags:

Иван Хаџи Николов ЖивотописИван Хаџи Николов Мисли на Хаџи НиколовИван Хаџи Николов Историски погледиИван Хаџи Николов БелешкиИван Хаџи Николов ИзвориИван Хаџи Николов ЛитертаураИван Хаџи Николов Надворешни врскиИван Хаџи Николов1861193424 декември9 јулиКукушМакедонска револуционерна организацијаСофија

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Броеви во македонскиот јазикДунавОпштина ШтипДиво месо (драма)КирилицаСтојанче АнгеловМеѓународен ден на трудотПирамида (геометрија)Список на држави во светотСадула ДуракуПиринска МакедонијаДраган Павловиќ ЛатасЛозје (книга)Павле АрсоскиВлада на Димитар КовачевскиИстанбулЛокални избори во Македонија (2009)Општина ЛипковоШишман АнгеловскиГзим ОстрениДУИГлаголи во македонскиот јазикРевизор (комедија)ВласиСтале ПоповБогородицаВелигденМакедонски претседателски избори (2019)Автомобилски регистарски таблички во МакедонијаСоцијалистичка Република МакедонијаИзборна единица 4Левица (политичка партија)ГајдаТеута АрифиАрбен ЏафериРистиќева палатаМакедонска народна музикаКомунизамТимчо МуцунскиРесенСипанициДаниела ТемелковскаПартија за движење на Турците во МакедонијаЖолто МореОпштина ДојранГрегоријански календарПовикувачки броеви во МакедонијаСредоземно МореВенко ФилипчеМакедонски претседателски избори, 1994АфрикаМртво МореЦрна ГораВасил ИљоскиБели мугриВостание на СкендербегАлександар ШехтанскиДојранско ЕзероБорис ТрајковскиМакедонски парламентарни избори (2008)ДебрештеНационален парк ГаличицаВтора светска војнаОпштина ЧашкаДоктор ОфболиМакедонски хумористични народни приказни (книга)ХолокаустАрачиновоАцо ШоповСтрумицаРоднински односиПроцентДраган МијалковскиСтевче СтевановскиЛокални избори во Македонија (2021) — Град СкопјеШестаголник🡆 More