Хотел

Хотел е објект кој нуди платено сместување за релативно краток временски период.

Порано, под поимот „сместување“ се подразбирало само сопствена соба со најнужните работи како кревет, маса, плакар и др. Денес, како најелементарни услови во една хотелска соба се сметаат имањето клима-уред, телефон, ТВ, како и мини-бар со пијалак и закуска. Поголемите хотели нудат дополнителни услуги како базен, џакузи, сала за вежбање, па сѐ до сала за прес-конференции.

Хотел
Хотел Llao Llao во Барилоче, Аргентина.
Хотел
Хотелот „Бурж Ал Араб“ во Дубаи

Хотелските соби вообичаено се нумерирани за гостите да можат полесно да го пронајдат својот апартман. Голем дел од хотелите нудат барем еден оброк како дел од платениот престој. Во Велика Британија постои законска одредба со која на хотелите им е наложено да послужуваат оброк во договорено време. Во Јапонија постојат хотели-капсули, кои се објекти со минимален простор за спиење.

Зборот „хотел“ настанал од францускиот збор hôtel (од фр. „hôte“ што значи гостин) кој означувал секаков вид на градба која на посетителите им нудела сместување. Во современиот француски речник, овој збор има исто значење како и во македонскиот.

Хотелските објекти може да се поделат според големината, функционалноста и цената. Според овие критериуми, постојат неколку категории на хотели, почнувајќи од стандардите хотели со повеќе ѕвездички сѐ до ботелот. Постојат и повеќе хотелски синџири кои имаат свои објекти ширум светот. Од нив се издвојуваат: „Хилтон“, „Мериот“, „Хајат“ и „Холидеј Ин“.

За најстар хотел во светот се смета „Нисијама Онсен“ од префектурата Јаманаши, Јапонија. Тој почнал со работа уште во 707. година од нашата ера и бил управуван од истото семејство цели 46 генерации. Според Гинисовата книга на рекорди, хотелот близу селото Измајлово, Москва, се смета за хотелот со најмногу соби (7.500). Исто така, недалеку од германскиот остров на Балтичкото Море, Руеген, се наоѓа хотелот „Прора“, кој е најголемиот хотел на светот, со 10.000 соби, но веќе неколку децении тој не се користи како хотел. Тој бил изграден меѓу 1936 и 1939 година, а по Втората светска војна служел како воен комплекс. Од друга страна, пак, највисокиот хотел е сместен во Хонгконг. Се вика „Риц-Карлтон“, а неговата височина е 484 метри, со 312 соби за издавање. На 28 февруари 2016 година, на околу 70 км од градот Петропавловск-Камчатски, на полуостровот Камчатка бил отворен првиот хотел изграден од мраз.

Хотелот како тема во уметноста и во популарната култура

Хотелот како мотив во книжевноста

  • „Откритие“ — кус расказ на австрискиот писател Томас Берхнард од 1978 година.
  • „Хотел“ - песна на полскиот поет Адам Важик.
  • „Хотелско сапунче“ — кус расказ на македонската писателка Сања Михајловиќ-Костадиновска од 2018 година.
  • „Хотел Загорје“ - книга на писателката Ивана Симиќ Бодрожиќ.

Хотелот како мотив во музиката

  • „Хотелот Јорба“ (англиски: Hotel Yorba) — песна на американската рок-група Вајт страјпс (The White Stripes) од 2001 година.
  • „Хотелот Морисон“ (англиски: Morrison Hotel) — музички албум на американската рок-група Дорс (The Doors) од 1970 година.
  • „Хотел Калифорнија“ (англиски: Hotel California) — песна на американската рок-рупа Иглс (Eagles).
  • „Хотел“ (француски: L'Hôtel) — песна на швајцарската електро-поп група Јело (Yello) од 1987 година.
  • „Ѕвезден хотел“ (англиски: Star Hotel) — песна на австралиската поп-рок група Колд Чизел (Cold Chisel) од 1980 година.
  • „Изгорен хотел“ (англиски: Burnt-Out Hotel) — песна на израелската рок-група Минимал компакт (Minimal Compact) од 1984 година.
  • Хотел Неутрално млеко (англиски: Neutral Milk Hotel) — американска рок-група.
  • „Најди хотел“ (англиски: Get A Hotel) — песна на британската рок-група Фол од 1988 година.

Хотелот како мотив во филмот

Наводи

Поврзано

  • Список на најголемите хотели во светот
  • Категоризирање на хотелите
  • Хотелски менаџмент
  • Туризам
  • Мотел

Галерија


Tags:

Хотел от како тема во уметноста и во популарната култураХотел НаводиХотел ПоврзаноХотел ГалеријаХотелКреветТВТелефон

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Тито ПетковскиДраган МијалковскиПетар ПанБели мугриПрирокПехчевоШармери од осмоЉубчо ГеоргиевскиСписок на македонски зборови од турско потеклоРеферендум во Македонија (2004)СиријаАлбанијаПравопис и правоговор на македонскиот јазикДиво месо (драма)Десница (политика)Единствена МакедонијаВостание на СкендербегДемократи (политичка партија)Македонски парламентарни избори, 1990КипарГлавна страницаПролетХимна на ВМРОАтрибут во македонскиот јазикИталијанска култураМендух ТачиИндијаКолинда Грабар-КитаровиќНикола ТодоровНевзат БејтаМетодија Андонов-ЧентоФуражни културиУпад во Собранието на Македонија (2017)Знаме на МакедонијаАмди БајрамДемократски социјализамЛазарова саботаСтрептококен фарингитисСписок на архаични зборови во македонскиот јазикЈордан КамчевМакедонски претседателски избори (1994)Специјално јавно обвинителствоВасил ТупурковскиВилијам ШекспирСписок на загинати бранители во воениот конфликт во Македонија, 2001НилСпецијална антитерористичка единица „Тигар“КорозијаВласиМултипла склерозаГустав ШвабНеготиноЃорге ИвановЉубомир ГајдовПрекршување (физика)Стале ПоповЗаушкиАвтоимуна болестЛевица (политика)Ѕвезда од КутлешКатица ЈаневаМандолинаУругвајТоше ПроескиМинистер за здравство на МакедонијаПирамида (геометрија)Тибо КуртоаКрвЉупчо ЈордановскиДимитар АпасиевМакедонски месециТалат ЏафериМијациПалиградЗајасБолести и аномалии на очитеСашо МијалковСписок на планини во Македонија🡆 More