Херон Александриски

Херон Александриски (~ 10 – 70) — инженер и геометар од Александрија, Египет, во тогашното Римско Царство.

Неговиот најпознат пронајдок е првата парна машина наречена еолипил. Се смета дека бил следбеник на атомизмот. Некои од идеите ги добил од Ктесибиј.

Херон
Херон Александриски
Роден(а)жив. 10 г. н.е.
ЖивеалиштеАлександрија, Египет
Птолемаидско царство
Полињаматематика
Познат поеолипил

Речиси сигурно е дека тој предавал во Музеумот во чии рамки спаѓала слвната Александриска библиотека, бидејќи највеќето негови записи се во облик на белешки за предавања на предмети како математиката, механиката, физиката и пневматиката.

Проекти

Херон Александриски 
Херонова парна топка, „еолипил“
Херон Александриски 
Автоматско отворање на врати при палење на оган

Херонови дела:

  • парна турбина (50/62/70) (еолипил) - првата парна машина, конструирана речиси 2000 години пред Индустриската револуција, придвижувана од парни машини. Оваа направа била сметана за играчка, и затоа нејзиниот потенцијал не бил реализиран со векови.
  • Првиот продажен автомат била исто така негов изум. Во неа се ставала паричка во отвор врз машината, и тогаш таа давала одредена количина на света вода. Оваа направа стои во списокот на изуми во неовата книга Механика и оптика.
  • Херон исто така измислил многу направи за грчкиот театар, вкучувајќи сосема механичка претстава со траење од десет минути, придвижувана од бинаровиден систем на јажиња и јазли.

Библиографија

  • Пневматика, опис на машини кои работат на воздух, пареа или воден притисок.
  • Автомата, опис на машни кои прават чуда во храмови по механички или пневматички пат (на пр. автоматско отворање и затворање на врати во храм, статуи кои излеваат вино и др.). Видете автомати.
  • Механика, напишано за архитекти; содржи начини за подигање на тешки предмети.
  • Метрика, опис на метод на пресметување на плоштина и волумен на разни предмети.
  • За диоптрата, збирка методи за мерење на должини. Во ова дело е опиштан одометарот, како и направа налик на теодолитот.
  • Белопоеика, опис на воени машини.
  • Катоптрика, за прогресијата на светлината, рефлексијата и употребата на огледала.

За некои дела кои му биле припишувани на Херон, сега се смета дека се од друг автор:

  • Геометрија, збирка равенки заснована на првата глава на Метрика.
  • Стереометрика, примери на тридимензионални пресметки засновани на втората глава на Метрика.
  • Менсури, алатки и направи за мерење, засновани на Стереометрика и Метрика.
  • Хеиробалистри, за катапулти.
  • Дефиниции, содржи дефиниции на геометриски поими.

Наводи

Поврзано

  • Херонова формула
  • Херонов триаголник
  • Херонова средина
  • Херонов погон (еолипил)
  • Херонова фонтана
  • Ел-Џазари

Надворешни врски

Tags:

Херон Александриски ПроектиХерон Александриски БиблиографијаХерон Александриски НаводиХерон Александриски ПоврзаноХерон Александриски Надворешни врскиХерон Александриски1070АлександријаЕгипетПарна машина

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Рак на белите дробовиПроста реченицаСреден векЕнзимМодерна филозофијаРаички манастирГрчиштеБруто-домашен производГерманијаАкутен панкреатитХабл (вселенски телескоп)Список на острови во Средоземното МореХартијаАвтомобилски регистарски таблички во МакедонијаТурска култураФудбалска репрезентација на Фарски ОстровиКандидДијафрагмаЗурла (македонска)Македонска радио-телевизијаСписок на градови во ГерманијаКир ВеликиПростатаТокиоХемороидРасказМаслинкаКарло I АнжујскиСветски ден на свесноста за аутизмотТитан (месечина)Бранко ЦрвенковскиСкопски маратонПолски јазикИзраелЛазар Ристовски (глумец)ВегетаФредерик БастјаКазахстанСветско првенство во фудбал 2022Тодор СкаловскиБиполарно растројствоМејозаРепублика КримПоезијаМочуриштеПустина (роман)Црква „Св. Спас“ - СкопјеМакедонска граматикаПелистерПолиграфПартија за движење на Турците во МакедонијаРак (болест)20000 милји под моретоГодинаЊујорк (град)Предмет (граматика)Света ГораДоктор ОфболиХрватскаНикола КаревСДСМФилмСобрание на МакедонијаСкопско КалеВселенаГликемијаСтарецот и моретоЗвучна забна струјна согласкаПиреј (роман)Список на политички партии во МакедонијаЛемносИсторија на САДУниверзитет „Аристотел“ – СолунЕндометриозаТурновоПадовски универзитетЛила СтојановскаГрадШтип🡆 More