Француска Полинезија

Француска Полинезија (француски: Polynésie française, тахитски: Pōrīnetia Farāni) е француска прекуморска територија во јужниот Тихи Океан.

Ја сочинуваат неколку групи на полинезиски острови, од кои најпознат е Тахити од Друштвените Острови каде што се наоѓа и главниот град Папете.

Француска Полинезија
Polynésie française
Француска Полинезија Француска Полинезија
Знаме на прекуморската територија Грб
Гесло"Tahiti Nui Mare'are'a"
"Liberté, Égalité, Fraternité"
Химна„Марселеза“
Француска Полинезија
Местоположба на Француска Полинезија
Главен градПапете
17°34′S 149°36′W / 17.567° ЈГШ; 149.600° ЗГД / -17.567; -149.600
Најголем град Фаа
Службен јазик француски
Народности  (последен етнички попис од 1988)
66,5% немешани полинезијци
7,1% Полинезијци благо мешани со Европејци и азијати
11,9% Европејци (највеќе французи)
9,3% Демиси (мешани Европејци и полинезијци)
4,7% Источни азијати (претежно кинези )
Уредување Зависна територија
 •  Претседател на Франција Никола Саркози
 •  Претседател на Француска Полинезија
Оскар Темару
 •  Висок комесар на Ф. Полинезија
Адолф Колра
француска прекуморска територија
 •  Протекторат 1842 
 •  Прекуморска територија 1946 
 •  Прекуморска територија 2004 
Површина
 •  Вкупна 4,167 км2 (173rd)
 •  Вода (%) 12
Население
 •  Попис авг. 2007 259.596 (176та)
 •  Густина 62 жит/км2 (130та)
БДП (номинален) проценка за 2005 г.
 •  Вкупно US$5,49 милијарди (not ranked)
 •  По жител US$21,565 (not ranked)
Валута тихоокеански франк (XPF)
Часовен појас (UTC-10)
НДД .pf
Повик. бр. 689
Француска Полинезија
Топографско-административна карта на Француска Полинезија

Географија

Француска полинезија се состои од 130 острови и атоли, кои припаѓаат на следните 5 архипелази:

Француска Полинезија  Француска Полинезија  Друштвени Острови 13 острови 1.647 км2 163.000 жители
Француска Полинезија  Француска Полинезија  Туамоту 76 атоли 850 км2 ~ 15.000 жители
Француска Полинезија  Француска Полинезија  Маркиски Острови 10 острови 1.274 км2 8.632 жители
Француска Полинезија  Француска Полинезија  Австралски Острови 7 острови 148 км2 6.669 жители
Француска Полинезија  Француска Полинезија  Гамбје 26 острови 31 км2 986 жители

Демографија

Вкупното население на пописот во август 2007 изнесувал 259.596 жители. Од нив 68,6% живееле на островот Тахити. Урбаната област на главниот град Папете, имал 131.695 жители.

Според истиот попис, 87,3% од жителите биле родени во Француска Полинезија, 9,3% биле родени во Франција, 1,4% во некои од прекуморските територии на Франција надвор од полинезија и 2,0% во странски држави. На пописот од 1988 кога за последен пат имало прашања во врска со етничкото потекло, 66,5% од жителите биле чисти полинезијци, 7,1 % биле полинезијци со делумно европско и азијатско потелко, 11,9% биле Европејци, 9,3% мешани Европејци и полинезијци, т.н. Демис (во превод "пола"), и 4,7% биле источни азијати (претежно кинези).

Француска Полинезија 
Тахитски девојки

Пописи

1907 1911 1921 1926 1931 1936 1941 1946 1951
30,600 31,900 31,600 35,900 40,400 44,000 51,200 58,200 63,300
1956 1962 1971 1977 1983 1988 1996 2002 2007
76,323 84,551 119,168 137,382 166,753 188,814 219,521 245,516 259,596
Официјални бројки на пописите.

Јазик

Францускиот јазик е службен јазик во Француска Полинезија. Според законот од 12 април 1996 се вели "Францускиот јазик е службен јазик, а тахитскиот и другите полинезиски јазици исто така се користат." Според пописот од 2007, населението од 15 години и постаро, односно 68,5% изјавиле дека францускиот јазик го користат во домашна употреба, 29,9% изјавиле дека во домашна употреба користат еден од полинезиските јазици (80 % тахитски), 1,0% користеле кинески и 0,6% други. Според истиот попис, 94,7% од луѓето изјавиле дека можат да разберат, пишуваат и читаат француски јазик, додека само 2.0% немале никакво познавање од јазикот. 74,6% изјавиле дека можат исто така што зборуваат, пишуваат и читаат на еден од полинезиските јазици, додека 13,6% од попишаните немаат никакви познавања од истите.

Религија

Христијанството е најзастапената религија на островите, од кои мнозинството (54%) припаѓа кон неколку варијанти на протестантството додека другиот дел (30%) се припадници на католицизмот.

Наводи

Галерија

Надворешни врски

    Владини
    Информативни
    Туризам

Tags:

Француска Полинезија ГеографијаФранцуска Полинезија ДемографијаФранцуска Полинезија НаводиФранцуска Полинезија ГалеријаФранцуска Полинезија Надворешни врскиФранцуска ПолинезијаДруштвени ОстровиОстровПапетеПолинезијаПрекуморски региони на ФранцијаТахитиТахитски јазикТихи ОкеанФранцуски

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Македонски парламентарни избори, 2006Даунов синдромБета-таласемијаМинистерство за внатрешни работи на МакедонијаРелигијаЛиберална партија (Македонија)Љубомир ФрчкоскиЦрвени крвни зрнцаМакедонски претседателски избори, 2004Црнила (драма)РоманијаБескрајна приказнаОдбојкаНационален парк ПелистерСоцијалдемократијаПрилепКорозијаПразници во мајАнтониа ГиговскаДржавни празници во МакедонијаМавровоИзборна единица 7Македонски КонцептВевчаниКандидФранцијаГригор ПрличевЗајакМовДемократски сојузДесница (политика)ВаландовоЕден на еденОпштина Ѓорче ПетровИсторија на Македонија (1991 - денес)СтругаЕритематозни дерматозиМакедонија (регион)27 априлГолеми и мали (роман)ЈугославијаЈосип Броз-ТитоИзбориHTMLЕстрогенИнтеграСузана СпасовскаМакедонијаАртрозаБалканска приказна (ТВ-серија)КанцониеротПрва балканска војнаЛешокАдријана АлачкиСојузници во Првата светска војнаГлаголицаПростатаПанко БрашнаровСолунска ГлаваГраѓанска опција за МакедонијаОхридски топчест сунѓерСистемски лупус еритематозусХоландијаАлергиски дерматозиВтора влада на Бранко ЦрвенковскиВелко НеделковскиКрвна групаРусијаСписок на повикувачки броеви на земјитеАлберт АјнштајнСлавко ЈаневскиРадмила ШекеринскаМолдавијаМртво МореЃорге ИвановЛазар КолишевскиКалендар на Велигденски датумиДекамерон🡆 More