Филозоф

Филозоф — во поширока смисла, лице што се занимава со изучување на филозофијата.

Поимот доаѓа од старогрчки: φιλόσοφος (филозофос), што значи „вљубеник во мудроста“. Се смета дека поимите „филозоф“ и „филозофија“ прв ги вовел античкиот мислител Питагора.

Филозоф
Атинската школа (1509–11) од Рафаел, на која се прикажани разни антички филозофи како разменуваат мисли.

Поим и одлики на философот

Во потесна смисла, философ е секој интелектуалец со свои придонеси на некое поле на философијата, како што е естетиката, етиката, епистемологијата, логиката, метафизиката, општествената теорија и политичката филозофија. Философ, во некогашна смисла, може да биде и некој што работи во областа на општествените и други науки кои низ вековите се одвоиле од самата философија; такви се уметностите, историјата, економијата, социологијата, психологијата, лингвистиката, антропологијата, теологијата и политиката.

Во класична смисла, философ е човек кој го живее живот на извесен начин, кој се занимава егзистенцијалните прашања за човечката состојба, а не некој кој расправа за теориите или мислењата на други автори. Најдобар пример на таквата посветеност на живеење на животот според своите убедувања се старогрчките мислители. Во обете дефиниции, философите се посветуваат на ваквите прашања со критички, систематички и промислен приод.

Според италијанскиот поет Џакомо Леопарди, исто како поетот, и философот може да биде оригинален и да се разликува од останатите философи по тоа што на различен начин расправа за истите вистини. Во тој поглед, философот може да стане различен и изворен, и тоа, како во поглед на останатите луѓе, така и во поглед на самиот себе. Фридрих Ниче го сфаќа философот како „некоја страшна експлозивна материја, пред која е сè во опасност“, велејќи дека неговиот поим на философот е многу далеку од поимот кој ги вклучува Кант или академските философи. Во своето дело, „Пофалба на глупоста“, Еразмо Ротердамски вели дека философите се некорисни не само за извршување на јавните функции, каде личат на магаре што свири на флејта, туку тие се некорисни и во приватниот живот во кој повеќе личат на трупци отколку на луѓе. Оттука, философите не се корисни ниту за себе, ниту за татковината. Токму поради тоа непознавање на материјалниот и на духовниот живот на заедницата, философите ја навлекуваат врз себе општата омраза.

Историја

Стара Грција и Рим

Иако Питагора е човекот што го вовел поимот, Платон е првиот што се осврнал на љубовта кон мудроста. Во делото Гозба, тој заклучува дека љубовта е израз на отсуство на нешто посакувано. Така, филозофот е тој што ја бара мудроста, а кога ќе ја најде, истиот станува мудрец. Филозофот во Стариот Свет е човек во постојана потрега по мудроста, кој настојува да живее во склад со таа мудрост. Разни мислители имале своја претстава за тоа што значи да се живее мудро, и оттука настанале разните филозофски школи или традиции. Секој антички филозоф подучувал во рамките на својата традиција.

Средновековие

Филозоф 
Свети Кирил, познат како „Константин Филозоф“

Во средниот век, поимот филозоф се однесувал на секој што се занимава со академска дејност и кој предава на големите школи или универзитети. Значаен пример за тоа е македонскиот светител Кирил, кој го добил името „Константин Филозоф“ поради неговата истакната работа како професор по филозофија на Цариградскиот универзитет.

Во XIV век, зборот „филозоф“ можел да има и значење на некој што води монашки живот, вон досегот на материјалниот свет.

Во подоцнежниот дел на средновековието, филозофи биле нарекувани и оние што се занимаваат со алхемија, па затоа го имаме познатиот Камен на мудроста, кој е алхемиска супстанција.

Ран нов век

Многу од филозофите на раниот нов век сè уште иле плод на класичната традиција, и на својата филозофија гледале како на начин на живот. Меѓу најзнаменитите мислители од ова време се вбројуваат Рене Декарт, Барух Спиноза, Никола Малбранш и Готфрид Вилхелм Лајбниц. Со појавувањето на универзитетите во современа смисла се изменило и поимувањето за тоа што значи да се биде филозоф и го добило денешниот облик. Почнувајќи од филозофи на XVIII век се школувале на универзитети и работеле на нив, разработувајќи ја својата мисла и предавајќи на студенти. Меѓу првите примери за вакви филозофи се Имануел Кант, Јохан Готлиб Фихте, Фридрих Вилхелм Јозеф Шелинг и Георг Вилхелм Фридрих Хегел. Ова продолжило од тој период, па сè до денес, со извесни исклучоци како Артур Шопенхауер и Фридрих Ниче. Последниот значаен филозоф кој немал академска спрема бил Лудвиг Витгенштајн.

Современа дејност

Во денешницата, оние со постипломски степен на образование во филозофијата често остануваат во образовните установи. Според истражувањето спроведено во 1993 г. во САД, 77,1% од 7.900-те доктори по филозофија биле вработени во академските установи. Вон тоа, филозофите може да работат и во други области, каде се потребни нивните мислечки и творечки способности: во медицината, биоетиката, деловното работење, издаваштвото, како хонорарни публицисти, во медиумите и во правото.

Философите како тема во уметноста и во популарната култура

Философите се јавуваат како тема во бројни дела од уметноста и популарната култура, како:

  • „Филозофот и еќимот“ - македонска народна приказна.
  • „Лична навреда“ — кус расказ на австрискиот писател Томас Берхнард од 1978 година.
  • „Последица“ — кус расказ на Томас Берхнард од 1978 година.
  • „Остроумни или малоумни“ — кус расказ на Томас Берхнард од 1978 година.
  • „Тројцата филозофи“ - басна на американскиот писател Емброуз Бирс.
  • „Малиот филозоф“ (српски: Мали филозоф) - песна на српскиот поет Јован Јовановиќ-Змај.
  • „Дневникот на песот филозоф“ — расказ на рускиот писател Јуриј Мамлеев.
  • „Тајната на философот“ - песна на полскиот поет Тадеуш Ружевич.
  • „Философите“ - песна на полскиот поет Тадеуш Ружевич.
  • „Философот“ (англиски: The Philosopher) - песна на американскиот рок-музичар Џон Кејл (John Cale) од 1972 година.

Поврзано

Наводи

Tags:

Филозоф Поим и одлики на философотФилозоф ИсторијаФилозоф Философите како тема во уметноста и во популарната култураФилозоф ПоврзаноФилозоф НаводиФилозофПитагораСтарогрчки јазикФилозофија

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Љубомир ГајдовСоцијалдемократски сојуз на МакедонијаЃурѓовденЛевица (политика)Стефан БогоевСердаротЖолто МореХромозомМетодија Андонов-ЧентоДржавни празници во БугаријаГрад СкопјеНадреден знакСвети Кирил и МетодијОпштина Кисела ВодаВолфганг Амадеус МоцартРибиАлександар III МакедонскиРесенЃокица ЛукаревскиПолитика на МакедонијаБалканска приказна (ТВ-серија)Свети Климент ОхридскиВитамин Б6Демократска партија на Србите во МакедонијаРепродуктивен системТапанАнтарктикЏо БајденЛазар КолишевскиОпштина ПласницаПролетКонстантин МиладиновЦирозаПат околу светот за 80 денаПетар ПанМакедонска крвава свадбаОпштина БрвеницаКисел дождЛазарова саботаЦрнила (драма)Марија АнтоанетаФранцијаТартифОпштина Старо НагоричанеТриаголникБошко СмаќоскиПартија за движење на Турците во МакедонијаЗијадин СелаАвтобиографија (Григор Прличев)Малиот принцПрва влада на Никола ГруевскиЗа наша МакедонијаПартија за демократски просперитетКубаКловерфилдЃорѓија СајкоскиБранко ЦрвенковскиБигорски манастирДен на независноста на МакедонијаПингвинОпштина КривогаштаниСкратеници во македонскиот јазикСобрание на МакедонијаИзраелДемохристијанствоДенес над МакедонијаАвтомобилски регистарски таблички во МакедонијаСписок на повикувачки броеви на земјитеДемографија на МакедонијаСпоменка (книга)КавалЛиберално-демократска партијаМитозаГоце ДелчевКоле НеделковскиНова либерална партијаСедум светски чуда на античкиот свет🡆 More