Платон

Платон (старогрчки: Πλάτων, Plátōn, „широк“; 424/423 п.н.е.

Заедно со својот учител, Сократ, и неговиот ученик, Аристотел, Платон е заслужен за поставување на темелите на западната филозофија и наука. Со зборовите на А. Н. Вајтхет:

Платон
Платон
Роден(а)428/427 или 424/423 п.н.е.
Атина, Грција
Починал(а)348/347 п.н.е. (возраст ок. 80)
Атина, Грција
ШколаПлатонизам

Најопштата одлика на европската филозофска традиција е тоа дека се состои од низа фусноти на Платон. Не мислам на систематскиот мисловен образец кои мислителите несомнено го иземале од неговите дела. Алудирам на богатството од општи идеии нафрлани на нив.

Платоновата писателска префинетост е очигледна во неговите т.н. Сократови дијалози; триесет и шест дијалози и тринаесет писма му се припишуваат нему. Неговите дела се препубликувани на повеќе различни начини; ова има доведено до одредени конвенции во однос на именувањето на неговите текстови. Платоновите дијалози се користат при предавања на мноштво предмети, како филозофија, логика, етика, реторика и математика.

Живот

Платон потекнувал од богато атинско аристократско семејство. Неговото вистинско име било Аристокле, но бил познат како Платон, што во превод од старогрчки значи „Широк“, а овој прекар го добил од својот учител по гимнастика. Тој се здобил со богато образование, а бил и многу физички развиен. Неговата голема љубов се викала Аркеанаса.

Едно време бил ученик кај приврзаник на Хераклит, но по запознавањето на Сократ, тој со воодушевување му се придружил и го следел до неговата смрт. По долготрајните патувања, дури на возраст од 40 годии, Платон започнал да подучува и да пишува при што неговата кариера продолжила во следните 40 години. Притоа, тој стекнал слава како најпознат ученик на Сократ, а по смртта на својот учител, Платон патувал во Египет и престојувал во Сиракуза, на Сицилија. Платон основал своја филозофска школа наречена „Академија“, која се одржала до 6 век. Според патописецот Павзанија, гробот на Платон се наоѓал во дворот на Академијата.

Платоновата филозофија

Платон во своите дела ги опфаќа сите гранки на филозофијата. Тој систематски се занимавал со неа разработувајќи онтолошка, гносеолошка, етичка, естетичка, политичко-социјална и друга проблематика. Творец е на систем на објективен идеализам. Тој ги критикува софистите и го отфрла субјективизмот и релативистичкиот сензуализам. Постои општа и нужна вистина која има апсолутно важење. Во своето учење за битието смета дека овој свет што ни е сетилно достапен и што го сметаме за објективно реален, не е таков каков што ни се чини. Всушност, овој свет е лажовен, нестварен, сенишен свет. Предметите и појавите дадени во нашите сетила се нетрајни, минливи, пропадливи, несовршени. Бидејќи такви, тие се всушност сенки на предмети на еден друг, вистински, реален, објективно даден, траен свет, на светот на идеите, нивни копии, нивни имитации. Единствено идеите можат да се наречат објективно постојни, во нив е сосредочено битието, неговата вечна истост, неразрушливост и несоздатливост. Платон смета дека идеите престојуваат во еден друг, различен од привидниот свет, во светот на идеите. Тој вели дека обичните луѓе се како оковани на дното на некоја пештера и се свртени надолу, а не накај сонцето и светлината и гледаат само на нејзиниот заден дел. Зад нив има канал, а на еден негов дел има параван на кој дефилираат разни мајсторски изработки, предмети на жива и нежива природа меѓу нив и луѓе. Светлината ги фрла сенките на подвижните предмети на ѕидот на пештерата. Плениците, бидејќи во неможност да се свртат сенките што ги гледаат, ги сметаат не за сенки, туку за вистински предмети. Философски образованите луѓе треба ги скинат оковите и да се свртат зад себеси. Тогаш тие ќе го согледаат вистинскиот свет на вистинските предмети - идеите. Сетилните ствари само поддржувајќи ги идеите имаат, каква-таква, реалност и доколку ова поддржување е поуспешно тие се поцврсти, потрајни, поубави, посовршени во својот род. Совршениот круг не може да се претстави со цртеж, ниту со некој предмет. Но според овој идеален или замислен круг, својата смисла ја добиваат сите други тркалезни предмети. Каде е неговата вистина, т.е. објективниот корелат? Платон не можел да го најде во сетилниот свет, па затоа измислил натсетилен (наднебесен) свет на идеите. Одговорот дека тварите се единство на општото и поединечното, Платон не можел да го прифати, бидејќи во тој случај се запаѓа во тешкотија да се сфати како општото е присутно во поединечното. За да дојдеме до познанието на идеите треба да се служиме со дијалектиката како метод, од една страна, на систематско делење на поимите и спојување на поделеното а, од друга, како умеење да се поставуваат прашања и на нив да се даваат правилни одговори.

Душата има три дела: чувствен, волев и разумен. Овие делови се наоѓаат во различна пропорција во секоја душа. Таа, душата, е бесмртна и различна од телото на кое, кога ќе се слее со него му дава живот, а кога ќе го напушти настапува смрт. Таа се сели од едно тело во друго, од едно суштество во друго за да на крајот како непоправлива се урне во Тартар (темна бездна според старогрчката митологија). На секој дел од душата му одговара по една добродетел: умереност, храброст и мудрост, соодветно.

Исто така, Платон сметал дека знаењето е добро, а незнањето е зло. Тој бил противник на демократијата и остар критичар на нејзините недостатоци. Тој сметал дека само најспособните треба да бидат на власт. Тој велел дека човекот е родно место на вистината, дека треба да ја бара во себеси. Човекот треба да вложи напор, да ризикува и да се жртвува за да дојде до вистината. Тоа е она епохалното, што Платон го придонел во филозофијата.

Во однос на жената, Платон сметал дека таа ги има истите способности како и мажот, само во помал број. Меѓутоа, во едно свое дело, тој се колеба дали жените да ги смести во луѓето или во животните.

Критички осврт кон творештвото на Платон

Според италијанскиот поет Џакомо Леопарди, меѓу писателите од златната ера на грчката книжевност, Платон се одликува со најотмен и најдотеран јазик и стил и може да се нарече првак во префинетоста на јазикот и грчкиот прозен стил. Притоа, според Леопарди, „Тимеј“ е најнејасното, а можеби и најдотераното дело на Платон, зашто го содржи целокупниот негов философски систем.

Значење и влијание

Една песна на полската поетеса Вислава Шимборска носи наслов „Платон, или поради што“.

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Платон ЖивотПлатон овата филозофијаПлатон Критички осврт кон творештвото на Платон Значење и влијаниеПлатон НаводиПлатон Надворешни врскиПлатонwikt:ΠλάτωνАристотелАтинаМатематичарСократСтара ГрцијаСтарогрчки јазикФилозоф

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

ГрипЗијадин СелаМомчило Бајагиќ-БајагаСпор за името помеѓу Македонија и ГрцијаГорјан ПетревскиНикола Димитров (дипломат)ГостиварКонстантин МиладиновГлас за МакедонијаВнатрешна македонска револуционерна организација - Демократска партија за македонско национално единствоКожичка на пенисСедум (филм)Дискус хернијаИнфрацрвена спектроскопијаРак на белите дробовиУстав на МакедонијаМогорчеСердаротИталијаБугаријаПере ТошевМесечинаОбединето КралствоКрушевска РепубликаРеферендум во Македонија (2004)Демократска алтернативаКсенофобијаДекарМакедонски претседателски избори (1999)Блаже КонескиМасакр кај ВејцеНационален парк МавровоБета-таласемијаПитом пелинРисто КрлеРоберт ПетковскиОпштина КумановоАнална фисураРак на желудникДонтов методАлијанса за АлбанцитеОпштина ТетовоСписок на македонски зборови од турско потеклоЈаглехидратЗагрозен видФосилМРСААлберт АјнштајнАна ФранкДенес над МакедонијаСписок на реки во МакедонијаМаксим ДимитриевскиСтевчо ЈакимовскиПустина (роман)Прекршување (физика)Овчи сипанициМалиот принцКрвна групаОксидационо-редукциона реакцијаНастинкаКафеава мечкаТито ПетковскиНикола ПопоскиТоме АрсовскиЕгејска МакедонијаТимчо МуцунскиГерманијаСловачкаТумор на мозокМакедонски претседателски избори (2014)АнгинаЛила СтојановскаТуберкулозаМитко ЧавковЧернобилОпштина СопиштеТетанус🡆 More