Старогрчка Филозофија

Старогрчка наука и филозофија не се имаат јавено без какво и да е влијание однадвор.

Тие се надоврзале на достигнувањата на источните народи, главно на Египет и Вавилон, со кои одржувале постојани трговски и други врски. Таму биле развиени науките, пред сè математиката и астрономијата. Таму било издигнато на завидна висина земјоделството и градењето на огромни мрежи од канали за користење на водите од Нил, Тигар и Еуфрат. Во Египет и Вавилон на високо ниво се развиле занаетите за изработка на разни предмети на метал, глина и ткаенини. Таму, исто така, доста се развиле уметностите, особено градежничката, ликовната и литературната. Старите Грци од 8 век п.н.е. до 2 век од н.е. и понатаму до пропаста на Рим до 5-иот век од н.е. се појавиле на историската сцена. Грците живееле на скудна почва, па за својот помин биле упатувани на морето и морепловството, за чиј развиток разгранетото грчко копно давало речиси идеални можности. Се граделе бродови се развивале разни занаети, а земјоделството давало производи со кои се тргувало внатре во Грција, а уште повеќе со други земји. Патувајќи од едниот крај на тогаш познатиот свет, во друг тие се среќавале со разни народи, се запознавале со нивните верувања, обичаи и сфаќања поинакви од своите, ги споредувале и сè повеќе се убедувале во нивното релативно значење, во тоа дека тие се човекова творба. Оттука е разбирливо што Грците развиле поинакви форми на општествено-политички односи. Наместо пространите деспотии се зацврстиле градовите - држави наречени полис. Највисок степен на развиток грчката култура достигнала во Атина, во времето на Перикле (средината на 5-иот век п.н.е.), кога робовладетелската демократија достигнала најпотполн развиток. Тоа бил златниот век на класичната уметност и филозофија, како своевиден израз на античката демократија, кога слободните граѓани располагале со политички права и моќ дотогаш невидени. Демократијата тогаш условувала воспитание и образование за постојан остар натпревар во сите области од јавниот живот, конкуренција на сили и способности.

Наводи

  • Учебник по филозофија за четврта година гимназиско образование.

Tags:

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Отворени листиМатка (кањон)ШизофренијаВиолинаТимчо МуцунскиГарванот (поема)КомуњарСрпска странка во МакедонијаЈужна ЕвропаВлада на Македонија од 1992Болести и аномалии на очитеМедузаОпштина КривогаштаниИзборна единица 5Град СкопјеРециклирањеПрометејУд (македонски)Кафеава мечкаМакедонски народни приказни (ТВ-серија)Големи и мали (роман)Попис на населението во Македонија (2021)Стојан АндовЕрих КестнерПневмонијаЕпилепсијаГРОМОпштина КичевоКрпен животСпецијална антитерористичка единица „Тигар“Граѓанска опција за МакедонијаГлаголЧетврта влада на Никола ГруевскиСкратеници во македонскиот јазикОпштина КумановоЧернобилска несреќаКичевоМагнетна резонанцијаТоме АрсовскиТигарАцо ШоповСузана СпасовскаОзонска обвивкаВоен конфликт во Македонија, 2001НеологизамРамазанЅвезда од КутлешМакедонски парламентарни избори, 1994ТелефонСписок на држави во светотМарокоСписок на реки во МакедонијаКипарПравоаголен триаголникСтароегипетска митологијаПолип на маткатаМакедонски ВласиОпштина НовациОпштина ГостиварАмазонБугарски возОслободителна војска на КосовоВолфганг Амадеус МоцартОпштина ТетовоСоцијалистичка Федеративна Република ЈугославијаПопулизамАнте ПоповскиОпштина КавадарциСтобиМамутчевоЃорге ИвановПелистерВардарДемократски сојузАлтернатива (политичка партија)Љупчо ЈордановскиВидови агли🡆 More