Тиренско Море: море

Тиренското Море (корзикански: Mari Tirrenu, француски: Mer Tyrrhénienne, италијански: Mar Tirreno, неаполски: Mar Tirreno, сардински: Mare Tirrenu, сицилиски: Mari Tirrenu) водна површина која претставува дел од Средоземното Море, т.е.

делот западно од копното на Италија.

Тиренско Море: Географија, Име, Поврзано
Карта на Италија со Тиренското Море

Географија

Морето се граничи со Корзика и Сардинија на запад, Тоскана, Лацио, Кампанија, Базликата и Калабрија на исток и Сицилија на југ.

Најголемата длабочина на морето изнесува 3785 m.

Тиренското Море се наоѓа близу местото каде што се среќаваат Африканската и Европската Плоча, па затоа во неговите длабочини има цели планински вериги и активни вулкани. Во јужниот дел од морето се наоѓаат осумте Липарски Острови, северно од Сицилија.

Граници

Според Меѓународната хидрографска организација, границите на Тиренското Море се следниве:

Во Месинскиот Проток. Линија што го поврзува северниот крај на ’ртот Пачи (15°42' ИГД) со источниот крај на островот Сицилија, ’ртот Пелоро (38°16' СГШ).

На југозапад. линија што се протега од ’ртот Лилибео (најзападно во Сицилија) до јужниот крај на ’ртот Теулада (8°38' ИГД) во Сардинија.

Во протокот Бонифачо. Линија од западниот крај на ’ртот Теста (41°14' СГШ) во сардинија, па до југозападниот крај ’ртот Фено (41°23' СГШ) во Корзика.

На север. Линијата што ги поврзува ’ртот Корс (или Корзо, 9°23' ИГД) во Корзика, со островот Тинето (44°01′N 9°51′E / 44.017° СГШ; 9.850° ИГД / 44.017; 9.850) и оттаму, низ островите Тино и Палмарија, па до ’ртот Сан Пјетро (44°03′N 9°50′E / 44.050° СГШ; 9.833° ИГД / 44.050; 9.833) на крајбрежјето на Италија.

Излези

Тиренското Море има пет излеза (од север кон југ):

Име

Името на морето доаѓа од грчкиот поим за Етрурците, кои се сметале за доселеници од Лидија, предводени од кнезот Тирен. Етрурците се населиле долж крајбрежјето на денешна Тоскана, и затоа морето се нарекувало уште и „Етрурско Море“.

Поврзано

Наводи

39°31′22″N 13°21′12″E / 39.52278° СГШ; 13.35333° ИГД / 39.52278; 13.35333

Tags:

Тиренско Море ГеографијаТиренско Море ИмеТиренско Море ПоврзаноТиренско Море НаводиТиренско МореВодна површинаИталијаИталијански јазикКорзикански јазикНеаполски јазикСардински јазикСицилиски јазикСредоземно МореФранцуски јазик

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

БаснаВодно растениеНатриум хидроксидЧленконогиДерматитГлигор ПоповскиБратиславаАутизамПертусисИндијаТумор на мозокГитараОпштина Демир ХисарХерпесИсторија на БугаријаРомски јазикДекамеронМухамедХепатит ЦОпштина ВаландовоКрсте Петков МисирковСузан АкбелгеКвадратШар ПланинаФилип РикерВикинзиРогачАнтон ПановРак на белите дробовиБедија БеговскаМерилендПМГ колективМенингитисОпштини во МакедонијаСписок на главни градови во ЕвропаРасказРајчицаЈајчникМислешевоНародноослободителна борба во Вардарска МакедонијаАпозиција во македонскиот јазикВизантијаЦрни и жолтиМакедонијаШвајцаријаДрагана МирковиќТриаголникТешкотоВоздушен коридорМакедонски претседателски избори (2024)МолскавициГалија (брод)Доктор ОфболиВртоглавицаМакедонски народен театарГоран СтефановскиВрхбоснаЈан Амос КоменскиДанела АрсовскаЏ. Р. Р. ТолкинКралот Лир27 мартБајкаМоралМозочно крвавењеЕнергијаАјдучка треваКорошиштаРакометФилиз АхметПеш по светотФолклорСмоларски ВодопадОпштина СтуденичаниСтрујно колоКирил ПејчиновиќМирко Попов🡆 More