Тиква

Тикви се едногодишни растенија од фамилијата Cucurbitaceae.

Тиква
Тиква
Научна класификација
Царство: Plantae
Оддел: Magnoliophyta
Класа: Magnoliopsida
Ред: Cucurbitales
Семејство: Cucurbitaceae
Потсемејство: Cucurbitoideae
Племе: Cucurbiteae
Род: Cucurbita
Тиква
Тиква
Семки од тиква (созреано)

Потекнуваат од Средна Америка. Познати се повеќе видови, а позначајни се:

  • обична,
  • готварска (Cucurbita pepo var. cylindrica),
  • мускатна (Cucurbita moshata) и
  • печенка (Cucurbita maxima).

Тиквите се одгледуваат заради плодовите кои содржат сува материја (8-16%), а во неа има: шеќери (3–8%), пектини (0,3–0,8%), азотни материи (0,3-1,2%), каротин (20%). Се консумираат варени, пржени или печени. Мускатната се користи и како додаток во сокови и за детска храна. Семето е богато со масло, кое се користи во индустријата. Се одгледуваат на отворено. Тие се топлољубиви, оптималната температура за интензивен раст и развој е 25-30 степени Целзиусови.

Морфолошки својства

Корен

Тиквата има добро развиен коренов систем кој достигнува длабочина преку еден метар. Главната коренова маса е развиена на длабочина од 50 см.

Стебло

Стеблото на тиквата е зелјесто, разгрането, обраснато со мов. На стеблото може да има боцки. Должината на главното стебло достигнува од 3-4 метри. Обичната и мускатната тиква имаат цилиндрично стебло, додека бундевата има петоаголно стебло. Интернодиите кај тиквичката се многу кратки и таа формира жбунесто стебло. На коленцата на стеблата можат да се формираат адвентивни корења.

Лист

Листот на тиквата е крупен со долга дршка.

Цвет

Тиквата развива машки и женски цветови. Машките цветови се формираат на долги тенки дршки, додека женските се формираат на куси дршки и изгледаат како да се насадени на дршката.

Плод

Плодот на тиквата е бобинка со сферична, елипсовидна, цилиндрична, сплескана крушковидна и др. Бојата на плодот е сортна особина и може да биде различна портокалова, жолта, бела. Плодот може да достигне тежина над 50 кг.

Семе

Семето на тиквата е елипсовидно, сплескано со различна големина. Семето на тиквата ‘ртливоста ја задржува 3-4 години.

Тиквата како храна

Тиква 
Супа од тиква

Супа од тиква

Кру­шо­вид­ни­те ти­кви се иде­ал­ни за крем-су­па. Во сту­де­ни­те есен­ски де­но­ви крем-су­па­та од­лич­но за­гре­ва, хран­ли­ва е, се пре­по­ра­чу­ва за до­ен­чи­ња што поч­ну­ва­ат да ја­дат твр­да хра­на. Во­зрас­ни­те мо­жат да си до­да­дат јо­гурт или ки­се­ло мле­ко, а ме­не ми е нај­вкусна со пот­пе­че­ни леп­чи­ња во рер­на. Ти­ква­та, ком­пи­рот и мор­ко­вот из­ми­е­ни и из­лу­пе­ни се се­чат на по­го­ле­ми пар­чи­ња. Кро­ми­дот, лу­кот, це­ле­рот и па­шка­на­тот се ста­ва­ат це­ли во ло­нец со во­да. Се ва­рат за­ед­но 30-40 ми­ну­ти. По­тоа си­те со­стој­ки се дро­бат, до­де­ка не ста­нат ка­ко ка­ша. На крај се до­да­ва во­да­та во ко­ја се ва­рел зе­лен­чу­кот. За вкус се до­да­ва мал­ку мас­ли­но­во мас­ло, сол, црн пи­пер и мор­ско орев­че.

Печена тиква

Го­ле­ми­те тикви се идеални за пе­че­ње. Тиквата треба да се из­мие уба­во, да се пре­се­че­ на пар­чи­ња, да се на­ре­деат во та­ва, да се ста­ви мал­ку во­да на дно­то од та­ва­та и да се по­крие со фо­ли­ја за го­тве­ње. При кра­јот од пе­че­ње­то, са­мо треба да се трг­не­ од фо­ли­ја­та, кол­ку да фа­тат ко­рич­ка. Исто така сем­ки­те од ти­ква­та ни­ка­ко не се за фр­ла­ње. Тие требаат само да се ис­чи­стат уба­во од кон­ци­те од ти­ква­та, да се по­со­лат и да се стават пра­во во рер­на. По не­кое вре­ме се добиваат сем­ки за гриц­ка­ње.

Тикварник

Тикварникот е десерт кој се подготвува од тиква со млеко и јајца. Вообичаен е во есенските и зимските месеци.

Тиквеник

Тиквеникот е вид пита или баница со тиква.

Биолошки својства

Агротехника

Тиквата како тема во уметноста и во популарната култура

Наводи

Tags:

Тиква Морфолошки својстваТиква та како хранаТиква Биолошки својстваТиква та како тема во уметноста и во популарната култураТиква НаводиТикваСредна Америка

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Општина ОхридТито ПетковскиЗмијаЈордан МијалковМеѓународен ден на трудотОпштина КавадарциДенес над МакедонијаОпштина ИлинденМакедонски претседателски избори (1994)Стефан ЛазаровНикола ПопоскиПиреј (роман)Црни и жолтиПечалбариКрива ПаланкаСојузни држави на САДСкопски аквадуктВтора светска војнаСписок на македонски народни поговоркиТумор на мозокВакцина против тетанусУставен суд на МакедонијаАлцхајмерова болестСписок на дипломатски претставништва на МакедонијаХолокаустВодочки манастирСреден векЛокални избори во Македонија (2000)ПролетМакедонски парламентарни избори (2002)МоскваЗагрозен видВанчо НиколескиКарлес ПуџдемонГордана Силјановска-ДавковаЧовечки папиломен вирусОНААли АхметиОпштина ЛипковоПетар Поп АрсовАна ФранкКочо РацинВиножитоМоликаДвижење БесаРадишаниМакедонски претседателски избори (2004)Цер (село)ЕвропаСрцева слабостФашизамПсоријазаКамен мост (Скопје)Роднински односиЉупчо ЈордановскиЛавКубаНикола ГруевскиКанадаРационализамАвтомобилски регистарски таблички во МакедонијаЗемја (планета)Главна страницаДекларацијаБукурешки договор (1913)Специјална антитерористичка единица „Тигар“ЕндометриозаСрпска напредна странка во МакедонијаОпштина Крива ПаланкаОхридска пастрмкаЈужна ЕвропаРимско ЦарствоОпштина АеродромГолосеменициПопулизамОпштина КрушевоВоен конфликт во Македонија, 2001🡆 More