Мов

Мововите — зелени растенија приспособени за живот на копно.Макар што за нивното размножување е потребно присуство на вода, и затоа најдобро се развиваат на влажни биотопи.

Мовови
Bryophyta
Период: Перм до денес
Мов
Карпа обрасната со мов
Научна класификација
Царство: Plantae
Оддел: Bryophyta
Класи
  • Takakiopsida
  • Sphagnopsida
  • Andreaeopsida
  • Andreaeobryopsida
  • Oedipodiopsida
  • Polytrichopsida
  • Tetraphidopsida
  • Bryopsida

Мововите со попроста организација имаат талусна градба, а кај листостеблените мовови се разликуваат ризоиди, стебло и ливчиња. Ризоидите се специјални влакненца кои служат за прицврстување на растението и за примање на вода. Мововите со ризоидите само делумно се снабдуваат со вода бидејќи ја примаат непосредно со површината на целото тело.

Половата генерација или гаметофит е основна и доминантна генерација на растението, а бесполовата - спорофитот е послабо развиена.

Вегетативното тело со репродуктивните органи ја претставува гаметофитната генерација, додека спорофитот е претставен со дршка со спорангиум и не е самостојно растение, туку живее полупаразитски на гаметофитот.

Мововите се растенија кои се широко распространети во природата. Тие живеат на разновидни почви, меѓутоа најчесто на тресетна подлога, мочурливи ливади, шумски мочуришта, водопади, влажни камења итн.

Во врска со филогенијата на мововите, едни сметаат дека водат потекло од зелените алги, а други од псилофитите. Еволуцијата во самата група на мововите одела кон редуцирање на спорофитот.

Мовта како мотив во книжевноста

Надворешни врски

Наводи

Tags:

БиотопЛистРазмножувањеРастенијаСтеблоТалусен мов

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Распад на СФРЈСвети Климент ОхридскиСвети Наум (манастир)Радмила ШекеринскаВодаСписок на македонски зборови од турско потеклоХемофилијаНАТОДанте АлигиериВолфганг Амадеус МоцартНасилствоОпштини во МакедонијаЛарингитисДрачевоМакедонски пасошЛазар КолишевскиПиринејски ПолуостровЕнциклопедијаОбединето КралствоКлеопатраTrackBackТунисХомеопатијаФранческо ПетраркаВагинален исцедокПневмонијаАлпиУбиства кај СмилковциСупстанцијаВоен конфликт во Македонија (2001)Крушевска РепубликаДимче МешковскиТеодосиј СинаитскиИзборна единица 1Влада на МакедонијаПланетаЈордан МитевРадовишАзијаСузана ТурунџиеваСрбијаТри сестриГрчка кујнаХепатитПустинска климаВасил ИљоскиАтанас БадевМасонска ложаДојранИзборна единица 5КратовоХипофизаСлавко ЈаневскиТигарРак на усна празнинаСедум светски чуда на античкиот светПроизвод (математика)Антифашистичко собрание на народното ослободување на МакедонијаБилјана ВанковскаВиолета ТомовскаМасакр кај ВејцеАлберт АјнштајнПроста реченицаГемиџииРазловечко востаниеНадбубрежна жлездаБилирубинРадикаОпштина КичевоМакедонска кујнаМакедонски парламентарни избори (2008)Загадување на воздухотКокино (наоѓалиште)КумановоБисера Костадиновска-СтојчевскаВтора светска војнаАутизам🡆 More