Баница: село во Општина Струмица

Баница — село во Општина Струмица, на 2 километри од градот Струмица.

Баница
Баница: Географија и местоположба, Историја, Стопанство
Баница во рамките на Македонија
Баница: Географија и местоположба, Историја, Стопанство
Баница
Местоположба на Баница во Македонија
Баница на карта
Координати 41°26′43″N 22°36′29″E / 41.44528° СГШ; 22.60806° ИГД / 41.44528; 22.60806
Општина Струмица
Население 1.191 жит.
(поп. 2021)

Шифра на КО 27003
Надм. вис. 250 м
Слава Ѓурѓовден
Баница на општинската карта
Баница: Географија и местоположба, Историја, Стопанство

Атарот на Баница во рамките на општината
Баница: Географија и местоположба, Историја, Стопанство Баница на Ризницата

Географија и местоположба

Баница: Географија и местоположба, Историја, Стопанство 
Амам на Мехмед Ага
Баница: Географија и местоположба, Историја, Стопанство 
Стара џамија
Баница: Географија и местоположба, Историја, Стопанство 
Подрачно училиште „Сандо Масев“

Баница се наоѓа во југоисточниот дел на Република Македонија. Од најблискиот град Струмица е оддалечен 2 километри.

Надморската височина во селото е 250 метри а површината на селото изнесува 742 ха.

Селото се граничи со Струмица, Попчево, Водоча, Добрејци, Ангелци, Градошорци.

Историја

Византиски период

Во почетокот на 9 век, за време на византискиот цар Никифор I во Струмичко било населено христијанско население од градот Тибериопол кој се наоѓал во областа Витинија во Мала Азија. Според В. Златарски овие малоазиски колонисти подигнале нова населба, на просторот меѓу денешните села Баница и Водоча, на која и го дале името Тивериопол, а во спомен на својата дотогашна постојбина

Османлиски период

Селото се споменува во отомански регистри од XVI век како Шехр Азад, или во превод „спасен град“. Во отоманските даночни регистри на немуслиманското население од вилаетот Малешева од 1621-1622 година, селото е наведено под името Баниче со 4 домаќинства.

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Баница се состоела од 30 семејства од кои 96 Македонци и 18 муслимани Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Баница имало 320 жители од кои 120 Македонци и 140 Турци и 60 Роми

Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 96 Македонци.

Селото Баница во почетокот на XX век било типично чифлиско село.

Југословенски период

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Кралство СХС, и подоцна Кралство Југославија. Во селото се населиле мал број на колонисти од Србија.

Во текот на Втората светска војна од селото како припадници на партизански одреди загинале Ѓорѓиев Киро и Ѓорѓиев Васил.

Стопанство

Атарот зафаќа простор од 7,3 км2. На него обработливото земјиште зазема површина од 413 ха, на пасиштата отпаѓаат 112,6 ха, а на шумите 260,7 ха. Селото има полјоделска функција.

Население

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948680—    
1953601−11.6%
1961729+21.3%
1971895+22.8%
19811.086+21.3%
ГодинаНас.±%
19911.283+18.1%
19941.163−9.4%
20021.137−2.2%
20211.191+4.7%

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 300 Македонци и 50 Турци.

Во 1953 година селото имало 601 жител, од кои 520 Македонци и 78 Турци. Во 1961 година, бројот на жители бил 729 од кои 718 Македонци и 10 Турци. Според пописот од 1971 година во селото живееле 897 жители, додека според пописот од 1981 - 1086 жители..

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 1.137 жители, од кои 1.129 Македонци, 2 Срби, 1 Бошњак и 5 останати.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 1.191 жител, од кои 438 Македонци, 3 останати и 750 лица без податоци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 320 96 680 601 729 895 1.086 1.283 1.163 1.137 1.191

Општествени установи

Баница: Географија и местоположба, Историја, Стопанство 
Струмин гроб

Во селото работи подрачното Основно училиште - Сандо Масев.

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постојат избирачките места бр. 1763, 1763/1 според Државната изборна комисија, сместени во основното училиште.

На претседателските избори во 2019 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 1.347 гласачи.

На Македонски парламентарни избори во 2020 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 1.361 гласач.

Културни и природни знаменитости

На северниот крај од селото се наоѓа Струмин гроб, средновековен или антички гроб, за кој постојат повеќе легенди. Исто во селото Баница има две православни цркви св. Ѓорѓи и св.Димитар кој св.Ѓорѓи се наоѓа на надморска височина од 300m, а св.Димитар близу центарот на селото.

Во селото Баница има џамија која ја посетуваат припадниците на муслиманската вера. Некогаш во селото постоела и џамија која денес е напуштена.

Во селото се наоѓаат следните археолошки наоѓалишта:

Спорт

Првата кожна фудбалска топка во струмичкиот регион била набавена во селото Баница, што останала кај некој селанец од англиските војници во текот на Првата светска војна. Група младинци ја откупиле од селанецот и долго играле. Неколку години потоа се одржувале натпревари на „дивите" маалски клубови по празните места на Струмица опожарена во 1913 година.

Личности

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Баница Географија и местоположбаБаница ИсторијаБаница СтопанствоБаница НаселениеБаница Општествени установиБаница Самоуправа и политикаБаница Културни и природни знаменитостиБаница СпортБаница ЛичностиБаница НаводиБаница Надворешни врскиБаницаОпштина СтрумицаСелоСтрумица

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Радмила ШекеринскаСпор за името помеѓу Македонија и ГрцијаБелгијаПеколот (Божествена комедија)СрбијаЗајакЗоран ЗаевМакедонски парламентарни избори, 2002ПростатаБисера Костадиновска-СтојчевскаОче нашПрва влада на Зоран ЗаевИзборна единица 4Парите се отепувачкаРајко ЖинзифовИзборна единица 3Општина ДолнениШар ПланинаГолеми и мали (роман)ОхридДесет Божји заповедиКрвна групаТрајко ВељаноскиСтојан АндовВаршавски договорМиле ЈаневскиРастенијаАнална фисураДонтов методЧешкаСтаромакедонски јазикЛокални избори во Македонија (1996)Борис ПисториусЛасерРак (болест)АДХДСтево ПендаровскиЕндометриозаОдбојкаПустина (роман)Никола ГруевскиЕгејска МакедонијаМакедонски претседателски избори (2024)Панонски легендиАвстралијаУставен суд на МакедонијаНебо од ванила (филм)ТЕЦ „Неготино“Република МакедонијаБРИКСМаксим ДимитриевскиИлинка МитреваРомео и ЈулијаДемографија на МакедонијаСулфур диоксидСДСМРечник на стари македонски зборовиРимГ’зим ОстрениУкраинаПсоријазаДенес над МакедонијаМатка (кањон)Азот (област)Љубе БошкоскиОпштина СтругаВтора влада на Бранко ЦрвенковскиМакедонски парламентарни избори (2006)Александар III МакедонскиХристијанствоСилвио ПиколоминиПере ТошевТетанусКарлес ПуџдемонХороскопски знациДекарОхридски рамковен договор🡆 More