Стојаково: село во Општина Богданци

Стојаково — село во Општина Богданци, во областа Бојмија, во околината на градот Богданци.

Стојаково
Стојаково: Географија и местоположба, Историја, Стопанство

Сретселото во Стојаково

Стојаково во рамките на Македонија
Стојаково: Географија и местоположба, Историја, Стопанство
Стојаково
Местоположба на Стојаково во Македонија
Стојаково на карта
Координати 41°9′20″N 22°34′39″E / 41.15556° СГШ; 22.57750° ИГД / 41.15556; 22.57750
Регион Стојаково: Географија и местоположба, Историја, Стопанство Вардарски
Општина Стојаково: Географија и местоположба, Историја, Стопанство Богданци
Област Бојмија
Население 1.451 жит.
(поп. 2021)

Пошт. бр. 1488
Повик. бр. 034
Шифра на КО 06029
Надм. вис. 60 м
Стојаково на општинската карта
Стојаково: Географија и местоположба, Историја, Стопанство

Атарот на Стојаково во рамките на општината
Стојаково: Географија и местоположба, Историја, Стопанство Стојаково на Ризницата

Географија и местоположба

Стојаково: Географија и местоположба, Историја, Стопанство 
Главната улица во селото

Населбата се наоѓа во областа Бојмија, во јужниот дел на Гевгелиско-валандовската Котлина, на територијата на Општина Богданци, чиј атар на тесен дел се допира со државната граница со Грција. Всушност, селото лежи на левата страна на реката Вардар, недалеку од автопатот Скопје-Гевгелија, а на самиот локален пат кон Богданци. Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 60 метри. Од градот Гевгелија е оддалечено 8 километри.

Атарот е голем и зафаќа површина од 27,4 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 1.731 хектар, на пасиштата отпаѓаат 644 хектари, а на шумите 141 хектар.

Историја

Територијата на која лежи Стојаково била населена уште од античко време, а за тоа сведочат многубројните археолошки наоди пронајдени во негова близина.

Првобитната локација на Стојаково се наоѓала крај месноста Шипков Дол, во близина на денешната населба. Старото име на оваа населба е Трнова. Но, пред неколку векови со пустошењето на болеста чума, жителите на ова место биле принудени да ги напуштат своите родни огништа и да побараат ново место на кое ќе подигнат нова населба. Местото на кое се населиле е всушност денешната територија на која се наоѓа Стојаково.

Името Стојаково било дадено подоцна од причини што оваа населба се наоѓала на главниот пат, кој поврзувал важни региони (пат користен уште од антиката, Белград - Солун), па така тука во ановите останувале и отспивале голем број на трговци кои биле на пат. Првобитно бил нарекуван Стојакот (место каде што се останува, се стои, за подоцна да биде именувано како Стојаково, име кое и ден денес се користи).

Во XIX век, Стојаково било христијанско село во рамките на Гевгелиската каза на Отоманското Царство.

Селото било тешко оштетено при Валандовскиот земјотрес во 1931 година.

Вкупно 4 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.

Стопанство

Селото има полјоделско-сточарска функција.

Населението во Стојаково претежно се занимава со одгледување на земјоделски производи (најмногу раноградинарски) пред сѐ поради погодната топла клима и силните средоземни влијанија кои продираат во овој регион. Исто така е застапено и одгледувањето на винова лоза од кое се прозведува квалитетно вино и ракија.

Население

Население во минатото
ГодинаНас.±%
19481.566—    
19531.646+5.1%
19611.933+17.4%
19712.063+6.7%
19812.125+3.0%
ГодинаНас.±%
19912.048−3.6%
19942.041−0.3%
20021.931−5.4%
20211.451−24.9%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Стојаково имало 1.520 жители, од кои 1.350 Македонци, 80 Турци и 90 Роми. По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Стојаково имало 1.724 жители.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 1.350 Македонци.

Стојаково е големо село, коешто во 1961 година имало 1.933 жители, од кои 1.815 биле Македонци, а 101 Србин. Во 1994 година, бројот се зголемил на 2.041 жител, од кои 2.010 жители Македонци, а 23 жители Срби.

Според пописот од 2002 година, во селото Стојаково имало 1.931 жител, од кои 1.890 Македонци, 36 Срби, 1 Влав и 4 останати.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 1.451 жител, од кои 1.363 Македонци, 1 Турчин, 1 Влав, 12 Срби, 3 останати и 71 лице без податоци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 1.520 1.724 1.566 1.646 1.933 2.063 2.125 2.048 2.041 1.931 1.451

Општествени установи

Стојаково: Географија и местоположба, Историја, Стопанство 
Спортската сала изградена во дворот на училиштето
    Образовни
    Општествени
    Здравствени
  • Амбуланта
    Културни
  • Дом на културата

Самоуправа и политика

Селото влегува во рамките на Општина Богданци, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Богданци.

Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Стојаково, во која влегувале селата Селемли и Стојаково.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Богданци, во која покрај селото Стојаково се наоѓале градот Богданци и селата Богородица, Ѓавато и Селемли.

Во периодот 1955-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Богданци.

Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Гевгелија.

Избирачко место

Во селото постојат избирачките места бр. 368 и 369 според Државната изборна комисија, сместени во основното училиште.

На претседателските избори во 2019 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 1.379 гласачи.

Културни и природни знаменитости

Штрковски гнезда

Во 2016 година енормно се зголемил бројот на штркови кои прават свои гнезда во селото. Поради ова жителите на Стојаково планираат покренување на иницијативи овие птици преселници да станат нивен заштитен знак, да се крстат семејствата штркови и да се собираат информации за нив - од каде доаѓаат, колку време престојуваат, колку принови имале и слично.

Местната заедница во Стојаково заедно со Македонското еколошко друштво направиле евиденција на гнездата и штрковите со помош на дрон. Летото во 2018 година биле изброени 208 штркови на 37 гнезда, 74 стари, а 134 млади.

Во селото освен на секој електричен столб и бандера, гнезда на штрковите има и на објекти. Поради нив Стојаково е посетувано од луѓе кои доаѓаат да ги фотографираат штрковите од близу. Местната заедница планира за таквата цел да се подигнат и две посматрачници.

    Цркви

Редовни настани

  • Првомајски традиционални трки — трки во повеќе дисциплини, како трка со коњи, трка со магариња, трка на сто метри (јуниори и сениори во машка и женска конкуренција), скокање со вреќи, трка со ролерки (почнувајќи од 2007 г.), трка на 3.000 метри, трка со велосипеди и влечење со јаже.

Личности

    Родени во Стојаково
  • Антон Стојанов (? - 1903) — македонски револуционер, деец на ВМОК;
  • Христо Попов (1862-1933) — правник и политичар.
  • Стефан Мандалов (1875 - 1903) — македонски револуционер, војвода на ВМОРО;
  • Стојан Мандалов (1897 - 1933) — македонски револуционер, војвода на ВМРО;
  • Димитар Ќорнаков (р. 1927) — историчар на уметноста;
  • Анѓел Пеев (р. 1930) — македонски дигестивен хирург, редовен професор на Медицинскиот факултет во Скопје
  • Васил Тоциновски (р. 1946) — македонски научник и писател;
    Починати во Стојаково
  • Зафир Макаресов (? - 1907) — македонски револуционер
  • Стојан Мандалов (1897 - 1933) — македонски револуционер, војвода на ВМРО.

Култура и спорт

Во селото постојат повеќе спортски друштва, како:

  • Риболовно друштво „Риболовец“
  • Фудбалски клуб „Пролетер“
  • Ловечко друштво „Тигар“
  • Спортско друштво „Цико“

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Стојаково Географија и местоположбаСтојаково ИсторијаСтојаково СтопанствоСтојаково НаселениеСтојаково Општествени установиСтојаково Самоуправа и политикаСтојаково Културни и природни знаменитостиСтојаково Редовни настаниСтојаково ЛичностиСтојаково Култура и спортСтојаково ГалеријаСтојаково НаводиСтојаково Надворешни врскиСтојаковоБогданциБојмијаОпштина Богданци

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Систем за варењеМакедонски ВласиМитологијаПротестантствоХристијанствоТуризамОпштина ЗелениковоЦар СамоилДишен системГоран СтефановскиБелото ЦиганчеМеѓународни празнициГлаголицаИвона ТалевскаМахидевранКактусиОтоманска МакедонијаАртрозаКорошиштаВолшебното самарчеПингвинЈосип Броз-ТитоМагнетЕдгар Алан ПоМечкин КаменФудбалЛокални избори во Македонија (2021) — Град СкопјеИлијадаМалиот принцТоме АрсовскиПридавкаБорис ТрајковскиКрвен притисокАјкулаСписок на македонски филмовиВрхбоснаСтара ГрцијаШвајцаријаСтруен ударСилаВелесТокиоФлејтаКоле ЧашулеИменки во македонскиот јазикПланетите во астрологијатаБледски договор (1947)Стара скопска чаршијаОпштина Чучер-СандевоАлбанијаТоплинаПрилепМоравска мисијаРимБалетОлимписки боговиСписок на македонски народни поговоркиПрометејБаклаваРазловечко востаниеДијана (принцеза од Велс)Општина ЛипковоОпштини во МакедонијаСедум светски чуда на античкиот светЕвропска УнијаИзет МеџитиИзраелВитамин Б6АВНОЈАхилГерманијаЕлектричен автомобилСтевчо ЈакимовскиЗборник на МиладиновциТаџикистанСолун🡆 More