Соломон

Соломон (хебрејски: שְׁלֹמֹה) — последниот од трите цареви на Израелско-јудејското Царство, кое го наследил од својот татко Давид.

Соломон е всушност, според Библијата, вториот син на Давид и Вирсавија.

Соломон
שְׁלֹמֹה
Крал на Израел
Соломон
Крал Соломон на старост (1866)
Гистав Доре
На престол971 - 931 п.н.е.
ПретходникДавид
НаследникРовоам
ДецаРовоам
ДинастијаДавидова лоза
ТаткоДавид
МајкаВирсавија

Животопис

Во Библијата, пророкот Натан му соопштува на Давид дека е Божја желба неговиот прв роден син да умре како казна за убиството на Уриј Хитита. По еднонеделниот пост и молитва, Давид ја добил веста дека неговиот син е мртов и дека е роден нов син, Соломон.

Со своето царство тој управува во средината на 10 век пр.н.е. Името Соломон (Шломо) значи „мирољубив“, а доаѓа од хебрејскиот збор „Шеломох“ (арапски: „Сулејман“). Името коe му било дадено на Соломон од бог е (што значи „од Бога љубен“) па така некои истражувачи сметаат дека е Соломон „кралско име“, кое му е доделено пред самата смрт или пред доаѓањето на престол на самиот Соломон. Името на Соломон се поврзува со периодот на владеење на мирот во Израел за време на неговото владеење. Во времето на Соломон, Древен Израел станува една од најголемата воена сила, при што ги присоединува соседните области од долината на Еуфрат до границите на Египет. Државата, создадена од него, се распаѓа малку по неговата смрт.

Соломон 
Лука Џордано: Сонот на Соломон: Господ му ветува мудрост на Соломон

Голем дел од гледиштата за Соломон се од Библијата, при што малку подоцна се заклучува дека некои од книгите во Библијата се токму на („Проповедник“ и „Песна над песните“). Во Библијата, Соломон е опишан како голем мудрец, богатство и моќ, но во исто време е обвинуван за толерантноста кон многубројните жени, кои јудаизмот го примале вера.

За време на неговото владеење, Израел доживеал голем економски подем. Со Египет и Арабија постоеле копнени односи а со Шпанија, Јужна Индија и некои области од Африка- морски. Соломон управувал со Ерусалим и бил првиот цар, кој решил да се изгради храм во градот. Соломон е бил човек кој се одликувал по своите мудри изреки. Така, од многу земји од целиот свет доаѓале многу народ сè со цел да ги слушнат изреките на Соломон. Тоа го сторила кралицата Македа од Шиба, каде Соломон ја прекрстил и ја насочил кон верата на Богот Абрахамов. Соломоновите мисли се содржаат во народните поговорки и преданија иако не е можно според многу истражувачи на еден човек да му се препишат толку многу мудрости.

За слабеењето и пропаста на Соломонското царство бил крив, според многумина и самиот Соломон, кој започнал да се вовлекува самиот себеси во големите облици на идололоклонствата кој биле спротивни од верските закони. Така, со овој акт, пророкот на Соломон му предвидел дека неговото царство ќе се распадне на два дела (Израел и Јудеја) и дека неговиот син, Ровоам, ќе ги исплати сите негови гревови кои ги направил во текот на своето владеење. Соломон умира после четириесет годишно владеење и бил закопан во Ерусалим.

Соломон исто така се појавува и во Коранот, но под името Сулејман.

Соломон како тема во уметноста и во популарната култура

  • „Тројцата браќа-ѓаволи и цар Соломон“ — македонска народна приказна.
  • „Мајката го проколнала Соломон“ (српски: Соломуна проклела мати) — српска народна приказна.
  • „Соломоновата песна“ — книга на американската писателка Тони Морисон.
  • „Глас Соломона“ — песна на македонскиот писател Славко Јаневски од 1966 година.

Поврзано

Наводи

Соломон
Давидова лоза
Помлада гранка на Јудиното племе
Претходник
Давид
Цар на Израелско-јудејското царство
971 п.н.е. – 931 п.н.е.
Наследник
Ровоам
во Јудеја
Наследник
Јеровоам I
во Израил

Tags:

Соломон ЖивотописСоломон како тема во уметноста и во популарната култураСоломон ПоврзаноСоломон НаводиСоломонБиблијаДавидХебрејски јазик

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

КумановоЧир на желудникотКанцониеротТунисОпштина БрвеницаИзборна единица 6Бугарска пропаганда во МакедонијаАнгинаТелефонГоце ДелчевДемократска обнова на МакедонијаПавле АрсоскиВлада на Талат ЏафериКостадин КостадиновУстав на МакедонијаЃорѓија ПулевскиКоле ЧашулеРак на желудникГолосеменициСтобиЗемји членки на Европската УнијаВиртуелна машинаБојан ЈовановскиСардинијаМинистер за финансии на МакедонијаВасил ИљоскиДемократски сили на РомитеКубаВолфганг Амадеус МоцартБиблијаКаролина Ристова - АстерудПочваЛокални избори во Македонија (2009)Области во КазахстанСоветски СојузАлжирСтефан ЛазаровДимитар МиладиновОпштина КумановоСиндром на стекнат имунолошки дефицитПустина (роман)Парадоксот на ДиогенМакедонско востаниеЏек ЛондонЛиберално-демократска партијаМендух ТачиСвети Кирил и МетодијПсоријазаОпштина Кисела ВодаГригор ПрличевАдаптација (биологија)Социјалдемократска унијаКрешник БектешиКисел дождВоен конфликт во Македонија, 2001Јулијански календарАна ФранкГрегоријански календарЈужна ЕвропаОпштина ИлинденДудукДаниел ДефоЗоран ЗаевСеверна АмерикаПолскаСписок на главни градови во светотПоделба на гласовите во македонскиот јазикДомашно говедоГустав ШвабЕгејска МакедонијаГрцијаМакедонски парламентарни избори (2016)Внатрешна македонска револуционерна организација (Автономистичка)Речник на стари македонски зборовиИлинденско востаниеСамоилово ЦарствоСрцева слабостДунав🡆 More