Рајца: село во Општина Ресен

Рајца — село во Општина Ресен, во областа Долна Преспа, во околината на градот Ресен, сместено во близина на брегот на Големото Преспанско Езеро.

Рајца
Рајца: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја

Поглед на селото Рајца

Рајца во рамките на Македонија
Рајца: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја
Рајца
Местоположба на Рајца во Македонија
Рајца на карта
Координати 41°00′7.92″N 21°03′42.18″E / 41.0022000° СГШ; 21.0617167° ИГД / 41.0022000; 21.0617167
Регион Рајца: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја Пелагониски
Општина Рајца: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја Ресен
Област Долна Преспа
Население 51 жит.
(поп. 2021)

Пошт. бр. 7310
Повик. бр. 047
Шифра на КО 23035
Надм. вис. 880 м
Слава Мала Богородица
Рајца на општинската карта
Рајца: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја

Атарот на Рајца во рамките на општината
Рајца: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја Рајца на Ризницата

Потекло на името

Во врска со името на селото, Влоѓимјеж Пјанка ја истакнува можноста дека произлегува од словенскиот збор „раја“ што значи мирна вода, мочуриштен терен, блато и слично, или е изведено од личното име Рајо со додавање на наставката „-јца“. Рајчани сметаат дека нивното село името го носи по некојси човек Рајчан, кој прв се доселил и подигнал свој дом за живеење на тоа место.

Географија и местоположба

Селото е сместено на крајниот североисточен дел од Големото Преспанско Езеро, на котлинскиот дел од подножјето на планината Баба, од левата страна на патот Макази-Маркова Нога (македонско-грчка граница), на надморска височина од околу 880 метри.

Рајца: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја 
Поглед од влезот на селото заедно со подножјето на планината Баба

Рајца претставува преместено село. Како негова претходна местоположба се споменува месноста Селиште на околу 1 километар источно од денешната, на која сè уште постојат видливи остатоци од разурната црква и гробишта. Времето и причините за неговото преместување не се познати и само се претпоставува дека тоа се случило во текот на XVIII век, најверојатно како изразена потреба за доближување до плодните обработливи површини и патната комуникација. Рајчани тврдат дека дел од нив се доселени од некогашното село Скочино.

Рајца се граничи со следниве села: со Грнчари на север, со Курбиново на исток и на југ и со селото Асамати на запад.

Атарот на Рајца зафаќа површина од 461 хектар (околу 4,61 км2) и зафаќа рамничарско плодно и ридско-планинско земјиште обраснато со листопадна шума (даб, бука, леска и др.). Во 1953 година на некои месности е засаден бор. Селото располага со скромни високопланински пасишта. Од вкупната површина на атарот: 144,3 хектари се обработливо земјиште, 103,8 хектари пасишта и 198,5 хектари шума.

Низ атарот на селото тече мал безимен поток, кој во летниот период целосно пресушува.

Рајца е село од собран тип со околу 25 куќи, сите обновени (доградени, приградени, надградени, новоизградени), внатре современо опремени. Преовладуваат белите фасади. Околу куќите постојат дворни места во кои се наоѓаат стопански и други објекти (тремови, фурни, бунари, штали, плевни, гаражи, магацини и др.).

Историја

Рајца е старо христијанско село во кое отсекогаш живееле православни Македонци. Под различни облици на денешното име (Раица, Раитца, Раичино, Раици и Рајца) неговото постоење е забележано во повеќе извори од различни периоди.

Во XIX век, Рајца се наоѓало во Битолската каза, нахија Долна Преспа, во Отоманското Царство.

До 1912 година, Рајца било под турска власт, а тој склоп и беговски чифлик. Во текот на подготовките и текот на Илинденското востание рајчани активно се приклучиле. Четата на ова село земала учество во нападот на село Асамати (7 август 1903 година). За нејзин војвода се споменува Јонче Стасовски (од с. Љубојно).

Во Првата балканска војна (ноември 1912), селото се нашло под српска власт, а во текот на Првата светска војна под бугарска окупација. Подоцна, со поместувањето на фронтот, низ селото поминале и војските на Антантата. Во еден период од војната (1916-1918), Рајца било засолниште за евакуираните жители на селата Претор, Асамати, Долно Дупени и Сливница. Во текот на војната, рајчани биле мобилизирани во војските на спротивставените страни.

По завршувањето на Првата светска војна, Рајца повторно се нашло под српска власт. Во ова време, Рајца било во состав на општината Подмочани.

Во Втората светска војна селото паднало под окупација на фашистичка Италија (мај 1941 година), со што се нашло во составот на т.н. Голема Албанија. По капитулацијата на Италија (8 септември 1943 година) паднало под окупација на фашистичка Бугарија, под која останало до ослободувањето на 5 септември 1944 година. Загинале двајца жители.

Со електрична енергија селото се здобило во 1959 година, со систем за наводнување во 1956 година, со телевизиски прием во 1965 година, со асфалтен пат во 1981 година, со водовод во 1985, со телефонски приклучоци во 1988 година.

Стопанство

Основни занимања на рајчани секогаш биле поледелството и сточарството. До 1960 година најмногу се произведувало жито (пченица, ’рж, јачмен, овес, пченка), градинарски култури (пипер, кромид, лук, домати, зелка, компир и др.), потоа грозје и тутун. Денес, најразвиена земјоделска гранка е овоштарството (јаболката). Во рамките на сточарството најмногу се одгледувале волови, крави, овци и кози. Денес, речиси е целосно занемарено. Доста се одело и на печалба во странство.

Население

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948157—    
1953174+10.8%
1961155−10.9%
1971159+2.6%
1981144−9.4%
ГодинаНас.±%
199180−44.4%
199472−10.0%
200266−8.3%
202151−22.7%

Во текот на своето постоење, Рајца го бележело следниот демографски развој: во 1889 година селото имало 16 куќи, 20 домаќинства и 115 жители (С. Верковиќ).

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Рајца имало 84 жители, сите Македонци христијани. По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Рајца имало 112 жители.

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Рајца се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 14 куќи.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци.

Според пописот од 2002 година, во селото Рајца имало 66 жители, сите Македонци.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 51 жител, сите Македонци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 84 112 157 174 155 159 144 80 72 66 51

Родови

Денешниве рајчани се потомци на следниве семејства: Бицковци, Божиновци (доселени од село Претор), Димовци, Колевци (доселени од село Асамати), Карамфиловци, Курбинци (доселени од село Курбиново), Ќулумовци, Поповци (доселни од Сливница), Проданевци, Радевци (доселени од Асамати), Трифуновци (доселени од Скочино) и Трајчевци.

Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1949 година, родови во селото се:

  • Староседелци: Трифуновци и Крчковци (4 к.) од старото село Селиште.
  • Доселеници: Бицковци (1 к.) доселени се од селото Дрмени, таму припаѓале на родот Меровци (Темелковци); Калевци (2 к.) доселени се од селото Сливница, а таму од Албанија; Димовци (1 к.) доселени се од селото Нивици во егејскиот дел од Преспа; Курбанци (4 к.) доселени се од селото Курбиново; Радевци (4 к.) доселени се од селото Асамати; Колемановци (4 к.) доселени се од селото Асамати; Поповци (2 к.) доселени се од селото Сливница; Божиновци (4 к.) доселени се од селото Претор во 1909 година; Карафиловци (1 к.) доселени се од селото Арвати; Ќулумовци (1 к.) доселени се во 1904 година од селото Претор; Стојановци (1 к.) доселени се во 1904 година од селото Нивици во егејскиот дел од Преспа.

Самоуправа и политика

Селото влегува во рамките на Општина Ресен, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Ресен.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Ресен. Во периодот од 1955 до 1965 година, селото било дел од некогашната Општина Ресен.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Подмочани, во која покрај селото Рајца, се наоѓале и селата Асамати, Горна Бела Црква, Грнчари, Долна Бела Црква, Езерани, Козјак, Курбиново, Подмочани и Претор. Во периодот 1950-1952 година, селото било дел од некогашната Општина Подмочани, во која влегувале селата Асамати, Грнчари, Курбиново, Подмочани, Претор и Рајца.

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 1657 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на селски дом.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 54 гласачи.

Културни и природни знаменитости

Рајца: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја 
Главната селска црква „Св. Никола“
    Археолошки наоѓалишта
  • Али Коч — населба и некропола од римско време;
  • Селиште — црква и некропола од средниот век.
    Цркви

Личности

  • Нанчо Танев Митревски — македонски револуционер од ВМОРО.
  • Димитар Георгиев Рајчановски — македонски револуционер од ВМОРО.

Редовни настани

Иселеништво

До 1949 година македонски иселеници има во Ресен (4 семејства), Србија (1 семејство), Австралија (1 семејство), Бугарија (1 семејство) и во Аргентина (3 семејства).

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Рајца Потекло на иметоРајца Географија и местоположбаРајца ИсторијаРајца СтопанствоРајца НаселениеРајца Самоуправа и политикаРајца Културни и природни знаменитостиРајца ЛичностиРајца Редовни настаниРајца ИселеништвоРајца ГалеријаРајца НаводиРајца Надворешни врскиРајцаДолна ПреспаОпштина РесенПреспанско ЕзероРесен

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

ПсоријазаАхилРадолиштаСреден векМакедонски хумористични народни приказни (книга)Саат-кула (Битола)Магнетна резонанцијаИзборни единици во МакедонијаРак на желудникКристофер КолумбоЧернобилска несреќаРепублика КосовоЛибијаМетодија Андонов-ЧентоНародноослободителна борба во Вардарска МакедонијаОпштина ВаландовоМатичен млечКрсте Петков МисирковКиселинаСписок на главни градови во ЕвропаХипотензијаПанонски легендиЈоаким КрчовскиМојот звукЛимфен јазолУС Сасуоло КалчоБалетИфтарФудбалИзборна единица 9Општина ДолнениСтрадањата на младиот ВертерЧовекови праваРимаСкржавецот (Плавт)ХрватскаПустинаГордана Силјановска-ДавковаХомерОктомвриска револуцијаМарио ЛеминаОпштина СопиштеКирил ПејчиновиќЖабаСидОдбојкаОпштина БоговињеМакедонска граматикаМјузиклНаполеон БонапартОрхан (книга)Мали ВлајБели мугриПротестантствоПчелиОпштина ЧаирНаум НаумовскиПетре М. АндреевскиШар ПланинаУставен суд на МакедонијаТелевизијаСтарогрчка митологијаВирусАјдучка треваЦрно семе (роман)Галичка свадбаБрзина на светлинатаАрмија на МакедонијаКуранЈосип Броз-ТитоВладимир ПутинЕрман ШабанМакедонски парламентарни избори, 2011ЗанаетТројанска војнаИзбори во МакедонијаБременостАјкулаЕвропа🡆 More