Подмочани: село во Општина Ресен

Подмочани — село во Општина Ресен, во областа Горна Преспа, во околината на градот Ресен, сместено во близина на источниот брег на Големото Преспанско Езеро.

Подмочани
Подмочани: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја

Поглед кон селото од ридот на Преспанскиот крст

Подмочани во рамките на Македонија
Подмочани: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја
Подмочани
Местоположба на Подмочани во Македонија
Подмочани на карта
Координати 41°1′28″N 21°3′2″E / 41.02444° СГШ; 21.05056° ИГД / 41.02444; 21.05056
Регион Подмочани: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја Пелагониски
Општина Подмочани: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја Ресен
Област Горна Преспа
Население 261 жит.
(поп. 2021)

Пошт. бр. 7318
Повик. бр. 047
Шифра на КО 23031
Надм. вис. 937 м
Слава Ѓурѓовден
Подмочани на општинската карта
Подмочани: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја

Атарот на Подмочани во рамките на општината
Подмочани: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја Подмочани на Ризницата

Потекло на името

Во врска со името на ова село, Влоѓимјеж Пјанка пишува дека е етничко, префиксално и суфиксално, изведено од коренот „моч“ (мочуриште), што целосно се совпаѓа и со преданијата на подмочанци.

Географија и местоположба

Подмочани: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја 
Сретселото со уреденото корито на потокот низ селото (познат како Маличка Река)

Селото се наоѓа во источниот дел на територијата на Општина Ресен, на патот кој води од градот Ресен до селото Љубојно, а чиј атар се издига до сртот на планината Баба, каде што се допира со подрачјето на Општина Битола. Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 890 метри. Од градот Ресен е оддалечено околу 10 километри.

Селото е сместено во југоисточниот дел на Ресенското Поле, на западното подножје на планината Баба, односно нејзините разграноци Вртешка и Мала Чука, на двете страни на патот Макази-Маркова Нога (македонско-грчка граница).

Подмочани се граничи со следниве села: со селото Долна Бела Црква на север, со селата Ѓавато и Цапари (во Општина Битола) на исток, со Грнчари на југ и со селото Езерани на запад.

Подмочани е големо и убаво село од собран тип, чии куќи се преплетуваат со селото Грнчари. Постарите куќи се обновени, а новите се одликуваат со нивната големина и фасадна убавина. Околу куќите постојат разновидно оградени дворни места во кои се изградени стопански и други објекти (гаражи, магацини, летни кујни и др.) и парцели на зеленчукови, овошни и цветни градини. Според самата групираност на куќите може да се подели на две големи маала: Горно (лево од патот) и Долно (десно од патот за Долна Преспа).

Низ атарот на селото тече поток, кај месното население познат под името Маличка Река. Во летниот период значително го намалува својот водотек, дури и пресушува.

Месности во атарот на селото се следниве: Арапски Гробишта, Ајдинов Гојдарник, Ауко Корија, Бели Брегои, Бел Камен, Битолски Пат, Бугарски Пат, Бранејнца, Бакушица, Вурните, Ветривец, Горица, Грот, Горни Лозја, Голема Река, Глобок Трап, Голем Камен, Горица (над село), Горички Лозја, Глаа, Дренска Река, Дива Кобила, Димоа Осојница, Дивоно, Дрма, Долга Дрма, Ѓурѓина Чешма, Ѓупско Ливаче, Евла, Зад Горица, Златарица, Зеленоно, Извор, Јами, Јасењана, Кодро, Кумбаражица, Кусо Ритче, Кирејца, Крамозо, Разорје, Ледиње, Локмине, Лекоита Вода (Дива Колиба), Леските, Леска, Мали Грот, Магаре, Маркоа Кула, Малечка Река, Мелец, Мејданоа Бука, Магарено, Мрамор, Ококорија, Опаљ, Осој, Подмочани, Плочите, Пусто Патче, Петрина Шума, Полен, Поленски Јами, Простиот Камен, Присој, Пион, Папаркојца, Ралејца (Голема и Мала), Рајкоец, Стежон, Солишта, Садико Ливаче, Средни Рид, Стара Река, Талико Ледина, Трлишта, Три Дабојци, Улица, Цер, Цигарица, Џаџов Камен, Широка Разор, Широка Присојница, Шапот и други.

Селото добило систем за наводнување во 1957 година, електрична енергија во 1959 година, телевизиски прием во 1965 година, водовод во 1967 година, асфалтен пат во 1978 година, а со телефонски приклучоци во 1988 година.

Панорамски поглед на Подмочани (а полево и на селото Грнчари) од ридот на кој се наоѓа Преспанскиот крст, а во позадина се гледа и самото Преспанско Езеро

Историја

Нема податоци, ниту други сознанија дека селото некогаш било преместено. Се смета дека постојано било населувано со семејства од околните (поблиски и подалечни) села.

Подмочани е старо христијанско село во кое секогаш живееле православни Македонци. Во минатото во него живееле неколку албански муслимански семејства. Во ист облик на денешното име неговото постоење е забележано во повеќе извори од различни периоди. Најрано е споменато во турските пописни дефтери од 1519 година.

Во XIX век, Подмочани се наоѓало во Битолската каза, нахија Горна Преспа, во Отоманското Царство.

До 1912 година, Подмочани било под турска власт, а со тоа и беговски чифлик. Во текот на подготовките за Илинденското востание учествувало активно со своја востаничка чета предводена од војводата Кочо Кочовски. Од ова село потекнува и војводата на четите од западната страна на Големото Преспанско Езеро, Јоше Глобочки. Во текот на востанието загинале 35 жители, а селото било целосно изгорено.

Во Првата балканска војна (ноември 1912 г.), селото се нашло под српска власт, а во текот на Првата светска војна (октомври 1915 г.) под бугарска окупација. Подоцна, со поместувањето на фронтот, низ селото поминале и војските на Антантата. Во текот на војната, подмочанци биле мобилизирани во војските на спротивставените страни. Загинале повеќе жители. Од 1916 до 1918 година, селото било засолниште за евакуираните жители на Асамати, Сливница, Наколец и Долно Дупени.

По завршувањето на Првата светска војна, Подмочани повторно се нашло под српска власт. Во овој период, селото било општинско средиште со опфат на уште 9 други села (Курбиново, Претор, Асамати, Рајца, Грнчари, Долна Бела Црква, Горна Бела Црква, Козјак и Езерани).

Во Втората светска војна селото паднало под окупација на фашистичка Италија (мај 1941 година), со што се нашло во составот на т.н. Голема Албанија. Во тоа време, во селото имало италијанска војска, карабинери и полиција поставени на повеќе места. По капитулацијата на Италија (8 септември 1943 година) паднало под окупација на фашистичка Бугарија, под која останало до ослободувањето на 5 септември 1944 година. Во текот на војната загинале 6 жители.

Во текот на војната, селото целосно било на страната на НОАВМ. Во септември 1939 година била создадена организација на КПЈ, во 1941 година уште една организација, а во 1942 година и трета организација. Во средината на ноември 1939 година било создадено и Околиско партиско поверенство, во септември 1941 година организација на СКОЈ, во ноември 1943 година НОО, а во септември 1944 и општински НОО за целата тогашна Општина Подмочани, во септември 1944 година околиски НОО.

Стопанство

Атарот зафаќа простор од 12,6 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 556 хектари, шумите заземаат 488 хектари, додека пасиштата само 121 хектар.

Селото, во основа, има полјоделска функција.

Мештаните се занимавале со полјоделство, сточарство и печалбарство. До 1960-тите години најмногу се сеело жито (пченица, ’рж, јачмен, пченка, овес и друго), се саделе градинарски култури (пипер, домати, зелка, лук, кромид, грав, компир и бостан). Повремено се одгледувал и тутун. Денес, преовладуваат овошните насади со јаболка. Во рамките на сточарството најмногу се одгледувале волови, коњи, овци и кози. Денес, оваа гранка е целосно замрена.

Население

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948781—    
1953865+10.8%
1961726−16.1%
1971742+2.2%
1981875+17.9%
ГодинаНас.±%
1991566−35.3%
1994350−38.2%
2002306−12.6%
2021261−14.7%

Во делото „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Подмочани било село со 61 домаќинство и 172 жители, од кои 110 муслимани и 62 христијани.

Според статистиката на бугарскиот етнограф Васил К’нчов („Македонија, етнографија и статистика“) од 1900 година во селото имало 570 жители Македонци, од кои 480 христијани и 90 муслимани. Според секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Подмочани имало 688 Македонци под врховенството на егзархијата и 42 Албанци.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 650 Македонци.

Селото е средно по големина, но со намалување на бројот на населението. Така, во 1961 година селото имало 726 жители, од кои 675 биле Македонци, а 40 жители Албанци. Во 1994 година бројот се намалил на 350 жители, од кои 338 Македонци и 11 Албанци.

Според пописот од 2002 година, во селото Подмочани живееле 306 жители, од кои 302 Македонци, 2 Албанци, 1 Србин и 1 останат.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 261 жител, од кои 254 Македонци, 2 Албанци, 2 Срби и 3 лица без податоци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 570 730 781 865 726 742 875 566 350 306 261

Родови

Подмочани е македонско село, во кое отсекогаш преовладувале христијанските семејства.

Општествени установи

Подмочани: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја 
Училишната зграда на самата граница помеѓу селата Подмочани и Грнчари
Подмочани: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја 
Етнолошкиот музеј во селото

Со своја прва училишна зграда селото се здобило во 1920 година, во која извесен период се школувале и децата од селата Грнчари, Курбиново, Рајца, Асамати и Долна Бела Црква. Денес, селото поседува ново училиште во зградата на поранешниот задружен дом, изграден околу 1950 година. Старото училиште прераснало во Младински дом и Месна заедница.

  • Етнолошки музеј — мал приватен музеј во домот на Јоне Ефтимовски, во кој се изложени стари народни носии, накити и украси, предмети од домаќинството и оружје
  • Амбуланта

Самоуправа и политика

Селото влегува во рамките на Општина Ресен, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Ресен.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Ресен. Во периодот од 1955 до 1965 година, селото било дел од некогашната Општина Ресен.

Во периодот 1952-1955, селото било седиште на тогашната Општина Подмочани, во која покрај селото Подмочани, се наоѓале и селата Асамати, Горна Бела Црква, Грнчари, Долна Бела Црква, Езерани, Козјак, Курбиново, Претор и Рајца. Во периодот 1950-1952 година, селото било седиште на некогашната Општина Подмочани, во која влегувале селата Асамати, Грнчари, Курбиново, Подмочани, Претор и Рајца.

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 1660 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 308 гласачи.

Културни и природни знаменитости

Подмочани: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја 
Главната селска црква „Св. Ѓорѓи“
Подмочани: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја 
Новата црква „Св. Петар и Павле“ и Преспанскиот крст
    Археолошки наоѓалишта
    Цркви
    Други верски објекти
    Споменици
  • Спомен-плоча за загинатите во НОБ на сретсело
  • Спомен-биста за Коста Кусаковски кај задружниот дом (денешното училиште)

Редовни настани

Личности

    Родени или потекло од Подмочани
  • Трајко Китанчев (1858-1895) — македонски револуционер
  • Ефтим Китанчев (1868-1925) — воен и спортски деец, прв претседател на Бугарскиот олимписки комитет
  • Панарет Брегалнички (1878–1944) — архимандрит
  • Кочо Кочовски (?-1903) — македонски револуционер
  • Јоше Глобочки (1880-1926) — македонски револуционер
  • Гоше Петров Гулевски — македонски револуционер од ВМОРО.
  • Насте Јошев Димовски — македонски револуционер од ВМОРО.
  • Анастас Николов Димовски — македонски револуционер од ВМОРО.
  • Пере Ристев Кожановски — македонски револуционер од ВМОРО.
  • Толе Ристев Кожановски — македонски револуционер од ВМОРО.
  • Јане Павлов Кочовски — македонски револуционер од ВМОРО.
  • Спиро Ристов Ристевски — македонски револуционер од ВМОРО.
  • Коста Кусаковски (1923-1942), учесник во НОБ

Култура и спорт

  • ФК Подмочани — оформен во 1962 година, а настапува на игралиштето Преспански крст

Иселеништво

Иселеници од селото има во Аргентина (14 семејства), Бугарија, САД (18 семејства), Турција, Австралија, Србија, Прилеп, Франција, Скопје и во Битола.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Подмочани Потекло на иметоПодмочани Географија и местоположбаПодмочани ИсторијаПодмочани СтопанствоПодмочани НаселениеПодмочани Општествени установиПодмочани Самоуправа и политикаПодмочани Културни и природни знаменитостиПодмочани Редовни настаниПодмочани ЛичностиПодмочани Култура и спортПодмочани ИселеништвоПодмочани ГалеријаПодмочани НаводиПодмочани Надворешни врскиПодмочаниГорна ПреспаОпштина РесенПреспанско ЕзероРесен

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

ПертусисУнгаријаИзборна единица 1ПентоксифилинKлиндамицинМакедонска крвава свадбаСоцијалистичка партија на МакедонијаХалк банкаОдржлив развојМакедонски ораЗоран ЗаевДоста ДимовскаГариАтентат врз Киро ГлигоровДимитар МиладиновЏезЈоаким КрчовскиМали сипанициЗаконодавна властПресметување на датумот на ВелигденКошаркаИзраелВесна БендевскаГемиџииДржавни празници во МакедонијаМетотрексатЃорге ИвановМијациИнфрацрвена спектроскопијаОпштина Старо НагоричанеСписок на македонски народни поговоркиИмер СелманиРак (болест)Алберт АјнштајнОпштина СарајПаркинсонова болестЕдинствена МакедонијаЗаушкиЕстивацијаВодолија (хороскопски знак)Данте АлигиериРоманијаАнална фисураЗнаме на МакедонијаИсус ХристосМочуриштеПере ТошевГлас за МакедонијаКристофер КолумбоФК Реал СосиедадК-15Столе ПоповПрва балканска војнаПајак (пејач)Црнила (драма)ЖелезнецСтрумица‘Рбетен столбПретседател на МакедонијаМиле ЈаневскиТоксикологијаАлжирСкопски земјотрес (1963)Ристиќева палатаСветлинаОпштина Гази БабаВодаПростатаМртво МореСписок на градови во МакедонијаШтипРак на усна празнинаХИВОхридска пастрмкаСудска властМакедонски СловениОпштина Шуто Оризари🡆 More