Горно Дупени: село во Општина Ресен

Горно Дупени — село во Општина Ресен, во околината на градот Ресен.

Горно Дупени
Горно Дупени: Географија и местоположба, Етимологија, Историја
Горно Дупени во рамките на Македонија
Горно Дупени: Географија и местоположба, Етимологија, Историја
Горно Дупени
Местоположба на Горно Дупени во Македонија
Горно Дупени на карта
Координати 41°03′43″N 20°58′31″E / 41.06194° СГШ; 20.97528° ИГД / 41.06194; 20.97528
Регион Горна Преспа
Општина Ресен
Население 33 жит.
(поп. 2021)

Шифра на КО 23008
Надм. вис. 865 м
Горно Дупени на општинската карта
Горно Дупени: Географија и местоположба, Етимологија, Историја

Атарот на Горно Дупени во рамките на општината
Горно Дупени: Географија и местоположба, Етимологија, Историја Горно Дупени на Ризницата

Географија и местоположба

Горно Дупени е село во областа Преспа. Од градот Ресен селото е оддалечено 6км. Околни села се Стипона од запад, Евла и Ресен од север, Царев Двор од исток и од југ со Дрмени.

Етимологија

Името Дупени е добиено со топонимизација на етникот во множина 'дупјани', луѓе што доаѓаат од местото дупа, со значење вдлабнато место, дупка.

Историја

Во XIX век селото било дел од нахијата Горна Преспа на Битолската каза на Отоманското Царство.

Три лица, односно Танас Георгиевски, Ѓорѓи Тасевски и Славе Цветковски загинале како партизани за време на НОБ во Втората светска војна.

Население

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948345—    
1953366+6.1%
1961349−4.6%
1971304−12.9%
1981232−23.7%
ГодинаНас.±%
1991153−34.1%
1994104−32.0%
200259−43.3%
202133−44.1%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Горно Дупени живееле 242 жители, сите Македонци. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Горно Дупени имало 480 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 350 Македонци.

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 103 домаќинства и 59 жители, сите Македонци.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 33 жители, од кои 30 Македонци и 3 лица без податоци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 242 480 345 366 349 304 232 153 104 59 33

Родови

Горно Дупени е македонско село.

Родови во селото се: Албанци (доселени од Горица, Албанија во 1936 година), Балтовци, Бибевци, Бојчевци, Веслијановци, Гуневци, Гештаковци, Ѓургиновци, Илиовци, Јошевци, Јошкановци, Кричевци, Камшиговци, Кукуловци, Личовци, Мркачовци, Настовци, Оџаковци, Поповци, Прдиковци, Петрашиновци, Ристановци, Рабушевци, Србиновци, Стипонци (доселени од Стипона), Симовци и Ќировци.

Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1949 година, родови во селото се:

  • Староседелци: Србиновци (4 к.), Оџаковци (2 к.), Кричевци (1 к.), Чучуковци и Чамановци (4 к.), Гуневци (1 к.), Црцановци (3 к.), Настовци (1 к.), Ѓурчиновци (1 к.), Поповци (2 к.), Веслијановци (1 к.), Цурановци (1 к.), Рабушовци со Симовци, Низамовци и Крстевци (8 к.) и Илијовци (1 к.)
  • Доселеници: Чифчиовци (2 к.) доселени се од селото Свиништа кај Охрид; Личовци (1 к.) доселени се од селото Покрвеник, а таму од селото Туминец во Мала Преспа; Јошевци (1 к.) доселени се од селото Шурленци; Камшиговци (1 к.) потекнуваат од домазет доселен од селото Кривени, таму припаѓале на родот Марчевци; Албанци (1 к.) доселени се во 1934 година од селото Туминец; Прдиковци или Јошнаковци (9 к.) доселени се од некое место во Тиквеш; Ќировци (1 к.) доселени се од селото Бела Црква; Славевци (1 к.) доселени се од селото Перово; Балтовци (1 к.) доселени се од селото Велгошти кај Охрид; Шушевци (1 к.) доселени се од Бела Црква; Кукуловци (6 к.) доселени се од селото Туминец, каде имале роднини; Ѓештаковци (2 к.) доселени се од Горица во Мала Преспа, каде имале роднини, Ѓештаковци; Бибевци (1 к.) доселени се во 1938 година од селото Скребатно кај Охрид; Чабиловци (3 к.) доселени се кон крајот на XIX век од селото Шурленци; Стипонци (1 к.) доселени се во 1928 година од селото Стипона; Петрашиковци (1 к.) доселени се однекаде кон крајот на XVIII век.

Општествени установи

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 1625 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на продавница. Во ова избирачко место е опфатено и селото Стипона.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 67 гласачи.

Културни и природни знаменитости

Горно Дупени: Географија и местоположба, Етимологија, Историја 
Гробјанската црква.
Горно Дупени: Географија и местоположба, Етимологија, Историја 
Гробиштата.
    Цркви

Редовни настани

Личности

  • Стефо Настев Личовски — македонски револуционер од ВМОРО.
  • Цветко Ристов Георгијевски — македонски револуционер од ВМОРО.
  • Никола Стојанов Маринчевски — македонски револуционер од ВМОРО.
  • Косте Нонев Стојановски — македонски револуционер од ВМОРО.
  • Танас Георгиевски - партизан во НОБ
  • Ѓорѓи Тасевски - партизан во НОБ
  • Славе Цветковски - партизан во НОБ

Култура и спорт

Иселеништво

До 1949 година од селото иселеници има во Ресен (7 семејства), Аргентина (11 семејства), САД (16 семејства), Канада, Бугарија, Турција и во Битола.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Горно Дупени Географија и местоположбаГорно Дупени ЕтимологијаГорно Дупени ИсторијаГорно Дупени НаселениеГорно Дупени Општествени установиГорно Дупени Самоуправа и политикаГорно Дупени Културни и природни знаменитостиГорно Дупени Редовни настаниГорно Дупени ЛичностиГорно Дупени Култура и спортГорно Дупени ИселеништвоГорно Дупени ГалеријаГорно Дупени НаводиГорно Дупени Надворешни врскиГорно ДупениОпштина РесенРесенСела во Македонија

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Дора БакојаниТранспирацијаПротестантиНародноослободителна борба во Вардарска МакедонијаОпштина ВаландовоОпштина ДебарБуринецКирил ПејчиновиќАртритисКокино (наоѓалиште)Историја на БугаријаСписок на пеперутки во МакедонијаМакедонија во Втората светска војнаБаза (хемија)Јордан Хаџи Константинов-ЏинотЉубе БошкоскиСостави на репрезентациите на Копа Америка 2019МарокоМарков манастирЗемји членки на Европската УнијаХидроксидИзборна единица 2Ѓорѓи СугаревМакедонски народни носииИлија НајдоскиКорупцијаИвона ТалевскаИзбори во МакедонијаНаталитетМакедонски парламентарни избори, 2011Пресметување на датумот на ВелигденСрбијаЗанаетМакедонски хумористични народни приказни (книга)ВодаГаличка свадбаКирхофови закони за струјното колоДванаесет АпостолиРепублика КосовоПоплаваЕрусалимПтициБор (град)ТелевизијаПроизвод (математика)Струмички карневалПрилепВиенаЗаменки во македонскиот јазикХристијанствоАвтоимуна болестМаксим ДимитриевскиТетанусНАТОСвета ПеткаТуризамЦветнициСоединети Американски ДржавиНикола ТеслаХрватскаЛевица (политичка партија)СлезинаЦар СамоилДланкаДемографија на МакедонијаВелесФлебитисНационален парк ГаличицаЃорче Петров’Ржаново (Струшко)Степенување на придавки во македонскиот јазикОпитПрва светска војнаЦрн дробОпштина Гази БабаБледски договор (1947)🡆 More