Прждево: село во Општина Демир Капија, Македонија

Прждево — село во Општина Демир Капија, во близина на градот Демир Капија.

Прждево
Прждево: Потекло и значење на името, Географија и местоположба, Историја

Поглед на селото

Прждево во рамките на Македонија
Прждево: Потекло и значење на името, Географија и местоположба, Историја
Прждево
Местоположба на Прждево во Македонија
Прждево на карта
Координати 41°25′12″N 22°09′57″E / 41.42000° СГШ; 22.16583° ИГД / 41.42000; 22.16583
Регион Прждево: Потекло и значење на името, Географија и местоположба, Историја Вардарски
Општина Прждево: Потекло и значење на името, Географија и местоположба, Историја Демир Капија
Население 120 жит.
(поп. 2021)

Пошт. бр. 1440
Повик. бр. 043
Шифра на КО 18026
Надм. вис. 230 м
Прждево на општинската карта
Прждево: Потекло и значење на името, Географија и местоположба, Историја

Атарот на Прждево во рамките на општината
Прждево: Потекло и значење на името, Географија и местоположба, Историја Прждево на Ризницата

Потекло и значење на името

Пред основањето на селото, на денешната местоположба се наоѓала шума. Со населувањето на селаните, шумата нагло почнала да се сече, раскопува, како и да се гори густата шума. Горењето или „пржалењето“ на шумата било толку интензивно, што и буквално местото останало изгорено (пржалено), па и селото го добило името - Прждево.

Географија и местоположба

Прждево: Потекло и значење на името, Географија и местоположба, Историја 
Сретселото

Селото се наоѓа во западниот дел на територијата на Општина Демир Капија, сместено на десниот брег на реката Вардар. Селото е ридско, на надморска височина од 230 метри, а од градот Неготино е оддалечено 12 километри. Од градот Демир Капија, селото е оддалечено 10 километри.

Селото се наоѓа на место каде што се соединуваат Вешка Река и Лопатички Дол (Наново), сместено на благите падини на проширената долина. Прждево е затскриено зад еден рид од главниот пат. Во селото се наоѓаат чешмите: Чешало, Мамудица, Сулинар, Бурга, Сулинарка, Љутова, Коцова и Хуткина. Под месноста Лопатица се наоѓа изворот Наново, каде порано се наоѓале четири чешми. Иако селото има повеќе чешми и извори на вода, сепак во селото нема доволно вода во одредени периоди од годината.

Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Тикленик, Рамниште, Ливадиште, Цуцул, Горна Лојза, Слапо Рамниште, Локва, Габровец, Даги Дол, Лопатица, Порови, Џаферица, Средни Рид, Калуѓера, Долна Лојза, Брегови, Врежот, Конанец, Слатина и Барје.

Селото има збиен тип, поделено на три маала: Горно, Долно и Средно Маало. Покрај овие три маала, се споменуваат и Кршиплод и Масларково Маало.

Прждево се одликува со традиционална градителска архитектура.

Историја

Селото најпрво било христијанско, пред да доселат муслиманските родови кон крајот на XVIII век, кои избегале од селиштето Слатина поради нападите на Арнаути.

Старото село Слатина била населба која се наоѓала на десниот брег на реката Вардар во близина на сегашното Прждево.

На 6 октомври 1944 година, при повлекувањето на германските фашистички единици, од селото бил извршен масакр врз населението.

Стопанство

Прждево: Потекло и значење на името, Географија и местоположба, Историја 
Влезот во селото

Атарот зафаќа простор од 22,4 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 1.243 хектари, на пасиштата отпаѓаат 630 хектари, а шума речиси и да нема.

Селото, во основа, има полјоделско-сточарска функција. Во селото работат услужни објекти.

Селаните биле добри земјоделци и во турско време работеле на свои ниви, распослани по ритчињата и во рамницата покрај Вардар. Во Прждево постоеле бројни дуќани.

Денес, ова село е едно од поголемите производители на црвен пипер, во кое има фабрика за обработка, сушење и производство на пиперот.

Население

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948636—    
1953628−1.3%
1961668+6.4%
1971609−8.8%
1981484−20.5%
ГодинаНас.±%
1991331−31.6%
1994316−4.5%
2002235−25.6%
2021120−48.9%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Прждево имало 1.765 жители, од кои 500 Македонци христијани, 1.200 Македонци-муслимани и 65 Роми. По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Прждево имало 560 жители.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 550 Македонци.

Селото е средно по големина, но со намалување на населението. Така, во 1961 година селото имало 668 жители, од кои 633 биле Македонци, а 32 жители Турци. Во 1994 година, бројот се намалил на 316 жители, од кои 301 биле Македонци, 7 Турци и по четири жители Срби и Роми.

Според пописот од 2002 година, во селото Прждево имало 235 жители, од кои: 210 Македонци, 23 Турци, 1 Србин и 1 останат.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 120 жители, од кои 68 Македонци, 2 Турци, 33 Роми, 1 останат и 16 лица без податоци.

Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во Прждево:

Година Македонци Албанци Турци Роми Срби Ост. б.п. Вкупно
1948 636
1953 592 0 28 4 0 4 628
1961 633 0 32 1 2 668
1971 523 19 58 0 6 3 609
1981 419 0 26 0 3 36 484
1991 296 0 12 12 6 5 331
1994 301 0 7 4 4 0 316
2002 210 0 23 0 1 1 235
2002 68 0 2 33 0 1 16 120

* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2021), според податоци од официјалните пописи во соодветните години

Родови

Прждево било мешано муслиманско-христијанско македонско село.

Родови во селото:

Според истражувањата на Воислав Радовановиќ во 1924 година родови во селото се:

  • Македонски христијани:
    • Староседелци: Масларковци (1 к.), Самарџијовци (1 к.), Боцевци (3 к.), Соколовци (4 к.), Марковци (1 к.), Катараловци (1 к.), Спидевци (1 к.), Коцовци (1 к.), Самарџијовци-Монтевци (2 к.), Кујунџијовци (1 к.), Пиперовци (1 к.), Поповци-Пинџеровци (12 к.), Тасевци (3 к.), Стефановци (1 к.) и Бошковци (1 к.).
    • Доселеници: Шоповци (1 к.), доселени се од Штипско, кон крајот на XVIII век; Ваташани (1 к.), доселени се од селото Ваташа; Баровци (1 к.), доселени се од селото Барово; Деловци (1 к.), доселени се од селото Војшанци, а таму од селото Долни Дисан; Ориларци-Бањански (1 к.), доселени се од селото Оризари, а таму од селото Бања; Атанасовци (2 к.), доселени се од селото Тремник; Стрмашовци (4 к.), доселени се од селото Драчевица, а таму од селото Стрмашево; Деловци (1 к.), доселени се од селото Вешје, а таму од селото Ракета; Дојковци (1 к.), доселени се од селото Долни Дисан и Вешки (1 к.), доселени се од селото Вешје.
  • Македонски муслимани
    • Староседелци од старото село Слатина: Ќетиповци-Арслановци (17 к.), Татаровци (2 к.), Тронтевци (5 к.), Кадан-Аметовци (2 к.), Амет-Дрдовци (1 к.), Драма-Алијовци (1 к.), Башановци (2 к.), Салаховци (4 к.), Котлевци (3 к.), Мола Мемедовци (5 к.), Кара Алијовци (2 к.), Ускуновци (3 к.), Шунтевци (3 к.), Вејселовци (1 к.), Мамутаговци (4 к.), Бошњаковци (3 к.), биле дарежливи како Бошњаци, Беќировци (1 к.), Колазијовци (1 к.), Мамудовци (3 к.), Табаковци (1 к.), Амедовци (6 к.), Шетовци (2 к.), Гавренци (1 к.), Смрдлевци (3 к.), Дабевци (2 к.), Арифефендијини (2 к.), Шабановци (1 к.), Алибашовци (4 к.), Мукевци (1 к.), Мемковци (2 к.), Тајировци (1 к.), Џевелковци (3 к.), Муслијовци (4 к.), Бакевци (7 к.), Бокевци-Нолбантановци (4 к.), Ќеневци (2 к.), Бешиновци (1 к.), Љутовци (3 к.), Оџевци (4 к.), Хуткини (1 к.), Пеливановци (2 к.), Ќесеџијовци (1 к.), Бораличевци (5 к.), Мола Мамутовци (7 к.), Ќосевци (3 к.), Куртешовци (5 к.), Суџуковци (6 к.), Даутовци (1 к.), Хаџи Алиловци (1 к.), Ајтовци-Мисирковци (7 к.), Уста Асановци (1 к.), Муртовци (7 к.), Ајединовци (4 к.) и Бакалиновци (1 к.).
    • Доселеници: Мала Демировци (1 к.), доселени од селото Тремник; Ибрајимовци (1 к.), доселени од селото Бистренци; Еминовци (1 к.), доселени од Радбиште кај Дебар (?); Абдиловци (1 к.), доселени од селото Бесвица; Чифлички (1 к.), доселени од селото Тремник; Хусејиновци (1 к.), доселени од селото Бистренци; Мемедовци (1 к.), доселени од селото Бесвица; Мемедовци (1 к.), исто така од Бесвица; Чебовци (1 к.), доселени од Долни Дисан и Усејиновци (1 к.), доселени од Барово.
  • Турски Цигани: Турски Цигани (2 к.), дошле како ковачи во средината на XIX век, но не знаат од каде.

Иселеништво

Од муслиманите во 1912 година, 5 семејства се иселиле во Турција.

Општествени установи

Прждево: Потекло и значење на името, Географија и местоположба, Историја 
Основното училиште во селото

Самоуправа и политика

Во XIX век, Прждево било село во Тиквешката каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Демир Капија, која била една од ретките општини која не била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото исто така било дел од Општина Демир Капија.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Неготино. Селото припаѓало на некогашната општина Неготино во периодот од 1955 до 1965 година.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Долни Дисан, во која покрај селото Прждево, се наоѓале и селата Вешје, Горни Дисан, Долни Дисан и Тремник. Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната истоимена општина, во која влегувале селата Бесвица, Прждево и Тремник.

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 1246 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 140 гласачи. На парламентарните избори во 2020 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 139 гласачи.

Културни и природни знаменитости

Прждево: Потекло и значење на името, Географија и местоположба, Историја 
Главната селска црква „Св. Атанасиј“
    Археолошки наоѓалишта
    Цркви
    Џамии
  • Во минатото во Средно и Долно Маало постоеле џамии.
    Споменици
  • Споменик во чест на НОБ

Редовни настани

  • 24 мај — селскиот панаѓур на денот на просветителите Св. Кирил и Методиј
  • Секоја година третиот ден од Велигден се испраќа на симболичен начин

Култура и спорт

Во селото работел фудбалскиот клуб ФК „Пијанац“.

Галерија

Наводи

Поврзано

Надворешни врски

Tags:

Прждево Потекло и значење на иметоПрждево Географија и местоположбаПрждево ИсторијаПрждево СтопанствоПрждево НаселениеПрждево Општествени установиПрждево Самоуправа и политикаПрждево Културни и природни знаменитостиПрждево Редовни настаниПрждево Култура и спортПрждево ГалеријаПрждево НаводиПрждево ПоврзаноПрждево Надворешни врскиПрждевоДемир КапијаОпштина Демир Капија

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

ПравоаголникСкопско КалеБелото ЦиганчеОбновливи извори на енергијаБакарПеперугиСистем за варењеОпштина ДолнениПневмонијаВојскаАнте ПоповскиФудбалМагнетРадождаКамен мост (Скопје)Македонски претседателски избори (2024)ЛимфоцитДонтов методРадолиштаМесечинаОпштина Чучер-СандевоАнтибиотикМекотелиСобрание на МакедонијаГрцијаДраслајцаСписок на реки во Македонија20000 милји под моретоИсторија на христијанствотоКлинесто писмоБаза (хемија)Петар ПанТетанусЃурѓовденВагинален исцедокЊутнови закониПрилепГамеланОпштина РесенСписок на главни градови во ЕвропаДен на независноста на МакедонијаРамазанОпштина КончеЗаменки во македонскиот јазикНедоразбирање (драма)Прост бројУставен суд на МакедонијаЕвропска УнијаИндонезијаМакедонски народни носииСвети Кирил и МетодијГоран СтефановскиОпштина ВрапчиштеЛазар Ристовски (глумец)Општина ДебарМарко ЦепенковЖелудникМислодеждаПрекршување (физика)Алкалоид (претпријатие)Шар ПланинаВолшебното самарчеРелигијаМакедонски парламентарни избори (2011)АлгиСписок на држави и територии во ЕвропаФилип II МакедонскиТелефонОпштина ЛипковоДевојката со бисерна обетка (филм)Обединето КралствоКонтинентСтобиРомантизамСписок на градови во МакедонијаЧасовен појас🡆 More