Демиркаписко Драчевица: село во Општина Демир Капија, Македонија

Драчевица — село во Општина Демир Капија, во близина на градот Демир Капија.

Драчевица
Демиркаписко Драчевица: Потекло и значење на името, Географија и местоположба, Историја

Поглед на селото

Драчевица во рамките на Македонија
Демиркаписко Драчевица: Потекло и значење на името, Географија и местоположба, Историја
Драчевица
Местоположба на Драчевица во Македонија
Драчевица на карта
Координати 41°21′00″N 22°11′45″E / 41.35000° СГШ; 22.19583° ИГД / 41.35000; 22.19583
Регион Демиркаписко Драчевица: Потекло и значење на името, Географија и местоположба, Историја Вардарски
Општина Демиркаписко Драчевица: Потекло и значење на името, Географија и местоположба, Историја Демир Капија
Население 0 жит.
(поп. 2021)

Пошт. бр. 1442
Повик. бр. 043
Шифра на КО 18010
Надм. вис. 890 м
Слава Свети Димитриј
Драчевица на општинската карта
Демиркаписко Драчевица: Потекло и значење на името, Географија и местоположба, Историја

Атарот на Драчевица во рамките на општината
Демиркаписко Драчевица: Потекло и значење на името, Географија и местоположба, Историја Драчевица на Ризницата

Потекло и значење на името

Драчевица во минатото го носела името Горна Драчевица, бидејќи во Демиркаписко постоело уште едно село со името Драчевица. Тоа село наречено Долна Драчевица исчезнало за време на Првата светска војна.

Географија и местоположба

Демиркаписко Драчевица: Потекло и значење на името, Географија и местоположба, Историја 
Куќи во селото

Селото се наоѓа во југозападниот дел на територијата на Општина Демир Капија, сместено на десниот брег на реката Бошавица. Селото е ридско, на надморска височина од 490 метри, а од градот Неготино е оддалечено 28 километри. Од градот Демир Капија, селото е оддалечено 8 километри. До селото води земјен пат кој започнува во близина на хидроцентралата „Дошница“.

Драчевица се наоѓа на тераса на ридот Зајчар, кој ги раздвојува сливовите на реките Дошница и Бошавица. Низ селото поминува дол, кој се влива во Бошавица при излезот на реката од Баровската Клисура. Во селото се наоѓа чешма, додека во атарот постојат и други чешми и извори.

Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Три Брата, Оровог, Лисница, Гољак, Џбуровец, Падиње, Лештевски Дол, Дрмановец и Вршник.

Селото има разбиен тип, поделено на Горно и Долно Маало, сместени на десниот и левиот брег на долот.

Историја

Местото е населено уште од доцната антика, за што сведочат остатоците од населба со некропола во наоѓалиштето Падарница.

Селото било отсекогаш на истото место, а само еднаш по буица било целосно испразнето.

Селото било христијанско и од получифлички тип. До почетокот на XIX век, селото имало збиен тип и слободно, а подоцна станало получифличко и на сретсело била подигната беговска кула.

За време на слободниот период, селото честопати било напаѓано од Турците од селата Бесвица, Прждево и Тремник. Селаните се договориле да го продадат селото на ајанот Кантур од Пепелиште. Подоцна била подигната кулата на Кантур на сретсело и селото било сигурно од арамии и напади. Подоцна, кулата и Долното Маало повеќепати биле наследувани, а последниот наследник го продал имотот на селаните пред аграрната реформа.

Стопанство

Демиркаписко Драчевица: Потекло и значење на името, Географија и местоположба, Историја 
Горното Маало
Демиркаписко Драчевица: Потекло и значење на името, Географија и местоположба, Историја 
Влезот на поранешното училиште

Атарот е голем и зафаќа простор од 28,4 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 2.325,4 хектари, на пасиштата отпаѓаат 414,3 хектари, а на обработливото земјиште отпаѓаат само 71,5 хектари.

Селото, во основа, има сточарско-шумарска функција.

Селаните главно се занимавале со сточарство. Исто така, селаните ловеле и доста риба на Вардар.

Население

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948239—    
1953234−2.1%
1961161−31.2%
197187−46.0%
198120−77.0%
ГодинаНас.±%
19919−55.0%
19944−55.6%
20020−100.0%
202100.00%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. во Долна Драчевица имало 80, а во Горна Драчевица — 382 жители сите Македонци христијани. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во едната Драчевица (Dirtchevitza) имало 80, а во другата 368 Македонци, сите под егзархијата.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Македонци.

Селото е мало и во 1961 година броело 161 жител, додека во 1994 година бројот се намалил на само четири жители, македонско население.

Според пописот од 2002 година, во селото Драчевица немало жители. Истото било потврдено и на пописот од 2021 година.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 462 448 239 234 161 87 20 9 4 0 0

Родови

Драчевица било христијанско македонско село.

Според истражувањата на Воислав Радовановиќ во 1924 година родови во селото се:

  • Староседелци: Таовци-Чаушовци (8 к.), Златевци (2 к.), Јовановци (4 к.), Минчевци (1 к.), Аџијовци (6 к.), Баба Анќини (1 к.), Бошковци (5 к.) и Ѓуровци (1 к.).
  • Доселеници: Поп-Дамовци (1 к.), Власи кои потекнуваат од домазет доселен од селото Ливада во Егејска Македонија, денес Грција. Потекнуваат од предок Влав. Поп Дамо-Влавот се доселил во селото околу 1840 година; Трајковци (1 к.), доселени од некое село Прекопрнци; Митревци (1 к.), доселени од селото Стрмашево; Петковци-Шепендије (1 к.), и тие се доселени од селото Стрмашево; Стојановци (1 к.), исто така од Стрмашево; Камчевци (1 к.), доселени од селото Долни Дисан; Несторовци (1 к.), доселени од селото Бесвица; Клисуровци-Зеленгоровци (1 к.), доселени од селото Клисура; Геговци (1 к.), доселени од селото Стрмашево; Татаровци (2 к.), доселени од селото Радња. Во Радња припаѓале на истоимениот род. Таму се доселени од селото Полчиште во Мариово; Митревци (1 к.), доселени од Јанков Чифлик, а таму од селото Тимјаник и Аврамовци (1 к.), доселени во 1916 година од селото Тушин во Меглен.

Општествени установи

Демиркаписко Драчевица: Потекло и значење на името, Географија и местоположба, Историја 
Поранешното основно училиште во селото
  • Поранешно основно училиште

Самоуправа и политика

Демиркаписко Драчевица: Потекло и значење на името, Географија и местоположба, Историја 
Горномаалска чешма

Во XIX век, Драчевица било село во Тиквешката каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Демир Капија, која била една од ретките општини која не била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото исто така било дел од Општина Демир Капија.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Неготино. Селото припаѓало на некогашната општина Неготино во периодот од 1957 до 1965 година. Во периодот 1955-1957 селото влегувало во рамки на општина Демир Капија.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Демир Капија, во која покрај селото Драчевица, се наоѓале и селата Бесвица, Бистренци, Демир Капија, Дрен, Иберли, Клисура, Копришница, Корешница, Кошарка, Человец и Чифлик. Во периодот 1950-1952, селото било исто така дел од некогашната општина Демир Капија, во која влегувале селата Демир Капија, Драчевица, Дрен, Копришница, Клисура и Чифлик.

Избирачко место

Селото е опфатено во избирачкото место бр. 1248 според Државната изборна комисија, кое е сместено во зградата на основното училиште во селото Барово. Избирачкото место ги опфаќа селата Барово, Драчевица и Стрмашево.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 11 гласачи. На парламентарните избори во 2020 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 10 гласачи.

Културни и природни знаменитости

Демиркаписко Драчевица: Потекло и значење на името, Географија и местоположба, Историја 
Главната селска црква „Св. Димитриј“
    Археолошки наоѓалишта
  • Падарница — населба и некропола од доцноантичко време
    Цркви

Редовни настани

    Слави

Личности

    Родени во или по потекло од Драчевица
  • Дино Драчевски (?–1913) — револуционер на МРО

Наводи

Поврзано

Надворешни врски

Tags:

Демиркаписко Драчевица Потекло и значење на иметоДемиркаписко Драчевица Географија и местоположбаДемиркаписко Драчевица ИсторијаДемиркаписко Драчевица СтопанствоДемиркаписко Драчевица НаселениеДемиркаписко Драчевица Општествени установиДемиркаписко Драчевица Самоуправа и политикаДемиркаписко Драчевица Културни и природни знаменитостиДемиркаписко Драчевица Редовни настаниДемиркаписко Драчевица ЛичностиДемиркаписко Драчевица НаводиДемиркаписко Драчевица ПоврзаноДемиркаписко Драчевица Надворешни врскиДемиркаписко ДрачевицаДемир КапијаОпштина Демир Капија

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Марио ЛеминаОпштина КавадарциЛозје (книга)Список на градови во МакедонијаЧорбаџи ТеодосОпштина БогданциГлавна страницаДонтов методОхридОпштина ПрилепКрушевска РепубликаВоен конфликт во Македонија (2001)Ѕвезда од КутлешСписок на реки во МакедонијаПоумТумор на мозокНаум НаумовскиАлцхајмерова болестДискус хернијаСписок на главни градови во ЕвропаБор (град)МјузиклЕлектрицитетБугаријаПравопис и правоговор на македонскиот јазикДенес над МакедонијаВелигденЖил ВернОче нашОпштина ВрапчиштеРак на грлоПролетЦрни и жолтиМозочно крвавењеХомо (филм од 2020)ФиброаденомПредмет (граматика)Свети Кирил и МетодијПискупштинаДен на востанието на МакедонијаМакедонски народни песниОктомвриска револуцијаОпштина ШтипБаснаОпштина КичевоОпштина БоговињеАутизамСписок на повикувачки броеви на земјитеМислешевоСинонимЗбогум Румелија (ТВ-серија)Министерство за животна средина и просторно планирањеЈосип Броз-ТитоФизикаЈоаким КрчовскиВлада на МакедонијаТетовоОпштина Маврово и РостушеАвтоимуна болестКаролина ГочеваКултураОбединето КралствоМакедонски претседателски избори (2024)ХепатитПипи Долгиот ЧорапПрисовјаниОпштина ИлинденЈосиф СталинКопа АмерикаПетре М. АндреевскиНационален парк ГаличицаФилип II МакедонскиОпштина ДолнениСтудена војнаГорјан ПетревскиТројанска војнаВодаБледски договор (1947)🡆 More