Породин: село во Општина Битола

Породин — село во Општина Битола, во околината на градот Битола.

Породин
Породин во рамките на Македонија
Породин: Географија и местоположба, Историја, Стопанство
Породин
Местоположба на Породин во Македонија
Породин на карта
Координати 40°55′59″N 21°22′0″E / 40.93306° СГШ; 21.36667° ИГД / 40.93306; 21.36667
Општина Битола
Население 139 жит.
(поп. 2021)

Пошт. бр. 7223
Шифра на КО 02096
Надм. вис. 596 м
Породин на општинската карта
Породин: Географија и местоположба, Историја, Стопанство

Атарот на Породин во рамките на општината
Породин: Географија и местоположба, Историја, Стопанство Породин на Ризницата

Географија и местоположба

Селото Породин се наоѓа во јужниот дел на Битолското Поле, на потпланинскиот пат кој води јужно од Битола кон селото Драгош и државната граница со Грција. Од градот Битола, Породин е оддалечено 13 километри. Селото е рамничарско и е расположено на надморска височина од 600 метри. Атарот зафаќа површина од 13,7 км2, а на него преовладува обработливото земјиште со 1154 ха.

Историја

Породин е село со богата историја. Во непосредна близина на Породин е археолошкото наоѓалиште од средниот период на младото камено време — неолитот наречено „Тумба“.

Во отоманските документи, селото се споменува во на 5 јуни 1636 година во еден договор за заем. Во овој документ за запишано дека жителите од с. Породин, Битолско, зеле на заем од вакафот „Мехмед Војвода“ пари во износ од 3.500 акчиња со лихва во износ од 450 акчиња.

Од доаѓањето на Османлиите, па сè до Руско-турската војна, Породин (во историските документи често наведувано како Горни и Долни Породин) било село исклучиво населено со православни Македонци и 5 цркви изградени во Х-от век и нивен заеднички манастир кај сегашната црква „Св. Богородица“ во с. Велушина каде што бил закопан еден од синовите на цар Самуил. По овој период македонското население било раселено, а на негово место се доселени муслимани Турци и Албанци кои се задржале сѐ до крајот на Првата светска војна. Потоа повторно започнуваат да се доселуваат Македонци од околните села, Леринско, Костурско и Мала Преспа.

Стопанство

Породин има исклучително полјоделска функција, што се должи на неговата местоположба во Пелагониската раминина. Најзастапено од полјоделството е одгледувањето на житните растенија: пченица, јачмен, пченка, потоа фуражните култури за сточна храна, како што се: трици, крмна пченка, луцерка, граор, детелина, како и индустриските и градинарските растенија: шеќерна и маслодајна репка, сончоглед, црвен пипер (познат за овој крај), кромид. Во селото Породин се наоѓа и свињарската фарма на ЗИК „Пелагонија“ од Битола, која е една од најголемите свињарски фарми во Македонија. Покрај свињарството од сточарството најмногу се застапени и краварството и овчарството, а во помала мера и козарството. Голем дел од населението што одгледува крави и овци се занимава и со млекопроизводство. Во селото Породин е регистрирана и едно автопревозно претпријатие.

Население

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948447—    
1953523+17.0%
1961460−12.0%
1971536+16.5%
1981442−17.5%
ГодинаНас.±%
1991284−35.7%
1994241−15.1%
2002202−16.2%
2021139−31.2%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Породин живееле 490 жители, од кои 300 Македонци и 190 Албанци. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Породин имало 96 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 300 Македонци и 150 Албанци.

Населението на селото на пописот во 2002 година изнесува 202 жители, од ко 194 Македонци, 6 Албанци, 3 Срби и 2 останати.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 139 жители, од кои 110 Македонци, 17 Албанци, 1 Србин и 11 лица без податоци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 490 96 447 523 460 536 442 284 241 202 139

Родови

Породин е македонско православно и муслиманско албанско-ромско село, во него живеат родови доселенички, македонските родови дошле од околните Битолски села, од Леринско, од Костурско и од Корчанско и Мала Преспа. Сите македонски родови се доселени после турското владеење.

  • Родови доселени од Костурско се: Дељовци (1 к.) и Василевци (1 к.) доселени се 1924 од селото Апоскеп; Лулевци (4 к.), Грибевци (2 к.) и Огњановци (1 к.) доселени се 1924 од селото Кономлади; Боговци (1 к.),Младеновци (1 к.), Секуловци (4 к.), Геџовци (3 к.), Кубуровци (3 к.) и Ковачевци (1 к.) исто така се доселени од Кономлади во 1925, нивни роднини има во Скопје и Битола; Новачевци (1 к.) доселени се 1927 од Ошчима; Тодоровци (4 к.), Ванговци (2 к.) и Беќаровци (1 к.) доселени се од Желево, првите во 1925, а останатите во 1927; Сотировци (1 к.), Лумбуровци (1 к.) и Бундевци (1 к.) доселени се исто така од Желево во 1925, од првиот род имаат роднини во Велушина и Битола; Тошевци (2 к.) доселени се исто така од Желево во 1926; Џавеловци (2 к.) доселени се 1927 од селото Рулја; Мајдуровци (1 к.), Палчевци (1 к.) и Ѕвездинци (1 к.) доселени се 1927 од Трново; Кандилевци (1 к.) и Џонговци (1 к.) доселени се 1925 од Статица.
  • Родови доселени од Леринско се: Стојковци (1 к.) и Штерјовци (1 к.) доселени се 1927 од Трсје; Трпчевци (1 к.) исто така доселени се од Трсје во 1926; Пашевци (1 к.) доселени се 1925 од селото Негочани; Котевци (2 к.), Богдановци (1 к.) и Кузмановци (1 к.) доселени се 1927 од Раково; Божиновци (1 к.) доселени се 1927 од Песочница; Рапашиновци (2 к.) доселени се 1925 од Пополжани; Манојловци (2 к.) и Луковци (1 к.) доселени се од селото Арменско, првите во 1926, а другите во 1928.
  • Родови доселени од Битолските села се: Христовци (1 к.) доселени се 1928 од Олевени; Кочовци (4 к.), Ропковци (2 к.), Камбовци (1 к.) и Љамчевци (2 к.) доселени се од Велушина, првите во 1928, вторите и третите во 1929, а четвртите во 1933, и во Велушина се однекаде доселени; Живојинци (1 к.) доселени се од селото Живојно, каде припаѓале на староседелскиот род Топал-Золевци; Шамовци (2 к.) доселени се 1925 од Драгош; Најдовци (2 к.) доселени се 1920 од селото Суводол.
  • Родови доселени од Мала Преспа и Корчанско: Митровци (2 к.) доселени се 1928 од некое село кај Корча; Спасевци (1 к.) доселени се 1928 од Билишта; Гроздановци (2 к.) доселени се 1928 од некое село кај Корча; Китановци (2 к.) доселени се 1929 од селото Шулин.
  • Албански муслимански родови се: Исовци (2 к.) овде живеат од турско време; Јумеровци (1 к.) потекнуваат од домазет доселен од некое албанско село во сливот на Шемница.
  • Ромски родови во селото се: Церо (1 к.) овде живеат од турско време; Бафтијар (1 к.) доселени се однекаде во 40-тите на XX век. Домашен јазик на породинските Роми е Албанскиот. За време на турското владеење имало повеќе Ромски родови во селото.

Општествени установи

Во селото Породин работи основно училиште до IV одделение, како дел од подрачното ОУ „Крсте Петков Мисирков“ - Бистрица.

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 145 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на дом на културата.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 158 гласачи.

Културни и природни знаменитости

    Цркви
    Археолошки наоѓалишта
  • Бара Тумба — населба од неолитско време;
  • Тумба — населба од неолитско време;
  • Дупки — наоѓалиште од непознат тип и период;
  • Школо — наоѓалиште од непознат тип и период;
  • Црквиште — наоѓалиште од непознат тип и период;

Редовни настани

Личности

Култура и спорт

Иселеништво

Од албанското население до 1953 година имало иселеници во Турција (44 семејства), Битола (10 семејства).

Од македонското населене иселеници имало во Лажец (Породинци), Жабени (Димовци), Барешани (Прчевци), Канино (Димови и Толевци). Иселување имало и после 1953 година.

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Породин Географија и местоположбаПородин ИсторијаПородин СтопанствоПородин НаселениеПородин Општествени установиПородин Самоуправа и политикаПородин Културни и природни знаменитостиПородин Редовни настаниПородин ЛичностиПородин Култура и спортПородин ИселеништвоПородин НаводиПородин Надворешни врскиПородинБитолаОпштина Битола

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Проста реченицаОпштина Маврово и РостушеМакедонска крвава свадбаОпштина БитолаЗанаетОпераАнте ПоповскиБалкански ПолуостровБроеви во македонскиот јазикФилип II МакедонскиРоднински односиНова алтернативаЛимфен јазолОпитНАТОСписок на македонски народни и староградски песниАвтоимуна болестСрпска кирилична азбукаСписок на градови во МакедонијаОпштина ПласницаБалканска приказна (ТВ-серија)Стара скопска чаршијаСолунски атентатиКлеткаГоран СтефановскиВојскаМорфологија на македонскиот јазикПарадоксот на ДиогенЖивотниДелогождиБогородичната црква во ПаризХомерОпштина ПробиштипСјогренов синдромЖивотна срединаПартија за движење на Турците во МакедонијаМултипла склерозаБакарСтруен ударМозокКамен мост (Скопје)Македонски ВласиЛетно сметање на времетоЕрман ШабанСкопски земјотрес (1963)Антон ПановОхридско ЕзероСедум смртни гревовиДемографија на МакедонијаПаркинсонова болестХороскопски знациОпштина КумановоДонтов методОпштина Демир ХисарНиколај Римски-КорсаковКирил ПејчиновиќРевизор (комедија)МенингитисСтепенување на придавки во македонскиот јазикВекторСписок на држави во светотКонстантин МиладиновЈудаизамМоливРенесансаКочо РацинСедум светски чуда на античкиот светРимска уметностСтарословенска азбукаТранспирацијаГитараПетар ПанПаралелограмКвадратДланка🡆 More