Канино: село во Општина Битола

Канино — село во Општина Битола, во околината на градот Битола.

Канино
Канино во рамките на Македонија
Канино: Географија и местоположба, Историја, Стопанство
Канино
Местоположба на Канино во Македонија
Канино на карта
Координати 40°57′59″N 21°21′0″E / 40.96639° СГШ; 21.35000° ИГД / 40.96639; 21.35000
Општина Битола
Население 104 жит.
(поп. 2021)

Шифра на КО 02060
Надм. вис. 617 м
Канино на општинската карта
Канино: Географија и местоположба, Историја, Стопанство

Атарот на Канино во рамките на општината
Канино: Географија и местоположба, Историја, Стопанство Канино на Ризницата

Географија и местоположба

Селото се наоѓа во јужниот дел на Битолското Поле, оддалечено 11 километри јужно од градот Битола.

Историја

Во XIX век селото било дел од Битолската каза на Отоманското Царство.

Вкупно 6 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.

Стопанство

Население

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948248—    
1953256+3.2%
1961249−2.7%
1971276+10.8%
1981268−2.9%
ГодинаНас.±%
1991184−31.3%
1994127−31.0%
2002111−12.6%
2021104−6.3%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Канино живееле 250 жители од кои 190 Албанци и 60 Македонци.

Според секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Канино имало 192 Македонци, патријаршисти.

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Канино се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 28 куќи.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци.

Според пописот од 2002 година, селото има 111 жители, од кои 107 Македонци, 2 Срби и 2 останати.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 104 жители, од кои 89 Македонци и 15 лица без податоци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 250 192 248 256 249 276 268 184 127 111 104

Родови

Канино е македонско православно село, родовите во селото се староседелски и доселенички.

Според истражувањата од 1951 година, родови во селото Канино се:

  • Староседелци: Јанкуловци (2 куќи), Иљовци (8 куќи), Кузмановци (1 куќа), Трајчевци (1 куќа), Стојчевци (10 куќи), Јовановци (3 куќи), Пелтевци (2 куќи), Николовци (1 куќа) и Нешковци (3 куќи)
  • Доселеници: Јанкуловци (7 куќи) доселени се од селото Бистрица; Гроздановци (7 куќи) доселени се од некое село во Преспа; Каракачовци (1 куќа) доселени се од селото Олевени; Димовци (1 куќа) и Толевци (1 куќа) доселени се од селото Породин.

Општествени установи

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 155 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на дом на културата.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 88 гласачи.

Културни и природни знаменитости

    Цркви
    Археолошки наоѓалишта
  • Тумба — населба од брозено време;
  • Мечкарец — наоѓалиште од непознат тип и период;
  • Кули — наоѓалиште од непознат тип и период;

Редовни настани

Личности

  • Илија Размов - учесник во доброволните чети на Балканските војни
  • Миле Димовски (1924-1944) - партизан, учесник во НОБ;
  • Никола Тодоровски (1914-1944) - партизан, учесник во НОБ;
  • Ристе Спасевски (1925-1944) - партизан, учесник во НОБ;
  • Раде Бошевски (1953-)- фудбалер на Ф. К. Пелистер Битола во 1970-тите.

Култура и спорт

Иселеништво

До 1951 година од селото се иселиле 10 семејства во Битола и Северна Америка. Иселениците во Битола биле од родовите Јанкуловци и Толевци. Во Битола има уште иселеници од Размовци, Божиновци и Иљови. Иселениците во Северна Америка потекнувале од родот Трајчевци и други.

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Канино Географија и местоположбаКанино ИсторијаКанино СтопанствоКанино НаселениеКанино Општествени установиКанино Самоуправа и политикаКанино Културни и природни знаменитостиКанино Редовни настаниКанино ЛичностиКанино Култура и спортКанино ИселеништвоКанино НаводиКанино Надворешни врскиКаниноБитолаОпштина Битола

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Јордан Хаџи Константинов-ЏинотЕлектрична енергијаТетовоИсламСкржавецот (Плавт)Народноослободителна борба во Вардарска МакедонијаСтрептококен фарингитисОпштина СтуденичаниТоме АрсовскиРамностран триаголникОпштина ИлинденНовак ЃоковиќПавле ТрајановДиво месо (драма)АквилејаМахидевранОдбојкаШенген-зонаЦрноризец ХрабарГамеланПресметување на датумот на ВелигденПетар Поп АрсовЛимфоцитСложена реченицаВиенаШвајцаријаБлаговештениеПрочкаОпштина КочаниЗемји членки на Европската УнијаСолунски атентатиПрво заседание на АСНОМОпштина КичевоПсоријазаПневмонијаДропкаСтобиКарлес ПуџдемонИзраелСтрумички карневалМаричка биткаВија ЕгнацијаТелефонМакедонски претседателски избори (2024)Прва помошСтара ГрцијаМакедонска револуционерна организацијаСолунОтоманска МакедонијаМалтаРимско ЦарствоМатичен млечНационални паркови во МакедонијаЛокални избори во Македонија (2013)ХепатитПреспанско ЕзероОхридСтојан АндовДрагана МирковиќОхридско ЕзероКавказЖил ВернЛабуништаПовикот на дивинатаСписок на држави по населениеЃорче ПетровМакедонски ораПечалбариПаралелограмБиотички факториКомпасДелогождиГлицеролГај Јулиј ЦезарОпштина Демир ХисарЕрнест ХемингвејОпштина КумановоГолеми и мали (роман)🡆 More