Каратманово: село во Општина Лозово

Каратманово — село во Општина Лозово, во областа Овче Поле, близина на патот Велес - Штип.

Каратманово
Каратманово во рамките на Македонија
Каратманово: Географија и местоположба, Историја, Население
Каратманово
Местоположба на Каратманово во Македонија
Каратманово на карта
Координати 41°45′44″N 21°52′6″E / 41.76222° СГШ; 21.86833° ИГД / 41.76222; 21.86833
Регион Каратманово: Географија и местоположба, Историја, Население Вардарски
Општина Каратманово: Географија и местоположба, Историја, Население Лозово
Население 430 жит.
(поп. 2021)

Пошт. бр. 2208
Шифра на КО 24015, 24515
Надм. вис. 296 м
Каратманово на општинската карта
Каратманово: Географија и местоположба, Историја, Население

Атарот на Каратманово во рамките на општината
Каратманово: Географија и местоположба, Историја, Население Каратманово на Ризницата

Географија и местоположба

Селото се наоѓа во југозападниот дел на Овче Поле, на околу 4 километри источно од Лозово, 13 километри северозападно од Велес и 24 километри југозападно од Свети Николе. Соседни села на каратманово се: Дорфулија и Џумајлија на исток и североисток, Кумарино и Мамутчево на запад и северозапад, Милино на север, и Кишино на југ.

Поедини места во атарот на селото ги носат следните имиња: Ограда, Џамалџи, Катрли, Коџадол, Комарлиечими, итн.

Историја

Во народната традиција се наведува дека селата Каратманово, Џумајлија и Кишино биле најстари турски села во околината на Овче Поле. Селото Каратманово е основано во средината на XVIII век од 8 муслимански семејства. Од нив само две биле доселени од Арабија, а останатите од Мала Азија.

На крајот на XIX век селото било дел од Штипската каза на Отоманското Царство. Според податоците на бугарскиот етнограф Васил К’нчов, селото во 1900 година имало 475 Турци. Како турско село означено било и од страна на Леонард Шулце Јена и Димитар Гаџанов.

Население

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948701—    
1953766+9.3%
1961619−19.2%
1971571−7.8%
1981574+0.5%
ГодинаНас.±%
1991524−8.7%
1994469−10.5%
2002520+10.9%
2021430−17.3%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Каратманово живееле 475 жители, сите Турци.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 500 Турци.

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 520 жители, од кои 515 Македонци и 5 Турци.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 430 жители, од кои 426 Македонци, 2 Турци и 2 лица без податоци.

На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:

Година Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Ост. б.п. Вкупно
1948 701
1953 765 ... 1 766
1961 535 4 76 ... ... 2 ... 2 619
1971 554 17 ... ... 571
1981 560 13 ... 1 574
1991 520 4 ... 524
1994 464 5 ... 469
2002 515 5 520
2021 426 2 2 430

Родови

Според податоците од 1957/58 родови во селото биле.

Општествени установи

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 1710 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 328 гласачи.

Иселеништво

Од селото Каратманово се иселил огромен број на жители, во постаро време се иселиле некои македонски родови. Па така во селото Ново Село, Велешко се иселиле родовите: Богојовци (4 к.), Караѓорѓевци (5 к.), Хаџиовци (2 к.) и Петрушевци (1 к.). Родот Неделковци (1 к.) се иселил во селото Новачани. Од турските родови се иселиле преку 100 семејства во периодот помеѓу 1954-1958 година. Иселениците живеат во Маниса, Измир и Истанбул.

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Каратманово Географија и местоположбаКаратманово ИсторијаКаратманово НаселениеКаратманово Општествени установиКаратманово Самоуправа и политикаКаратманово ИселеништвоКаратманово ПоврзаноКаратманово НаводиКаратманово Надворешни врскиКаратмановоВелесОвче ПолеОпштина ЛозовоШтип

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Мултипла склерозаСтојанче АнгеловЛазар Ристовски (глумец)Разловечко востаниеКокошкаСедум светски чуда на античкиот светПролетОрхан (книга)Петре М. АндреевскиФК Манчестер СитиОпштина БогданциДемир ХисарХристијан МицкоскиБуринецСтругаКирил ПејчиновиќЕгипетСоцијалистичка Република МакедонијаПодметПенис (човек)ГетеборгХристијанствоЕвропска УнијаСтар заветКаролина ГочеваТурцијаЦветнициСписок на македонски народни и староградски песниОпштина КратовоСојуз на Ромите од МакедонијаПавле ТрајановЖичени инструментиГлаголАнтон ПановЛирикаПрирокВрхбоснаХомерЛалеБубрежен каменХороскопски знациМарко ЦепенковГлавна страницаЦистична фиброзаМакедонија во Првата светска војнаСипанициОпштина БеровоДеменцијаВиенаСтрумицаБогородичната црква во ПаризГеографија на МакедонијаИсторијаБранко ЦрвенковскиКрсте Петков МисирковСписок на архаични зборови во македонскиот јазикРелигијаАртрозаАлкалоид (претпријатие)Општина ЗелениковоЦрна ГораМомче во пижами со риги (филм)Општина ВрапчиштеКирилицаГрб на МакедонијаКорошиштаМакедонски хумористични народни приказни (книга)Десница (политика)КалиштаБојан (роман)БакарУставен суд на МакедонијаСредоземно МореМакедонски парламентарни избори, 2011ЛасерАвантурите на ПинокиоПсоријаза🡆 More