Кратовско Нежилово: село во Општина Кратово

Нежилово — село во североисточниот дел на Македонија, во Општина Кратово, во околината на градот Кратово.

Нежилово
Кратовско Нежилово: Потекло и значење на името, Географија и местоположба, Стопанство

Воздушен поглед на Нежилово

Нежилово во рамките на Македонија
Кратовско Нежилово: Потекло и значење на името, Географија и местоположба, Стопанство
Нежилово
Местоположба на Нежилово во Македонија
Нежилово на карта
Координати 42°6′54″N 22°13′59″E / 42.11500° СГШ; 22.23306° ИГД / 42.11500; 22.23306
Регион Кратовско Нежилово: Потекло и значење на името, Географија и местоположба, Стопанство Североисточен
Општина Кратовско Нежилово: Потекло и значење на името, Географија и местоположба, Стопанство Кратово
Област Осогово
Население 21 жит.
(поп. 2021)

Пошт. бр. 1360
Повик. бр. 031
Шифра на КО 14019
Надм. вис. 930-1.300 м м
Нежилово на општинската карта
Кратовско Нежилово: Потекло и значење на името, Географија и местоположба, Стопанство

Атарот на Нежилово во рамките на општината
Кратовско Нежилово: Потекло и значење на името, Географија и местоположба, Стопанство Нежилово на Ризницата

Потекло и значење на името

Името на селото првпат е забележано во турски документи од XVI век. Името се поврзува со личното име Нежил (или Нежо), како и другите варијанти Негослав или Негомир.

Географија и местоположба

Кратовско Нежилово: Потекло и значење на името, Географија и местоположба, Стопанство 
Селото сместено високо во Осоговските Планини

Селото се наоѓа во североисточниот дел на територијата на Општина Кратово, чиј атар високо се издига на Осоговските Планини и се допира со подрачјето на Општина Крива Паланка и Општина Ранковце. Селото е планинско и раштркано, чии маала се издигаат на надморска височина од 930 до 1.300 метри. Од градот Кратово, селото е оддалечено 6 километри.

Низ селото поминува регионалниот пат 29271 (целосно асфалтиран), кој се двои од регионалниот пат 2232 во непосредна близина на браната на Кнежевското Езеро.

Стопанство

Атарот на селото има средна големина и зафаќа простор од 14,2 км2, при што преовладуваат шумите со површина од 635 хектари, на пасиштата отпаѓаат 443 хектари, а на обработливите површини 295 хектари.

Во основа, може да се каже дека селото има мешовита земјоделска функција.

Население

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948294—    
1953326+10.9%
1961275−15.6%
1971221−19.6%
1981163−26.2%
ГодинаНас.±%
199160−63.2%
199450−16.7%
200223−54.0%
202121−8.7%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Нежилово живееле 260 жители, сите Македонци. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Нежилово имало 280 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 350 Македонци.

Нежилово е мало село, со опаѓање на бројот на населението. Така, Нежилово во 1961 година имало 275 жители, а во 1994 година само 82 жители, македонско население.

Според пописот од 2002 година, во селото Нежилово живееле 23 жители, сите Македонци.

Според последниот попис од 2021 година, селото имало население од 21 жител, сите Македонци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 260 280 294 326 275 221 163 60 50 23 21


Самоуправа и политика

Кон крајот на XIX век, Нежилово било село во Кратовската каза на Отоманското Царство.

Селото се наоѓа во Општина Кратово, која била една од ретките општини во Македонија, која не била воопшто менувана во поглед на нејзините граници со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Кратово. Селото припаѓало на општината Кратово и во периодот 1955-1965 година.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Кратовска градска општина, во која покрај градот Кратово, се наоѓале и селата Близанци, Горно Кратово, Емирица, Железница, Живалево, Каврак, Кнежево, Којково, Куново, Мушково, Нежилово, Приковци, Туралево, Филиповци и Шлегово. Во периодот 1950-1952, селото се наоѓало во некогашната Кратовска градска општина, во која влегувале градот Кратово и селата Близанци, Железница и Нежилово.

Избирачко место

Во селото се наоѓа избирачкото место бр. 0907 според Државната изборна комисија.

На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 15 гласачи.

Културни и природни знаменитости

    Археолошки наоѓалишта
  • Ан 2-Бари — средновековна населба;
  • Три Кладенец — средновековна топилница за оловна руда;
  • Фурна — населба и топилница од римскоот време; и
  • Чукар — градиште од доцноантичкото време.
    Цркви

Личности

    Родени во или по потекло од Нежилово

Галерија

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Кратовско Нежилово Потекло и значење на иметоКратовско Нежилово Географија и местоположбаКратовско Нежилово СтопанствоКратовско Нежилово НаселениеКратовско Нежилово Самоуправа и политикаКратовско Нежилово Културни и природни знаменитостиКратовско Нежилово ЛичностиКратовско Нежилово ГалеријаКратовско Нежилово ПоврзаноКратовско Нежилово НаводиКратовско Нежилово Надворешни врскиКратовско НежиловоКратовоМакедонијаОпштина Кратово

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Стале Попов‘Рбетен столбОпштина КрушевоСписок на државни знамињаПочваМакедонски претседателски избори (2024)МенингитисРоднински односиБогородичната црква во ПаризНова годинаСписок на градови во Македонија по населениеПреспанско ЕзероМакедонски парламентарни избори, 201427 мартТуберкулозаСписок на македонски народни и староградски песниХепатитЛатински јазикОпштина ПехчевоПрилепСидПретседател на МакедонијаХрватскаБакарДувачки инструментStaphylococcus aureusМакедонски ВласиВнатрешна македонска револуционерна организација - Демократска партија за македонско национално единствоБранко ЦрвенковскиНАТОЕтанолСписок на држави и територии во ЕвропаСписок на културно наследство на МакедонијаВојдан ЧернодринскиЖичени инструментиДржавни празници во МакедонијаБигорски манастирМитологијаЦијанобактерииВолшебното самарчеСедум светски чуда на античкиот светАмерикаМарио ЛеминаДржавни празници во БугаријаФилип II МакедонскиЦрква „Св. Климент Охридски“ - СкопјеБошко СмаќоскиДојранско ЕзероБраќа МиладиновциИменкаБалкански ПолуостровГоран СтефановскиДропкаИвона ТалевскаРомбФилиз АхметКарлес ПуџдемонАнтичка МакедонијаОптичка мамкаРаички манастирМоливОпштина ВрапчиштеСтево ПендаровскиБарешаниБаклаваСписок на главни градови во светотСписок на држави по населениеРадождаТутунЗНАМСмоларски ВодопадКоле АнгеловскиЈајчникСјогренов синдромБолести и аномалии на очитеПарадоксот на ДиогенДемократија🡆 More