Маниса: град во Турција

Маниса (турски: Manisa) — град во Егејскиот регион во Турција и главен град на истоимената провинција.

Маниса
Маниса: Етимологија, Историја, Клима
Маниса is located in Turkey
Маниса
Маниса
Координати: 38°37′50″N 27°25′20″E / 38.63056° СГШ; 27.42222° ИГД / 38.63056; 27.42222
ЗемјаТурција
ПокраинаМаниса
Управа
 • ГрадоначалникЏенгиз Ерѓун (ПНД)
Површина
 • District1.231,83 км2 (47,561 ми2)
Население (2012)
 • Градскo309.050
 • District356.702
 • District густина2,9/км2 (7,5/ми2)
Мреж. местоmanisa.bel.tr

Етимологија

Население во минатото
ГодинаНас.±%
15316.500—    
15758.250+26.9%
191135.000+324.2%
1927 28.328−19.1%
1935 36.431+28.6%
1960 77.464+112.6%
1980 111.228+43.6%
2000 149.151+34.1%
Маниса: Етимологија, Историја, Клима 
Каравансарај изграден во 19 век
Маниса: Етимологија, Историја, Клима 
Саркофаг во музејот на Маниса
Маниса: Етимологија, Историја, Клима 
Големата џамија
Маниса: Етимологија, Историја, Клима 
Споменик на Ајше Хафса султан

Историски гледано, градот бил познат како Магнезија, или поточно Магнезија на Сипилум за да се разликува од Магнезија на Меандер, која се наоѓа на релативно кратко растојание на југ. Традиционалното гледиште е дека името „Магнезија“ произлегува од племето Магнези кои се доселиле во овој регион од Тесалија.

Името „Магнезија на Сипилум“ се однесува на планината Сипилус (денешен Спил), град кој имал голема важност во времето на Римското Царство, особено по 190 п.н.е. и Битката кај Магнезија. Плиниј Постариот градот го споменува под името „Танталис „ или „град на Тантал“, чии остатоци сè уште се видливи.

Под турска власт се користело името Сарухан, според основачот на анадолскиот бејлик, но подоцна во времето кога бејликот бил освоен од Османлиите, градот започнал да биде нарекуван и Маниса. Во првите векови на Отоманското Царство, во Маниса биле школувани синовите на султаните и градот во тоа време бил познат и како Шехзаделер шехри или „град на принцовите„.

Историја

Праисторија

Траги од праисторијата во регионот на Маниса, иако малку на број, вклучуваат два многу интересни наоди кои фрлаат светлина врз минатото Западна Анадолија. Првиот извор е пронајдените фосилизирани стапалки, кои на број се повеќе од педесет и датираат од околу 20,000-25,000 п.н.е., откриен во 1969 година од страна на МТА, државен орган во Турција за минерално истражување, во селото Синдел во близина на Маниса. Некои од овие стапалки се изложени денес во музејот на Маниса.

Вторите наоди се гробовите пронајдени во селото Јортан Киркагач, северно од Маниса.

Лувијци, Хетити, Фригијци и Лидијанци

Централните и јужните делови на Западна Анадолија во околу 1320 година п.н.е. биле освоени од страна на лувиското царство Арзава, кое било вазално на Хетејското Царство. Споменикот Кибела наоѓа на Акпинар на северниот дел на планината Сипилус, на растојание од околу 7 километри од Маниса на патот кон Тургутлу. Самиот споменик претставува знак за хетиската уметност која се задржала во овој период.

Во текот на првиот милениум во регионот се појавиле Фригите и Лидијанците, заедно со нивните полулегендарни личности како владетелот Тантал, неговиот син Пелопс и неговата ќерка Ниоба. Во 7 век п.н.е. регионот бил контрола на Лидијанците со главен град Сфард кој се наоѓа на 62 километри од Маниса.

Хеленистички, римски и византиски период

Во класичната антика, градот бил познат како Магнезија на Сипилум и одиграл важна улога во историјата на регионот, додека градот не бил освоен од страна на Римјаните во 190 година п.н.е. по Битката кај Магнезија. Во времето на римскиот цар Тибериј, градот бил целосно разрушен од силен земјотрес, но во следните години бил повторно обновен.

По поразот на Византија од Селџуците во Битката кај Манцикерт во 1071 година, и последователната крстоносна победа во Дорилеја, градот започнал да се обновува во времето на Алексиј I Комнин. Градот претставувал важен регионален центар во Византија, и во текот на 13 век бил вклучен во составот на Никејско Царство. Магнезија служела како функционална престолнината на царството до повторното освојување на Цариград во 1261 година. Урнатините на утврдувањата од никејската ера ја потврдуваат важноста на градот во доцниот византиски период. Ова било наведено од страна на византискиот историчар Ѓорѓи Акрополит.

Селџучки и Сарухански период

Во 1313 година, Маниса станала постојана турска територија кога била вклучена во територијата на Саруханскиот бејлик, предводен од бегот Сарухан кој градот го зазел по распаѓањето на Селџучкото Царство и Иконискиот Султанат и со територијата владеел до 1346 година. Неговите синови со регионот управувале до 1390 година, кога во околу 1390 година бејликот бил освоен од страна на Османлиите, на чело со Бајазит I. По монголската инвазија, Ангорската битка и крајот на интеррегнумот, регионот трајно бил вклучен во составот на Отоманското Царство во 1410 година.

Отомански период

Во следниот период градот започнал да се развива, особено од средината на 15 век, кога како дел од Саруханскиот санџак, Маниса станала град во кој се обучувале султанските синови (шехзаде), и бил еден од најбогатите градови со голем број на отомански архитектурни градби. Од времето на Мурат II во 1437 година, петнаесет членови на Отоманската династија, вклучувајќи ги овде и Мехмед II и Сулејман I, биле вклучени во управувањето на градот. Иако Саруханскиот санџак официјално бил зависен од пашалакот Ќутахија, градот имал голема автономија поради присуството на принцовите. Оваа практика била укината во 1595 година, и во голема мера се должела на зголемената несигурност во провинцијата, поради востанието Џелали и силниот земјотрес кој му нанел тежок удар на просперитетот на регионот Маниса.

Во околу 1700 година, Маниса имала околу 2.000 даночни обврзници и 300 побожни фондации (вакиф). Местото било познато по своите пазари на памук и тип на кожа именувана по градот. Во текот на следниот век започнало доаѓање на западни трговци кои работеле во договор со локалните земјопоседници, по кое контролата над поголемиот дел од плодното земјиште околу Маниса биле заземени од грчко и еврејско население.

Во периодот од 1595-1836, Саруханскиот санџак останал приврзан кон пашалакот Анадолија, како во времето на османлиските принцови. Во периодот од 1836-1867 година, градот бил вклучен во составот на Ајдин, кој станал вилает со административните реформи во 1867 година. Во периодот од 1845-1847 година постоел посебен Сарухански санџак. Во периодот од 1841-1843 и 1846-1864, седиштето на провинцијата било префрлено во Измир.

Маниса бил еден од првите градови во царството кој имал привилегија да стане еден од првите градови со железничка пруга. Пругата била со должина од 93 километри, и нејзината изградба започнала од Измир во 1863 година и во 1866 година нејзината линија престигнала во Маниса.

Турски период

Маниса привремено била окупирана од страна на грчката армија на 26 мај 1919 година за време на Грчко-турската војна (1919-1922). На 8 септември 1922 година градот бил освоен од турската армија, но по повлекувањето на грчката армија, градот бил опожарен. Како резултат на ова, над 90% од градот бил уништен. Според Џејмс Лодер Парк, американски заменик-конзул во Цариград: „Маниса ... речиси целосно беше опожарена .. октомври 300 куќи, 15 џамии, 2 бањи, 2278 продавници, 19 хотели, 26 вили ... [беа уништени]“.

Маниса била повторно изградена и станала центар на провинцијата Сарухан во 1923 година во рамките на новата Турска Република. Името на провинцијата било променето во Маниса во 1927 година.

Клима

Маниса има средоземна клима со топли, суви лета кои траат долго време и зима која е кратка.

Климатски податоци за Manisa
Месец Јан Фев Мар Апр Мај Јун Јул Авг Сеп Окт Ное Дек Годишно
Највисока забележана °C (°F) 24.0
(75.2)
26.4
(79.5)
31.6
(88.9)
32.7
(90.9)
39.1
(102.4)
42.0
(107.6)
45.5
(113.9)
43.7
(110.7)
41.7
(107.1)
37.3
(99.1)
29.9
(85.8)
25.9
(78.6)
45.5
(113.9)
Прос. висока °C (°F) 10.7
(51.3)
12.2
(54)
16.2
(61.2)
21.2
(70.2)
27.2
(81)
32.5
(90.5)
35.2
(95.4)
35.0
(95)
30.6
(87.1)
24.2
(75.6)
16.9
(62.4)
11.9
(53.4)
22.82
(73.09)
Прос. ниска °C (°F) 3.0
(37.4)
3.6
(38.5)
5.5
(41.9)
9.3
(48.7)
13.7
(56.7)
18.3
(64.9)
21.2
(70.2)
21.0
(69.8)
16.6
(61.9)
12.4
(54.3)
7.3
(45.1)
4.7
(40.5)
11.38
(52.49)
Најниска забележана °C (°F) −7.0
(19.4)
−8.9
(16)
−5.1
(22.8)
−2.0
(28.4)
4.0
(39.2)
7.6
(45.7)
13.4
(56.1)
12.2
(54)
8.4
(47.1)
2.3
(36.1)
−3.4
(25.9)
−6.0
(21.2)
−8.9
(16)
Прос. врнежи мм (ин) 110.7
(4.358)
98.4
(3.874)
79.9
(3.146)
56.1
(2.209)
32.3
(1.272)
15.5
(0.61)
9.5
(0.374)
7.9
(0.311)
22.0
(0.866)
50.5
(1.988)
97.0
(3.819)
129.5
(5.098)
709.3
(27.925)
Прос. бр. дождливи денови 11.2 10.8 9.2 9.3 6.4 3.2 2.1 1.5 3.3 6.1 9.4 12.9 85.4
Сред. бр. сончеви часови месечно 89.9 106.4 170.5 201.0 275.9 327.0 356.5 334.8 279.0 201.5 123.0 74.4 2.539,9
Извор: Devlet Meteoroloji İşleri Genel Müdürlüğü

Архитектура

Џамијата Ајше Хафса султан била изградена во 16 век и посветена на Ајше Хафса султан, мајка на Сулејман Величествениот. Во нејзина чест се одржува фестивалот Месир секоја година во март, на кој присуствуваат личности од национално ниво. Џамијата е дел од компексот (кулије), во кој има болница специјализирана за ментални болести. Џамијата Мурадије била изградена во 16 век од страна на големиот архитект Мимар Синан. Во градот се одржува фестивал на гроздоберот.

Економија

Според бројките објавени од страна на гувернерот, 694 компании во провинцијата Маниса од вкупниот број на компании од 5.502 за 2007 година во покраината се сертифицирани индустриски претпријатија и тие вработуваат вкупно 44,449 лица. Во рамките на овие 694 компании, Маниса претставува центар со 238 претпријатија кои се вклучени во индустриското производство, Тургутлу (125), Акхисар (100), Салихи (78), Саруханли (33), Алашекир (30), Кула (28), Демирџи (20) и Сома (17).

Меѓу водечките индустриски активности, компаниите најмногу се ангажирани во производство на прехранбени производи (196 компании), градежни материјали (114), метални производи (85), како и текстилната индустрија и индустријата за облека (46) и памук (43). Најголем број на работна сила се концентрирани во електрониката, прехранбени производи и градежната индустрија.

Спорт

Фудбалскиот клуб од грдот се вика Манисаспор и се натпреварува во Првата Супер лига на Турција. Своите домашни натпревари ги игра на стадионот Маниса 19 Мајис со капацитет од 16,597 гледачи.

Луѓе

  • Шехзаде Мустафа (1515 - 1553), син на султан Сулејман I.
  • Шехзаде Јахија (1585 - 1649), син на султан Мехмед III.
  • Агатангел Схолариос (1818 - 1893), грчки свештеник
  • Агатангел Константинидис (1864 - 1935), грчки свештеник
  • Агатангел Схолариос (1818 - 1893), грчки свештеник
  • Василиј Пападопулос (1884 - 1969), грчки свештеник
  • Григориј Орологас (1864 - 1922), грчки свештеник
  • Кенан Еврен (р. 1917), турски офицер и политичар
  • Теодорос Аскитис (? - 1908), грчки дипломат

Збртимени градови

Надворешни врски

This article uses material from the Wikipedia Македонски article Маниса, which is released under the Creative Commons Attribution-ShareAlike 3.0 license ("CC BY-SA 3.0"); additional terms may apply (view authors). Содржината е достапна под CC BY-SA 4.0 освен ако не е поинаку наведено. Images, videos and audio are available under their respective licenses.
®Wikipedia is a registered trademark of the Wiki Foundation, Inc. Wiki Македонски (DUHOCTRUNGQUOC.VN) is an independent company and has no affiliation with Wiki Foundation.

Tags:

Маниса ЕтимологијаМаниса ИсторијаМаниса КлимаМаниса АрхитектураМаниса ЕкономијаМаниса СпортМаниса ЛуѓеМаниса Збртимени градовиМаниса НаводиМаниса Надворешни врскиМанисаЕгејски регионМаниса (покраина)Турски јазикТурција

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Тиквешко ЕзероСоединети Американски ДржавиБосна и ХерцеговинаЦветан ДимовВодаПолип на маткатаБлаже КонескиПочваВлатко СтефановскиРадовишИсус ХристосВртоглавицаСвети НиколеСмрчкаСписок на планини во МакедонијаПроливХомеопатијаМакедонски народни приказни (ТВ-серија)Музеј на македонската борбаЃорѓија ПулевскиЕстивацијаПодмочаниРимско ЦарствоДоматВелесСтобиФејсбукМиом на маткаРамнокрак триаголникБојаПиреј (роман)Овен (хороскопски знак)Раде ШербеџијаИсак Њутн2023БитолаАрмија на МакедонијаЈана СтојановскаStaphylococcus aureusСписок на хемиски елементиСписок на македонски народни поговоркиСтарословенска азбукаУнгаријаАвантурите на ПинокиоАневризмаСлавко ЈаневскиМасакр во ВелесБабуна (река)Кралица ВикторијаПајациРаички манастирЕлениБели дробовиДанскаЕфто ПупиновскиАлпразоламЈегермајстерБиполарно растројствоПравославна цркваПрохор Пчински (манастир)ЛибанРимска култураСилвија СтојановскаСообраќаен знакСтрептококен фарингитисПравопис и правоговор на македонскиот јазикАдолф ХитлерСписок на тегоби и болки на стапалатаТумор на мозокОпштина БрвеницаРимски бројкиМакедонско-римски војниФудбалЛисабонски договорЧовечко телоАлшар🡆 More