13 Век: век

13 век — век кој траел од 1 јануари 1201 до 31 декември 1300 година, според грегоријанскиот календар.

< XII век XIII век XIV век >
01 02 03 04 05 06 07 08 09 10
11 12 13 14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27 28 29 30
31 32 33 34 35 36 37 38 39 40
41 42 43 44 45 46 47 48 49 50
51 52 53 54 55 56 57 58 59 60
61 62 63 64 65 66 67 68 69 70
71 72 73 74 75 76 77 78 79 80
81 82 83 84 85 86 87 88 89 90
91 92 93 94 95 96 97 98 99 00

Во историјата на европската култура, овој период се смета за дел од развиениот среден век. Монголското Царство го доживеало својот подем, а по неговите освојувања во Азија, царството се протегало од Источна Азија до Источна Европа.

Настани

1200-ти

13 Век: Настани, Личности, Наводи 
Џингис Хан
13 Век: Настани, Личности, Наводи 
Бонифациј Монфератски е избран за водач на Четвртата крстоносна војна. Слика од Анри Декен, 1840 година, Версај

1210-ти

13 Век: Настани, Личности, Наводи 
Опсада на Дамиета
13 Век: Настани, Личности, Наводи 
Големата повелба
13 Век: Настани, Личности, Наводи 
Фридрих II со муслиманскиот владетел ел-Камил
  • 1210 - Ливонска крстоносна војна - Битката кај Умера: Естонските сили го поразуваат Ливонското братство на мечот.
  • 1211 - Византиско-селџучки војни: Битка кај Антиохија на Меандер во Анадолија - Силите на Никејското Царство под Теодор I Ласкарис ги поразуваат оние на Селџуците, чиј водач, Кајхусрав I, е убиен на бојното поле.
  • 1212 - Битка кај Навас де Толоса: Христијанските кралства на Шпанија решително ги поразуваат Алмохадите, а победата го турнува Кралство Кастиља во тешка финансиска состојба, бидејќи бројни војници треба да бидат платени за походот.
  • 1212 - Фридрих II е крунисан за крал на Германија, со поддршка на Папа Инокентиј III.
  • 1213 - Битка кај Муре: Тулушките и арагонските сили на Ремон VI Тулушки и Петар II Арагонски се поразени од Симон де Монфорт во текот на Катарската крстоносна војна.
  • 1214 - Битка кај Бувен: Филип II ја поразува војската на Светото Римско Царство, англиски и фламански војници предводени од Отон IV, завршувајќи ја Англо-француската војна (1202-14)..
  • 1215 - Во јуни кралот Јован под притисок на бунтовничките барони бил принуден да ја потпише Големата повелба за правата (латински: Magna Carta Libertatum). Со неа се ограничела моќта на монархот, а обичните луѓе се стекнале со права, со што започнале да се развиваат идеите за слобода и демократија.
  • 1216 - Прва баронска војна: Англиската армија го вратила Берик на Твид и извршила напади во јужна Шкотска
  • 1217 - Прва баронска војна во Англија: Француските сили се поразени во Битката кај Линколн, од страна на англиските кралски војници предводени од Вилијам Маршал.
  • 1217 - Петта крстоносна војна, Реконквиста: кралот Алфонсо II Португалски го освојува градот.
  • 1218 - Дамиета е ставена под опсада во текот на Петтата крстоносна војна од страна на крстоносците, и освоена следната година.
  • 1219 - Ливонска крстоносна војна: Данските крстоносци, предводени од кралот Валдемар II Дански, го освојуваат Талин по Битката кај Линданисе. Нивното упориште во Талин ќе им помогне на Данците да ја освојат целата северна Естонија.

1220-ти

1230-ти

13 Век: Настани, Личности, Наводи 
Битка кај Клокотница: Бугарскиот цар Иван Асен II го заробува Теодор Ангел Дука Комнин
13 Век: Настани, Личности, Наводи 
Големата џамија во Кордоба е претворена во римокатоличка катедрала.

1240-ти

13 Век: Настани, Личности, Наводи 
Потпишан договорот од Алмирза за распределба на освоените територии по крајот на Реконквиста
  • 1240 - Битка кај Нева: Рускиот принц Александар Невски ги поразува Швеѓаните, спасувајќи ја Новгородската Република од целосна непријателска инвазија од север.
  • 1241 - Монголската инвазија на Полска): Монголските сили ги победуваат феудалните полски армии на провинциите Сандомјеж и Краков.
  • 1241 - Битка кај реката Шајо: Бату-кан и Субутај ги победуваат силите на Бела IV. Битката е последниот голем настан во Монголската инвазија на Европа.
  • 1242 - За време на Битката на мразот на езерото Пејпус, руските сили, предводени од Александар Невски, ја одбиле инвазијата на Тевтонските витези.
  • 1243 - Фердинанд III Кастилски ја претвора Мурсија во протекторат и го иницира процесот на колонизација и христијанизација на регионот.Кастилските војници пристигнуваат во Мурсија, за поддршка на династијата Хадит
  • 1244 - Со договорот од Алмирза, кралот Јаков I и Алфонсо Х Кастилски постигнуваат договор за распределба на муслиманските земји по крајот на војната
  • 1244 - Опсадата и падот на Ерусалим води кон Седма крстоносна војна.
  • 1245 - Папа Инокентиј IV го испраќа Џовани Плано Карпини во монголскиот двор за да им сугерира да го прифатат христијанството и да се приклучат на Крстоносните војни.
  • 1247 - Побуна се јавува помеѓу муслиманитте во Кралство Арагон, во регионот на Валенсија. Како казна, царот издава наредба за протерување на муслиманите од неговото царство, што во следната година доведува да голем број муслимани заминат во егзил кон Кралство Гранада и Северна Африка.
  • 1248 - Кралот Луј IX започнува Седма крстоносна војна, со армија од 20.000 за освојување на Египет.
  • 1249 - Крај на португалската Реконквиста.

1250-ти

13 Век: Настани, Личности, Наводи 
Луј IX Светиот за време на Седмата крстоносна војна
13 Век: Настани, Личности, Наводи 
Опсадата на Багдад
13 Век: Настани, Личности, Наводи 
Роберт де Соборн го основа денешниот Париски универзитет
  • 1250 - Светски климатски транзиции од Средновековен топол период до мала ледена доба. Светското население се проценува на околу 400 до 416 милиони лица.
  • 1250 - Битка кај Фарискур: Луј IX е заробен од муслиманските сили. Кралот Луј е ослободен од неговите египетски киднапери, откако плаќа откуп од милион динари.
  • 1250 - Умира Фридрих II, Цар на Светото Римско Царство. По неговата смрт започнува 23-годишен интерегнум. Фридрих II е последниот римски цар од Хоенштауфеновците. По крајот на војната, царството преминува под власта на Хабсбурговците.
  • 1251 - Започнување на Првата пастирска крстоносна војна во Франција.
  • 1251 - Монгке-кан е избран за четврти кан на Монголското Царство.
  • 1252 - Папа Инокентиј IV издава ја папската була Ad extirpanda, давајќи дозвола на мачење на кривоверците за време на инквизицијата. Тортурата брзо добива широко распространета употреба во католичка Европа.
  • 1253 - Серија поморски војни започнува помеѓу италијанските град-држави Џенова и Венеција, кои ќе продолжат до 1371.
  • 1254 - Кралот Луј IX, откако ги исцрпил своите средства и бил потребен во својата земја, ја напушта Седмата крстоносна војна, и се враќа во Франција.
  • 1255 - По смртта на Бернардо Бонсињори, неговиот брат, Орландо останува единствен директор на најголемата банкарска фирма во Западна Европа, Гран Тавола во Сиена
  • 1256 - Монголскиот командант Бајџу Нојан (кој дејствува под команда на Хулагу-кан ги предводи своите сили во победата над Иконискиот Султанат со што ја освојува Анадолија.
  • 1257 - Вулканот Самалас еруптира на островот Ломбок, Индонезија, една од најголемите вулкански ерупции во изминатите 10.000 години. Ерупцијата создаде тешки климатски промени низ целиот свет кои доведоа до сериоен глад и смрт. Водејќи на една од најголемите геополитички промени низ целиот свет во текот на следните неколку векови.
  • 1257 - Роберт де Сорбон го основа колеџот кој подоцна ќе прерасне во денешниот универзитет во Париз.
  • 1258 - Опсадата на Багдад завршува со победа на монголските сили на чело со Хулагу-кан. По освојувањето на градот, биле убиени околу 1.000.000 граѓани, градот бил срушен заедно со т.н. Куќа на мудроста.
  • 1259 - Кралевите Луј IX и Хенри III се согласуваат со Парискиот договор, во кој Хенри се откажува од териториите во Европа, во замена да Луј ја повлече својата поддршка за англиските бунтовници.

1260-ти

13 Век: Настани, Личности, Наводи 
Тома Аквински
13 Век: Настани, Личности, Наводи 
Египетскиот султан Бајбарс
  • 1260 - Кублај-кан војува за престолот на Монголското Царство, по смртта на Монгке-кан.
  • 1260 - Битка кај Ајн Џалут во Галилеја: Мамелучкиот Султанат ги поразува монголските сили, означувајќи го нивниот прв одлучувачки пораз и точка на максимално проширување на Монголското Царство.
  • 1261 - Бајбарс станува нов султан на Мамелучкиот Султанат во Египет.
  • 1261 - Градот Цариград е освоен од силите под команда на Алексиј Стратигопул, со што Латинското Царство престанува да постои а повторно била воспоставена Византија. Михаил VIII Палеолог е крунисан за византиски цар во Цариград.
  • 1262 - Исландскиот Комонвелт потпишува договор за унија со Норвешка, признавајќи го Хокон IV за владетел.
  • 1264 - Завршува граѓанската војна во Монголија. Кублај-кан го поразува својот брат Арик Боке кој се предава и кој е затворен. Тој умира една година подоцна под мистериозни околности, можеби со труење, но причината за смртта сè уште е неизвесна. Сепак, оваа битка во суштина го означува крајот на обединетото Монголско Царство. Кублај-кан одлучува да го премести својот главен град, од Ксанаду во Канбалик (денес Пекинг).
  • 1264 - Започнува Втора баронска војна.
  • 1264 - Тома Аквински го завршува своето дело Summa contra Gentiles.
  • 1265 - Втора баронска војна, битка кај Ившам: армијата на Едвард ги поразува силите на бунтовничките барони предводени од Симон V Монфорт, што резултира со смрт на Монфор и многу од неговите сојузници. Ова понекогаш се смета за крај на витештвото во Англија.
  • 1267 - Крај на Втора баронска војна. Бунтовниците и кралот Хенри III се согласуваат со условите за мир, како што е наведено во Едиктот од Кенилворт.
  • 1268 - За првпат е забележан карневалот во Венеција.
  • 1268 - Битка кај Антиохија: Кнежевство Антиохија, држава на крстоносците, паѓа под контрола на Мамелучкиот Султанат. Неговото уништување е толку големо што трајно го намалило значењето на градот.
  • 1269 - Маринидите го комплетираат освојувањето на Мароко, заменувајќи ја династијата Алмохади.

1270-ти

13 Век: Настани, Личности, Наводи 
Марко Поло
  • 1270 - Кралот Луј IX го започнува Осмиот крстоносен напад, во обид да ги врати крстоносните држави од Мамелуците. Кралот умира за време на опсадата на градот Тунис, по кое е ставен и крај на опсадата. Филип III е крунисан во крал на Франција.
  • 1271 - Марко Поло заминува од Венеција со својот татко и вујко, на неговото познато патување во Азија.
  • 1271 - Едвард I пристигнува во Ако, започнувајќи Деветта крстоносна војна. Сепак, крстоносците не се во можност да освојат некоја територија.
  • 1271 - Кублај-кан го преименува своето царство познато како Јуан.
  • 1273 - Рудолф I е избран за Крал на Германија над соперничкиот кандидат Отакар II, завршувајќи го интеррегнумот; Отакар одбива да го признае Рудолф како нов крал, што доведува до војна во 1276.
  • 1274 - Втор Лионски собор од страна на Римокатоличката црква за ослободување на Светата земја преку објавување на нова крстоносна војна. Советот на крајот го одобрува десетокот како данок, за да ги поддржи напорите за ослободување на Светата земја од муслиманите.
  • 1275 - 200.000 монголска армија се соочуваат со кинеска династија Сунг со сила од 130.000 војници. Јуен на крај победува.
  • 1275 - Монголската Златна Орда извршува напади во Литванија по третпат.
  • 1277 - Крстот на Свети Ѓорѓи за првпат е забележан во употреба, како национално знаме на Англија.
  • 1278 - Петар III Арагонски го освојува муслиманското упориште на Монтеса, ставајќи крај на двегодишниот бунт. Поразените муслимани се протерани од царството и заминуваат во егзил.
  • 1278 - Битка на Моравско Поле: кралевите Рудолф I и Ладислав IV Унгарски го поразуваат кралот Отокар II. Со крајот на битката, завршува и борбата за власт меѓу Рудолф и Отакар во врска со судбината на Средна Европа, по кое династијата на Рудолф продолжува да владее со Австрија и другите освоени територии, до крајот на Првата светска војна во 1918 година.

1280-ти

13 Век: Настани, Личности, Наводи 
Падот на Триполи
  • 1280 -Цар Иван Асен III побегнува од Трново, ставајќи крај на Асените.
  • 1281 - Осман I, основач на Отоманското Царство, станува бег на племето во Согут во централна Анадолија. Во 1299 ќе прогласи независност од Селџуците, официјална година на основањето на Отоманското Царство.
  • 1282 - Царот Рудолф I ги прогласува своите синови Албрехт и Рудолф за ко-владетели на војводствата на Австрија и Војводство Штеарска, со што се основа Хабсбуршка династија на тие територии.
  • 1282 - Побуна во Сицилија против владеењето на Карло I Анжујски. Во следните 6 недели, илјадници Французи се убиени. Востанието го принудува Карло да се откаже од крстоносната војна, додека сè уште е на пат кон целниот град Цариград, и му дозволува на Петар III Арагонски да го преземе владеењето на островот (што од своја страна доведува до изопштување од Папа Мартин IV на Петар]).
  • 1283 - Даниел Московски ја обединува западната страна на Русија, со кое завршува ерата на Киевска Русија по 301 година, а започнува онаа на Големото Московско Кнежевство.
  • 1284 - Монголската Златна Орда, предводена од Ногај-кан, ја напаѓа Унгарија вторпат.
  • 1285 - Архиепископот Јакуб Свинка им наредува на сите свештеници кои подлежат под неговата епархија во Полска да даваат проповеди на полски јазик, наместо на германски, поттикнувајќи го националниот идентитет.
  • 1285 - Мамелучкиот султан ел-Мансур Калавун започнува опсада на крстоносната тврдина Маргат (во денешна Сирија) главното упориште на Болничарите. Тврдината е освоена еден месец подоцна.
  • 1286 - Кралот на Шкотска Александар III умира, оставајќи го како наследник единственото негово неродено дете и 3-годишната Маргарета. По ова започнува Војна за независност на Шкотска и зголеменото влијание на Англија над Шкотска.
  • 1288 - Папа Никола IV прогласува крстоносна војна против кралот Ладислав IV Унгарски, кој го изгубил кредибилитетот со фаворизирање на неговите полупагански кумански субјекти, одбивајќи да одговара на социјалните стандарди на Западна Европа.
  • 1289 - Падот на Триполи: Мамелучкиот султан ел-Мансур Калаван го освојува Грофовија Триполи (во денешен Либан) по едномесечна опсада. Ова е крај на постоењето на крстоносната држава.
  • 1289 - Во Сиена, дваесет и три партнери, вклучувајќи и пет членови на семејството Бонсињори, повторно ја создаваат Гран Травола, порано најуспешната европска банка, која престанала да функционира по смртта на нејзиниот творец и менаџер, Орландо Бонсињори, во 1273 година.

1290-ти

13 Век: Настани, Личности, Наводи 
Едвард I се заколнува на верност пред францускиот крал
  • 1290 - Година без зима - Исклучително редок случај на непрекината транзиција, од есента 1289 до следната пролет, во Британија и во континентална Западна Европа.
  • 1291 - ел-Ашраф Калил го освојува градот Ако, со што целосно ги освојува крстоносните држави.
  • 1291 - Основан е Швајцарскиот Сојуз од Швиц, Ури и Унтервалд.
  • 1292 - Започнуваат Папските избори. По папските избори, Папа Целестин V го наследува Папа Никола IV, станувајќи 192-тиот папа.
  • 1292 - Јован е избран од кралот Едвард I како крал на Шкотска. Едвард потоа го третира Јован како марионетска владетел и Шкотска како вазална држава, на крајот провоцирајќи ја Војната за независност на Шкотска, која започнала во 1296 година.
  • 1294 - Умира Кублај-кан. Поделбата помеѓу четирите монголски земји: Чагатајски Ханат, Златна Орда, Илканат и Јуен се продлабочува.
  • 1295 - Марко Поло се враќа во Венеција, по неговите патувања до Кина.
  • 1296 - Започнува Византиско-венецијанската војна, и трае до 1302 година.
  • 1297 - Силите на Франсоа Грималди го освојуваат замокот во Монако (Династија Грималди владее со кнежевството до денес).
  • 1297 - Кралот Денис Португалски и кралот Фердинанд IV Кастилски го потпишуваат Договорот од Алканисес. Географските граници на Португалија се постојано фиксирани (со исклучок на Сао Феликс де Галегос, изгубени во 1640 и Оливенса, изгубени во 1801).
  • 1298 - Битката кај Курцола: Џеновската флота ги поразува Венецијанците. Марко Поло е еден од затворениците, а додека е во затвор во Џенова, започнува да го диктира неговото дело за патешествијата кои ги поминал.
  • 1298 - Странските кредитори на Сиена започнуваат да ги бараат своите депозити назад, со што ја забрзуваат кризата со ликвидноста со која се соочува фирмата.
  • 1299 - Осман I го прогласува својот бејлик за независно од Селџуците на Иконискиот Султанат.

Личности

13 Век: Настани, Личности, Наводи 
Алберт Велики
13 Век: Настани, Личности, Наводи 
Александар Невски
13 Век: Настани, Личности, Наводи 
Данте Алигиери

Наводи

Tags:

13 Век Настани13 Век Личности13 Век Наводи13 Век1 јануари1201130031 декемвриАзијаГрегоријански календарИсточна АзијаИсточна ЕвропаМонголско ЦарствоРазвиен среден век

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

МоливРециклирањеТамбура (македонска)Демократи (политичка партија)Данела АрсовскаРакопашна борбаХемоглобинМакедонски претседателски избори (1999)Свети ИлијаКронова болестМиом на маткаОпштина Старо НагоричанеДимитар КовачевскиОбрежувањеОпштина КичевоЛорандитБорис ТрајковскиАнтичка МакедонијаКамени КуклиПоштенска маркаКирил ПејчиновиќКучковоОбединето КралствоСтара ГрцијаДоксициклинКандидијазаАнархизамДијалекти на македонскиот јазикПоштенски броеви во МакедонијаДемократска партија на АлбанцитеОтоманско ЦарствоМесечинаАнгкор ВатЈужна АмерикаБитолаТахикардијаНепалМагнетна резонанцијаЉупчо ГеоргиевскиПоскокИталијаПачир БањаТурпијаОпштина Ѓорче ПетровБигорски манастирЗијадин СелаПенис (човек)Список на држави и територии во ЕвропаМакедонска радио-телевизијаВелушинаКумановоВрело (пештери)ЛеблебијаМакедонски АлбанциВагинаСилаМакедонски народни инструментиРимДекарАдолф ХитлерСтара скопска чаршијаАнтибиотикЧинови на полицијата во МакедонијаСписок на македонски лирски песниСрцеСоединети Американски ДржавиОпштина Крива Паланка20 април (родени)Движење БесаСвети ГеоргиМоликаМакедонски претседателски избори, 2004Изборна единица 9Малиот принцДебарМенструален циклусЗНАМ🡆 More