Ескими

Ескими или Инуити, народ сочинет од староседелците на арктичкиот и субарктичките региони на Гренланд, Алјаска, Канада и крајниот исток на Сибир (Русија), припадници на монголоидната раса.

Денес се проценува дека постојат околу 177.000 Ескими.

Ескими
Семејство на Инуити, околу 1917

Потекло на поимот

Во самонаречените имиња за Ескимите спаѓаат и Инуити, Инупијани, Јупик и Алутит, а сите се помалку или повеќе локални варијанти на зборот што значи „народ“. Името Еским, кое првпат е употребено од Европејците, може да потекнува од монтагнаскиот збор за чевли за снег, а ова име им се допаднало на луѓето од Арктикот што живеат на Алјаска, додека оние во Канада и од Гренланд го претпочитаат името Инуит.

Потекло

Ескимите се од азиско потекло, како и американските Индијанци, но се разликуваат од нив по начинот на кој се приспособиле на климатските услови, присуството на крвната група Б и по нивниот јазик (ескимско-алеутски), кои укажуваат на тоа дека се од различно потекло.

Живот

Ескими 
Иглу

Традионалната ескимска култура е целосно приспособена на екстремниот студ, снег и мраз во кои речиси нема зеленчук, а карибуите (американски северен елен), рибите и морските цицачи се главен извор на храна. За лов на море се користат харпунот, кајакот едносед и поголеми чамци наречени умијаци. Облеката се изработува од крзното на карибуите и од кожата на фоките. Зимите ги минуваат во иглуа, кои биле изградени од блокови снег или во полуподземни куќи изработени од камен и треви, алетата во шатори од животински кожи. Санките со кучиња биле основно превозно средство. Религијата им била насочена кон шаманизмот и невидливиот свет на духовите. До крајот на XX век, моторните возила за движење по снег и пушките ги замениле кучешките запреги харпуните. Многу Ескими го напуштиле номадскиот начин на живот и лов и се преселиле во северните места и градови. некои формирале кооперативи преку кои ги продаваат рачно изработените предмети и стока.

Tags:

АлјаскаГренландИнуитиИстокКанадаМонголоидна расаНародПоларни региониРусијаСибир

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

ИндијаИменкаМасовни медиумиРак на белите дробовиЕпикаХемоглобинЖелезно времеРак на желудникФилиз АхметТокиоДемократијаКилаПроизвод (математика)Министерство за животна средина и просторно планирањеГлаголски прирокХананРоманијаСписок на градови во МакедонијаМаричка биткаГлигор ПоповскиВтора светска војнаПеколот (Божествена комедија)Цар Едип (драма од Софокле)Љубе БошкоскиСтрадањата на младиот ВертерДраган МијалковскиСоцијалистичка Федеративна Република ЈугославијаСостојба на материјатаЕлектрицитетЧернобилска несреќаЈудаизамЕлена ЗагорскајаДесница (политика)Вилијам ШекспирАнтичка МакедонијаКалиштаГолеми и мали (роман)БудизамМалиот принцАнтон ПановСоединети Американски ДржавиМарио ЛеминаКрвДиво месо (драма)Македонски парламентарни избори (2008)Минато определено несвршено време во македонскиот јазикРајчицаАбортусИзборна единица 1КрушевоМРП вакцинаЕлектричен автомобилСтруен ударМајка ТерезаТаџикистанДекамеронЦистична фиброзаСрбијаСузан АкбелгеТрстЕдгар Алан ПоСмоларски ВодопадЛист (ботаника)Струмички карневалИсторијаОпштина ОхридПресметување на датумот на ВелигденДевојка со бисерна обеткаБуринецМесечинаСписок на македонски народни и староградски песниМечкин КаменДен на востанието на МакедонијаСедум смртни гревовиСписок на цркви и манастири на Македонската православна цркваЕвропа🡆 More