Електронска трговија (е-трговија) — канал на дистрибуција на добра и услуги со посредство на интернет.
Интернет-револуцијата доживува своја експанзија и во доменот на трговијата. Наместо традиционалната трговија, сѐ поголем број компании своите стоки и услуги ги нудат, а сѐ повеќе потрошувачи се одлучуваат да ги набават потребните стоки и услуги преку интернет. Електронската трговија е ‘трговска активност која се врши со помош на електронска технологија и примарно се состои од дистрибуција, купување, продавање, маркетинг и сервисирање на производи и услуги преку електронски системи како на пример интернет или други компјутерски мрежи.
Електронската трговија изврши своевидна револуција во глобалниот начин на тргување и секако во потрошувачките навики. Тоа неминовно ја отвори и потребата за создавање правна рамка во која ќе биде регулиран режимот на деловните трансакции – правната рамка на електронската трговија. Токму поради ова во јуни 1996 година Комисијата на ОН за меѓународно трговско право (UNCITRAL) го донесе Модел-законот за електронска трговија заедно со Водич за примена на овој Модел-закон од 1999 година. Во ЕУ најважни правни акти со кои се регулира електронската трговија се: Директивата за електронската трговија 2000/13 и Директивата за заштита на потрошувачите при продавање во далечина 1997/7. Директивите, како нормативни акти со кои се врши хармонизација на правото на земјите членки, имаат цел да ја стимулираат електронската трговија во ЕУ, но и да обезбедат предвидливост и правна сигурност при електронското тргување во единствениот европски пазар.
Значењето на електронската трговија е менувано во текот на изминатите 30 години. На почетокот под електронската трговија се подразбирало електронско олеснување на комерцијалните трансакции, користејќи технологија како EDI и EFT. Оваа технологија е измислена во доцните 1970-те год. и им дозволува на бизнисите да праќаат трговски документи, како што се нарачки преку електронски пат. Зголеменото прифаќање на кредитните картички и телефонското банкарство во 1980-те год. се исто така форми на електронска трговија. Како друга форма на електронска трговија може да се спомене авионската резервација, која во тој период била карактеристична за Sabre во САД и Travicom во Англија. Електронското купување се појавува во 1979 г. во Англија од страна на Michael Aldrich и за време на 1980-те год. екстензивно е користено, особено од страна на автомобилските производители, како што се Ford, Peugeot, General Motors, Nissan. Од 1990-те год. па навака, електронската трговија вклучува и планирање на ресурсите во претпријатијата, рударење по податоци и складирање на податоци.До 1991 г. трговското користење на Интернетот беше строго забрането. Иако Интернетот стана доста познат околу 1994 г. потребни биле 5 г. за изградба на сигурносни протоколи. До крајот на 2000 г. многу Европски и бизнис компании од Америка почнале да ги нудат нивните услуги преку WWW. Во 2017 година, две милијарди луѓе направија мобилна трансакција за е-трговија.
Електронската трговија е процес на купување, продавање, пренос или размена на производи, услуги или информации преку компјутерски мрежи, вклучувајќи го и Интернетот. Е-бизнисот е поширока дефиниција од електронската трговија, која опфаќа не само купување или продавање на добра и услуги, туку исто така и услужување на купувачите, соработка со бизнис партнерите и.т.н. Електронската трговија има три форми, зависно од степенот на дигиталност׃ производот, процесот и добавувачкиот застапник. Сите три форми можат да бидат физички или дигитални. Зависно од тоа имаме ״чиста״, односно ״делумна״ електронска трговија. Физичките организации го изведуваат нивниот бизнис off-line, продаваат физички производи преку физички застапници (brick-and-mortar). Организациите кои ги извршуваат нивните активности исклучително online уште се познати и како виртуелни организации (pure-play). Исто така има организации кои извршуваат некои активности од електронската трговија, но нивните примарни активности ги извршуваат во физичкиот свет (click-and-brick). Најголем дел од електронската трговија се извршува преку Интернет, но таа исто така може да се спроведе и преку приватни мрежи, како што се VAN’s (value-added networks) и LAN’s (local area networks). Скелетот на електронската трговија го сочинуваат׃
Во однос на природата на трансакциите или интеракциите ја имаме следната класификација на електронската трговија׃
Пазарите играат централна улога во економијата, олеснувајќи ја размената на информации, добра, услуги и плаќања. Во процесот тие создават економска вредност за купувачите, продавачите, пазарните посредувачи и за општеството во целина. Пазарите (било да се електронски или физички) имаат три главни функции:
Е-пазар е пазар каде што купувачите и продавачите разменуваат добра и услуги за пари, но тоа го извршуваат по електронски пат.
Тие се засновани на електронските пазари каде купувачите и добавувачите се поврзани. Специфично се фокусирани на координирањето и извршувањето на размена на производи и услуги во електронскиот пазар. Зависно од бројот на купувачите и добавувачите поделени се на: Продавници (1:1), Аукции (1:n), Tендери (n:1) и Размена на залихи (n:n).
Како и нормалните бизнис трансакции, електронските продавници се обично оперирани од еден набавувач (дилер или производител). Набавувачот се поврзува со поединечниот купувач преку овој вид на продавници. Договорот и размената на производи/услуги се материјализира откако ќе се спроведат преговорите. На WWW вакви видови продавници се мрежните места, каде може да се врши споредба, да се избира, и секако да се набавува производи. Електронскиот пазар се создава кога повеќе електронски продавници се натпреваруваат за купувачите.Компаниите обично го започнуваат нивното веб присуство преку набавување на информации за компанијата и нејзините производи, како поддршка за другите продажни канали. Електронската продавница е формирана доколку методите за нарачка и плаќање се додадени на оваа информација.Најважните предности кои ги носи купувањето преку Интернет се тоа што купувачите повеќе не патуваат за да купат нешто, овие продавници се достапни 24 часа, и може да се направи лесна споредба меѓу повеќе понуди на набавувачите. Исто така, не треба да се потцени заштедата на време.
Аукција е натпреварувачки процес каде продавачот бара складни цени од купувачите и тие се наддаваат (т. н. forward auctions), или купувачот бара определени цени од продавачите (т. н. backward auctions). Цените се детерминираат динамично преку нивните наддавања.Аукциите можат да бидат извршени online и off-line. Тие можат да бидат спроведени преку јавни сајтови на аукции или преку приватни аукции.Како познати видови на аукции можеме да ги споменеме: еден купувач, еден продавач; еден продавач, многу потенцијални купувачи; еден купувач, многу потенцијални продавачи; и многу купувачи, многу продавачи.
Електронските тендери (обратни аукции) се огледален имиџ на аукционите системи: Купувачот специфицира производ/услуга, и неколку набавувачи се натпреваруваат да му ја овозможат истата. Во практика, обично има разлика во квалитетот, бидејќи набавувачите кои се натпреваруваат се обично компании, токму затоа забавата и аспектот на играта се помалку важни. Добро познат пример е услужникот Priceline преку кој купувачите можат отворено да поканат тендери за патување, преку давање на податоци за датумот на патувањето и цената. Авионските компании, хотелите, и.т. н. потоа се натпреваруваат и ја намалуваат оваа цена. Ако поевтината цена се материјализира за одредено време, ова патување автоматски се забележува во корист на купувачот.
Што се однесува до електронската размена на залихи, пазарот главно се состои од едниствен I&C систем. Кај овој вид на пазар, има голем број на купувачи и набавувачи и се основува заедничка, генерално профит-максимизирачка цена со помош на дефинираните механизми. Има неколку методи со помош на кои може да се имплементира една ваква аукција. Два од нив се базични.Во класичната двојна аукција, прво купувачите и набавувачите се наддаваат. Потоа овие наддавања на купувачите се сортираат по опаѓачки редослед, а наддавањата од продавачите по растечки редослед. Таков пример имаме во следнава табела:
продава | купува |
---|---|
$120 | $140 |
$134 | $135 |
$134 | $134 |
$140 | $134 |
Откако наддавањата се направени, аукцијата се затвора, и аукционерот ја детерминира цената, преку која е овозможена максимална добивка. Ова е направено преку разгледување на листата, каде наддавањата на продавачите, почнувајќи од најниската цена, и списокот на наддавањата на купувачите, почнувајќи од највисоката цена, се израмнуваат кај најмногу понуди што може.Во континуираната двојна аукција, наддавањата на купувачите и продавачите можат да бидат поднесувани на континуирана база. Ако е примено ново наддавање од купувачите, се спроведува испробување за да се провери дали има израмнување со наддавањата на продавачите. Ако има, се генерира добивка, ако не нова купувачка понуда се додава на веќепостоечката листа. Истиот метод се применува и на новите наддавања на продавачите. Сигурните размени, обично се засноваат на овој метод.
Електронската трговија овозможува многу нови начини за бизнисите и потрошувачите да комуницираат меѓу нив и да соработуваат. Има доста предности и недостатоци кај ваквиот начин на воспоставување бизнис׃
Предности за организациите׃ глобално богатство;намалување на трошоците;подобрувања кај веригата на набавка;проширување на работното време (24/7/365);костумизација;нови бизнис модели;специјализација на потрошувашите;други користи (подобар имиџ, подобри услуги за купувачите, полесно наоѓање на бизнис партнери, полесен пристап до корисна информација, пониски транспортни трошоци, помалку работа со документи, и.т.н).
Предности за купувачите׃ побогат избор на производи и услуги;можност за купување 24 часа на ден, од било која локација;костумизирани производи и услуги;поевтини производи и услуги;инстант добавување;располагање со многу информации;
Предности за општеството: помалку сообраќајна гужва, а со тоа и помалку загаден воздух;повисок стандард на живеење;домашна сигурност;надеж за посиромашните;лесен пристап до јавните услуги.
Лимитации и бариери на електронската трговија: топ 10-те бариери на електронската трговија се: сигурност, доверба и ризик, недостаток на квалификуван персонал, недостаток на бизнис модели, култура, недостаток на јавна клучна инфраструктура, организација, измама, старата навигација на Интернетот, и легални проблеми.
Интернетот овозможува околина со огромно подрачје на трговија. Токму поради online трговијата денес сите работи се одвиваат побрзо, животот е побрз отколку што бил некогаш. Со појавата на online олеснувањата, соништата и аспирациите на многу луѓе станале реалност. Луѓето коишто имале неколку предмети за продавање, но не остварувале високи добивки поради спорите процеси, почувствувале олеснување поради појавата на online продажбата.
Илјадници производи се достапни на Web од многубројните продавачи. Најпознати категории се следните:
This article uses material from the Wikipedia Македонски article Електронска трговија, which is released under the Creative Commons Attribution-ShareAlike 3.0 license ("CC BY-SA 3.0"); additional terms may apply (view authors). Содржината е достапна под CC BY-SA 4.0 освен ако не е поинаку наведено. Images, videos and audio are available under their respective licenses.
®Wikipedia is a registered trademark of the Wiki Foundation, Inc. Wiki Македонски (DUHOCTRUNGQUOC.VN) is an independent company and has no affiliation with Wiki Foundation.