Дона Стрикленд: канадски физичар и нобеловец

Дона Стрикленд (27 мај 1959) — канадски оптички физичар и пионер во полето на пулсирачките ласери.

Добитник на Нобеловата награда за физика во 2018 година, заедно со Жерар Муру, за осмислувањето на Засилувачитe на ултракратки импулси. Taa e професор на Ватерлушкиот универзитет.

Дона Стрикленд
Дона Стрикленд во 2017
Роден(а)Дона Тео Стрикленд
27 мај 1959(1959-05-27)(64 г.)
Гвелф, Канада
Полиња
УстановиВатерлушки универзитет
Теза„Развој на ултрасјаен ласер и негова употреба за повеќефотонска јонизација“ (1988)
Докторски менторЖерар Муру
Познат по
  • Силни ласерско-материски заемнодејства
  • Нелиниска оптика
  • Краткопулсни силни ласерски системи
  • Засилувачи на ултракратки импулси
  • Ултрабрза оптика
Поважни награди
СопружникДаг Дикар
Деца2
Страница
Универзитетска мрежна страница

Таа е исто така е член, а била потпретседател и претседател на Оптичкото друштво, и во моментот е член на претседателскиот советодавен одбор.

Младост и образование

Стрикленд е родена на 27 мај 1959 година, во Гвелф, Онтарио, Канада како дете на Едит учителка по англиски јазик, и Лојд Стрикленд, електроинженер. Таа се одлучила факултетското образование да го помине на универзитетот „Мекмастер“ бедејќи во наставната програма за инженерска физика имало ласери и електроптика, области од значаен интерес. На Мекмастер таа била една од трите жени во класот од 25 студенти. Стрикленд дипломирала како инженер за инженерска физика во 1981 година.

Стрикленд своите додипломски студие ги минала на Институтот за оптика, и подоцна стекнува докторат д-р од Рочестерскиот универзитет во 1989 година. Таа својата докторска работа ја изведувала во Лабораторијата за ласерска енергетика, под менторство на Жерар Муру. Стрикленд и Муру работеле на развојот на експериментална замисла која може да ја зголеми максималната моќност на ласерските пулсеви, за да се надмине ограничувањето, кога максималната јачина на ласерските пулсеви постигнувале GW/cm2, пулсевите го оштетувале засилувачот на ласерот. Нивната техника од 1985 година за Засилување на ултракратките импулси го развлекувал секој импулс како спектрално такаки и временски пред да го засили, натиснувајќи го секој пулс повторнои во изворниот облик, со што се добивале ултракратки оптички пулсеви со големина на енергијата од теравати. Користејќи засилување на пулсевите се овозможило добивање на високоенергетски ласерски системи, од рангот на теравати. За оваа нивна работа во 2018 година им е доделена Нобеловата награда за физика.

Кариера

Дона Стрикленд: Младост и образование, Кариера, Награди и признанија 
Стриклендовата група при Рочестерскиот универзитет за ултракратки пулсеви, во 2017 година.

Од 1988 до 1991 година, Стрикленд била пошник истражувач при Националниот истражувачки совет на Канада, каде работела заедно со Пол Коркум во одделот за ултрабрзи појави, оддел познат во тој период како осмислувач на најмоќниот краткопулсирачки ласер во светот. Таа работела во одделот за ласери при Ливерморската национална лабораторија од 1991 до 1992 годеина и му се придружила на техничкиот персонал на Принстон во напредниот технолошки центар за фотоника и оптичколектронски материјали во 1992 година. Се вработува на Ватерлушкиот универзитет во 1997 година како асистент. Таа е првиот професор жена по физика на Ватерлушкиот универзитет. Стрикленд во моментот работи како професор , водејќи група за ултрабрзи ласери која работи на создавањето на високомоќни ласерски системи за оптички нелиниски истражувања. Самата себеси си се опишува како „ласерски џокеј“:

Мислам дека си мислевме дека сме добри со рацете. Како експериментатор треба да се разбере физиката, но треба да исто така да сте способни и да направите нешто да проработи, а ласерите во тој период беа нешто тешко изводливо.

infracrvenata svetlina Неодамнешната работа на Стрикленд се фокусирала на поместување на границите на ултрабрзата оптичка наука на нови бранови должини како што се инфрацрвените и ултравиолетовите ласери, користејќи техники како што се двобојните или повеќефреквентните методи, како и Раманово создавање. Таа исто така има и улога во високоенергетските ласери во микркристалните леќи на човековото око, во процесот на микросечење на очната леќа за да се излекува пресбиопијата.

Стрикленд станала член на Оптичкото друштво во 2008 година. ТАму ја извршувала функцијата на потпретседател и претседател во 2011 и 2013 година, и била врвен уредувач на списанието Оптички трудови од 2004 до 2010 година. Таа моментно е претседавач со советодавниот претседателски одбор при оптичкото друштво.

Награди и признанија

Стрикленд објаснува како едно патување со нејзиниот татко до научниот центар, когга таа имала пет години, помогнало во оформувањето на нејкзината кариера во оптиката, 2018 година
  • 1998 – Истражувачка стипендија „Алфред Слоан“
  • 1999 – Врвна научноистражувачка награда
  • 2000 – Котрелова учителска награда од Истражувачката корпорација
  • 2008 – Член на оптичкото друштво

Нобелова награда

На 2 октомври 2018 година, Стрикленд е добитник на Нобеловата награда за физика за нејзината работа на zасилувачите на ултракратки импулси заедно со нејзиниот докторски ментор Жерар Муру. Артур Ашкин бил добитник на останатата половина од наградата за неговата работа на оптичките пинцети.

Стрикленд и Муруја објавиле својата пионерска работа „Збивање на засилени ултракратки оптички пулсеви“ во 1985 година, додека Стрикленд сè уште била менторирана од страна на Муру. Нивниот пронајдок на засилувачи на ултракратки пулсеви за ласери при Лабораторијата за ласерска енергетика во Рочестер, што довело до развојот на полето за високоенергетски ултракратки пулсеви на светлински зраци. Бидејќи ултракратките и ултраострите светлински зраци се способни за правење на крајно прецизни засеци, техниката е употребена во ласерското машинство, ласерската хирургија, медицината, основните истражувања, и други примени. Им овозможило на докторите да изведат милиони корективни ласерски очни операции. Таа изјавила дека по развојот на техниката тие знаеле дека ќе има значаен придонес во науката.

Од 2018 Стрикленд е третата жена која добила Нобелова награда за физика, и прва по 55 години, по онаа на Марија Кири во 1903 година и Марија Геперт-Мајер во 1963 година.

По добивањето на Нобеловата награда, многумина биле изненадени дека таа сè уште не се стекнала со титулата професор. Како одговор на ова, Стрикленд изјавила дека таа никогаш не побарала да биде професор „не носи дополнително зголемување на платата“, па така „никогаш не ја потполнила потребната документација.“ Поедноставно кажано: „Јас го правам она што сакам да го правам а тоа не беше вредно да го направам.“

Одбрани дела

  • Strickland, Donna; Mourou, Gerard (1985). „Compression of amplified chirped optical pulses“. Optics Communications. 56 (3): 219–221. CiteSeerX 10.1.1.673.148. doi:10.1016/0030-4018(85)90120-8. ISSN 0030-4018.
  • Maine, P.; Strickland, D.; Bado, P.; Pessot, M.; Mourou, G. (1988). „Generation of ultrahigh peak power pulses by chirped pulse amplification“. IEEE Journal of Quantum Electronics. 24 (2): 398–403. doi:10.1109/3.137. ISSN 0018-9197.
  • Strickland, D.; Corkum, P. B. (1994). „Resistance of short pulses to self-focusing“. Journal of the Optical Society of America B. 11 (3): 492–497. doi:10.1364/JOSAB.11.000492.

Приватност

Стрикленд е мажена за Даглас Дикар, кој е физичар. Тие имаат две деца. Стриклендовата ќерка Хана е дипломец по астрофизка при Торонтошкиот универзитет.

Поврзано

  • Ласерска физика
  • Список на нобеловци по земји
  • Список на нобеловки
  • Хронологија на жените во науката

Белешки

Наводи

Надворешни врски

Дона Стрикленд: Младост и образование, Кариера, Награди и признанија 
Викицитат има збирка цитати поврзани со:

Tags:

Дона Стрикленд Младост и образованиеДона Стрикленд КариераДона Стрикленд Награди и признанијаДона Стрикленд Одбрани делаДона Стрикленд ПриватностДона Стрикленд ПоврзаноДона Стрикленд БелешкиДона Стрикленд НаводиДона Стрикленд Надворешни врскиДона Стрикленд195927 мајАтомска, молекуларна и оптичка физикаЖерар МуруНобелова награда за физикаПрофесор

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Цар СамоилРамазанКирилицаЗаздравување на ранаЧетврта влада на Никола ГруевскиФудбалЗа наша МакедонијаГодинаМакедонијаИсторија на македонскиот народПремиер на МакедонијаМакедонски претседателски избори, 2009Македонска крвава свадбаЛокални избори во Македонија (2000)ВардарТони НаумовскиАлберт АјнштајнТрајко ВељаноскиКрушевоКонстантин МиладиновБугарски возЦрнила (драма)Панонски легендиГоце ДелчевБозелБојан ЈовановскиВештачка интелигенцијаВакцина против тетанусИзборна единица 7ДоксициклинМакедонски БродОпштина ТеарцеВелики петокСкопски земјотрес (1963)Оливер СпасовскиОпштина ЧаирМакедонски парламентарни избори (2016)Охридски рамковен договорЛибанБубрежна инфекцијаСоцијалистичка Федеративна Република ЈугославијаДемографија на МакедонијаТито ПетковскиБелградФјодор Михајлович ДостоевскиАрбен ТаравариЈосип Броз-ТитоЛокални избори во Македонија (1996)Јордан КамчевЕгејска МакедонијаГрцијаНародна Република КинаРодина МакедонијаМакедонциЖелкиХрватскаОдржлив развојНезависен политичарСписок на архаични зборови во македонскиот јазикПресметување на датумот на ВелигденОпштина КарпошНикола КљусевСписок на змии во МакедонијаТимчо МуцунскиГликемијаПарадоксот на ДиогенДијалектСписок на македонски зборови од турско потеклоСоцијалистичка партија на МакедонијаКрушевски манифестАДХДКожлеГрб на МакедонијаСпектрална бојаБорис ТрајковскиЏо БајденАнета Мицевска🡆 More