Докторски ментор

Докторски ментор — академски работник што упатува аспиранти за докторско звање во научноистражувачка работа на еден факултет.

Менторот помага во изборот на градиво, во обликување и уточнување на поддисциплината во која аспирантот пишува дисертација и полага испит. Студентот го одбира менторот зависно од струката и интересите, како и нивната расположливост. За ова самиот ментор треба да даде согласност за ангажманот.

Во некои земји, менторот претседава со комисијата каде студентот го брани докторатот, додека во некои менторот воопшто нема право да биде во комисијата.

Менторот обично е редовен професор, но во некои земји може да биде и вонреден професор, или пак доцент, делувајќи во со соучество на редовен професор како коментор.

Во Македонија

Во македонскиот високообразовен систем, менторот се бира согласно потесната област на истражување на аспирантот и е член на советот на студиската програма, и од список на ментори по програми и потпрограми, кој се објавува секоја година.

Според Правилникот за докторски студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, менторот ги има следниве задолженија:

  • го советува, го насочува и го води кандидатот/студентот;
  • остварува консултации со студентот;
  • го упатува студентот во литературата;
  • го воведува студентот во методот на решавање на проблемот кој ја третира работата и во методот на научноистражувачката работа воопшто;
  • дава мислења, сугестии, забелешки и предлози во текот на изработката на дисертацијата;
  • му помага на студентот за одредување на обемот, содржината и начинот на излагањата на научните резултати од дисертацијата;
  • поднесува, најмалку еднаш во годината, писмен извештај до соодветниот совет на студиска програма во кој се вреднува успешноста на студентот во неговата работа;
  • учествува во работата на докторските семинари и годишните конференции;
  • ги реализира одлуките на органите и телата на Школата за докторски студии и на органите на Универзитетот;
  • врши и други работи согласно правилникот.

Коментор

По предлог на студентот и менторот, соодветниот совет на студиската програма може да му назначи коментор на студентот од друга студиска програма, како и од друг универзитет од земјата или од странство.

Родословие

Кај истакнатите научни работници и општествени дејци се зборува за „академско“ или „научно родословие“, кој ја проследува лозата на менторство. Така, на пример, меѓу математичарите, Јохан Фридрих Пфаф му бил ментор на Карл Фридрих Гаус, кој му бил ментор на Кристијан Лудвиг Герлинг — ментор на Јулиус Пликер — ментор на Феликс Клајн — ментор на Фердинанд фон Линдеман, кој пак му бил ментор на Давид Хилберт итн.

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

This article uses material from the Wiki Македонски article Докторски ментор, which is released under the Creative Commons Attribution-ShareAlike 3.0 license ("CC BY-SA 3.0"); additional terms may apply. (view authors). Содржината е достапна под CC BY-SA 4.0 освен ако не е поинаку наведено. Images, videos and audio are available under their respective licenses.
#Wikipedia® is a registered trademark of the Wiki Foundation, Inc. Wiki Македонски (DUHOCTRUNGQUOC.VN) is an independent company and has no affiliation with Wiki Foundation.

Tags:

Во Македонија Докторски ментор

Родословие Докторски ментор

Поврзано Докторски ментор

Докторат

Научноистражувачка работа

Факултет

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Главна страницаКарлес ПуџдемонМакедонијаОче нашМајка ТерезаГригор ПрличевСкопјеДен на востанието на МакедонијаФудбалВиктор Иго1647 во музиката1664 во музиката1661 во музикатаСахелК21641 во музикатаПеколот (Божествена комедија)Силјан Штркот1637 во музикатаЈапонски јазициНауката во 1651 годинаСписок на македонски народни поговоркиФудбалско игралиштеДетски праваМихаел ШумахерБајадераХороскопски знациЖанрИталија на Олимписките игриТоше ПроескиЏузепе Гарибалди1636 во музикатаКинеско стандардно времеНауката во 1569 година112 п.н.е.ГомирјеАлександра ПријовиќАтентат врз Франц ФердинандАрхитектОрганизирањеДритан АбазовиќДански јазикИранГлаголСообраќајна мрежаБојан МаричиќУметноста во 1983 годинаМарија IПодгорциМесопотамија1945 во музикатаГеографија на МакедонијаАвтобиографија (Григор Прличев)1661 во уметностаСтрептококен фарингитисОперативен системДржавни празници во МакедонијаАндерс ЦорнИталијанска комуна1503 во музикатаБистра вода (серија)Џејмс МилнерСандра БулокАполо 11Прва светска војнаПаскал БаилЛов на тигриХрватски месециМакедонска азбукаТиндорфСписок на планини во МакедонијаГент-Вевелгем 2020Тврд дискГрадови во МакедонијаМакедонски јазикАвтомобилски регистарски таблички во Македонија🡆 More