Долно Јаболчиште: село во Општина Чашка

Долно Јаболчиште — село во северниот дел на Општина Чашка, во околината на градот Велес (до 2004 година под Општина Велес).

Долно Јаболчиште
Долно Јаболчиште во рамките на Македонија
Долно Јаболчиште: Географија и местоположба, Историја, Население
Долно Јаболчиште
Местоположба на Долно Јаболчиште во Македонија
Долно Јаболчиште на карта
Координати 41°43′35″N 21°30′53″E / 41.72639° СГШ; 21.51472° ИГД / 41.72639; 21.51472
Регион Долно Јаболчиште: Географија и местоположба, Историја, Население Вардарски
Општина Чашка
Население 1.047 жит.
(поп. 2021)

Шифра на КО 29022
Долно Јаболчиште на општинската карта
Долно Јаболчиште: Географија и местоположба, Историја, Население

Атарот на Долно Јаболчиште во рамките на општината
Долно Јаболчиште: Географија и местоположба, Историја, Население Долно Јаболчиште на Ризницата

Географија и местоположба

Селото се наоѓа во горното сливно подрачје на реката Тополка, а атарот се допира до југоисточниот дел на Скопската Котлина.

Селото е планинско на надморска височина 700 метри, а од градот Велес е оддалечено 40 километри. Во селото има основно училиште до IV одделение, а во близина е една од патеките за планински велосипедизам.

Историја

Според опшорниот пописен турски дефтер од 1568/69 година, турската администрација прецизно ги забележала имињата на жителите во Горно и Долно Јаболчиште и ги посочува како чисти христијански села.

Во 1942 година се случил масакрот во Долно Јаболчиште, при што се убиени 11 селани од страна на бугарската војска за кој се сомневало дека сооработувале со Велешкиот партизански одред „Димитар Влахов“.

За време на воениот конфликт во Македонија 2001 година, во јули месецот биле видени луѓе во црни униформи, за кои жителите од тој крај тврдат дека се албански терористи. Блиска средба со терористите имал еден велешанец, кој заминал во селото да продава кромид. Група вооружени лица во црни униформи лица го пресретнале, го ограбиле и го избркале од селото. Биле шест на број, сите биле униформирани во маскирни панталони и црни маици, со автоматско оружје. Со закана никогаш повеќе да не доаѓа во селото, терористите му го истуриле кромидот и му ги зедоа сите пари. Велешката полиција неколку дена претходно извршила рација во селото Бузалково, исто така населено со македонски Албанци. На гробиштата во ова село сведоците велат дека има невообичаен број нови гробови.

Помеѓу октовмри и ноември 2001 година одново се случил инцидент во Јаболчиште каде што посетители биле легитимирани од лица кои носеле црни униформи со ознаки „УЧК“ и биле вооружени со пиштоли. Откако таксистот влезе во селото да остави патник, тој бил застанат од двајца лица со црна облека. Откако одговорил на прашањето на бандитите дека е Македонец, тие бурно реагирале и прашале зошто е тука. Кога таксистот го оставил патникот во селото, при враќање одново бил запрен од двајца униформирани лица. Тие му порачувале дека посетата во селото Јаболчиште му било „прв и последен пат.“ МВР и Македонската армија потврди дека имале информации дека во ова велешко село се забележани припадници на ОНА. Според безбедносните служби, станува збор за мал број луѓе, кои „се самоорганизирале и не се во никаков контакт со терористите од Тетовско и Кумановско“.

Население

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948417—    
1953448+7.4%
1961335−25.2%
1971290−13.4%
1981360+24.1%
ГодинаНас.±%
19910−100.0%
1994496—    
2002718+44.8%
20211.047+45.8%

Според опшорниот пописен турски дефтер од 1568/69 година, турската администрација прецизно ги забележала имињата на жителите во Горно и Долно Јаболчиште и ги посочува како чисти христијански села.

Според „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ во 1873 г. Долно Јаболчиште е село со 41 домаќинство и 334 жители Торбеши.

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Долно Јаболчиште имало 400 жители, сите Арнаути муслимани (Албанци).

Според германскиот етнограф Леонард Шулце Јена, на неговата етничка карта од 1927 година, Долно Јаболчиште наведено како арнаутско (албанско) село.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 450 Турци.

Во 1961 година во селото живееле 335 жители, 199 Турци и 135 Албанци, додека во 1994 година селото броело 496 жители само Албанци.

Според пописот од 2002 година, Долно Јаболчиште има 718 жители, од кои 716 Албанци и двајца останати.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 1.047 жители, од кои 1.021 Албанец, 1 Бошњак и 25 лица без податоци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 400 417 448 335 290 360 0 496 718 1.047

Родови

Долно Јаболчиште е албанско село.

Според истражувањата од 1966 година, родови во селото:

  • Доселеници: Бибовци (13 к.), Елмазовци (10 к.), Мусовци (6 к.), Пеловци (4 к.), Љушовци (4 к.), Луповци (3 к.), Метовци (3 к.), Аџиовци (3 к.), Мамутовци (3 к.), Сеферовци (3 к.) и Фејзовци (2 к.) предците на сите овие родови се доселиле од различни села во областа Горна Река. Во родот Луповци се знае следното родословие: Камбер (жив на 50 г. во 1966 година) Саип-Камбер-Фејзо-Авмет, кој се доселил со неговиот брат Азис, тоа било на почетокот од XIX век.

Самоуправа и политика

Според новиот закон за територијална организација на Република Македонија селото (заедно со Горно Јаболчиште) беше припоено кон мнозинско Македонско населената (73,91% Македонци) Општина Чашка. Причината со заради која овие 2 доминантно албански села беа припоени кон Општина Чашка беше само за општината да се албанизира и да стане двојазична. Кон општината беа припоени и помалите рурални општини Богомила (95,21% Македонци) и Извор (99,24% Македонци). Меѓутоа со припојувањето на овие две села кои природно не гравитираат кон општината и воопшто кон областа Азот, бројот на Албанско население беше насила зголемен на 33,06%. Според локалното Македонско население кое во најголем број е доста старо ова значи тотална албанизација на општината од причина што младите Македонци бегаат од општината, а бројот на Албанците константно се зголемува и со доселување и со природен прираст. Власта на ова одговараше дека со тоа ќе се зајакнел соживотот и мултикултурноста на овој крај, што всушност греши бидејќи тоа значи трајно албанизирање на овој крај од кој произлегле голем број видни Македонски борци, револуционери, учители, градители итн.

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 2204 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на селска зграда.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 507 гласачи.

Личности

  • Шефшет Адеми (р. 21 април 1963) - македонски судија и Претседател на Основен суд Велес.

Иселеништво

Од 1924 до 1966 година од селото се иселиле околу 50 албански семејства во Турција. Помал број се иселиле во Сливник, Бањица, Отиштино и Бузалково.

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Долно Јаболчиште Географија и местоположбаДолно Јаболчиште ИсторијаДолно Јаболчиште НаселениеДолно Јаболчиште Самоуправа и политикаДолно Јаболчиште ЛичностиДолно Јаболчиште ИселеништвоДолно Јаболчиште НаводиДолно Јаболчиште Надворешни врскиДолно ЈаболчиштеОпштина ВелесОпштина Чашка

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Дренок (Струшко)СлаткаристикаИзет МеџитиСветлинаМакедонски парламентарни избори, 2008ХрватскаСтојан АндовДеменцијаМакедонски парламентарни избори (2016)Пере ТошевКарлес ПуџдемонГај Јулиј ЦезарОпштина ИлинденФилип РикерПустина (роман)Општина ВаландовоХепатитИзборна единица 7Втора светска војнаРогачКумановоВирусЖелезно времеГоце ДелчевКамен мост (Скопје)Мали ВлајЏек ЛондонМакедонско востаниеХрватски месециКавказЕврејски празнициКронова болестЃомлезеМечкин КаменОлимписки боговиСписок на птици во МакедонијаМахидевранДевојка со бисерна обеткаХомо (филм од 2020)ГитараОпштина СтругаСтара ГрцијаНационални паркови во МакедонијаЧинови на Армијата на МакедонијаТриаголникДајреКамбоџаМенингитисБиотички факториДенес над МакедонијаСтрушки вечери на поезијатаТаџикистанОливера НиколоваЏ. Р. Р. ТолкинМочуриштеЧовечко телоОсна симетријаОбединети нацииИзборна единица 9СолунЈаспер де БејстКамено времеБледски договор (1947)Македонски народен театарМикеланџело БуонаротиРоманМислешевоТашмаруништаЖолчкаВојдан ЧернодринскиЦистична фиброзаМакедонци-муслиманиТелефонСаат-кула (Битола)Општина ПехчевоСписок на градови во МакедонијаВоздушен коридорДемократска партија на Турците на Македонија🡆 More