Долно Ѓуѓанци: село во Општина Свети Николе

Долно Ѓуѓанци (порано: Долно Ѓуѓанце) — село во областа Овче Поле, во Општина Свети Николе, во близина на градот Свети Николе.

Долно Ѓуѓанци
Долно Ѓуѓанце
Долно Ѓуѓанци: Географија и местоположба, Историја, Стопанство

Поглед кон селото

Долно Ѓуѓанци во рамките на Македонија
Долно Ѓуѓанци: Географија и местоположба, Историја, Стопанство
Долно Ѓуѓанци
Местоположба на Долно Ѓуѓанци во Македонија
Долно Ѓуѓанци на карта
Координати 41°58′01″N 21°57′24″E / 41.96694° СГШ; 21.95667° ИГД / 41.96694; 21.95667
Регион Долно Ѓуѓанци: Географија и местоположба, Историја, Стопанство Вардарски
Општина Долно Ѓуѓанци: Географија и местоположба, Историја, Стопанство Свети Николе
Област Овче Поле
Население 88 жит.
(поп. 2021)

Пошт. бр. 2220
Повик. бр. 032
Шифра на КО 24010
Надм. вис. 590 м
Долно Ѓуѓанци на општинската карта
Долно Ѓуѓанци: Географија и местоположба, Историја, Стопанство

Атарот на Долно Ѓуѓанци во рамките на општината
Долно Ѓуѓанци: Географија и местоположба, Историја, Стопанство Долно Ѓуѓанци на Ризницата

Географија и местоположба

Долно Ѓуѓанци: Географија и местоположба, Историја, Стопанство 
Сретселото

Ова село се наоѓа во областа Овче Поле, во крајниот северен дел на територијата на Општина Свети Николе, чиј атар се допира со подрачјето на Општина Куманово. Селото е рамничарско, на надморска височина од 590 метри. Од градот Свети Николе е оддалечено 14 километри, а од регионалниот пат Свети Николе-Куманово околу 5 километри.

Селото се наоѓа во долина, на самиот раб од котлинската површина. Околни села се Горно Ѓуѓанци, Орел, Стањевци и други. Со вода за пиење се снабдувале од селската чешма на сретсело.

Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Мал и Голем Барбеш, Корија, Кула, Уши, Росуља, Црвени Брегови, Стари Лозја, Ѓеренлив, Чукар, Црвени Рид, Велетин, Валевце, Солена Вода, Рамниште, Љаник, Градиште и Грнчар.

Селото има збиен тип, поделено на четири маала. Тоа се Рајатско, Долно, Средно и Горно Маало. Првото маало се наоѓа покрај Градиште а левиот брег од долината, додека останатите се наоѓаат на десниот брег од долината.

До селото се пристапува преку асфалтен пат, кој се двои од регионалниот пат Свети Николе-Куманово.

Историја

Градиште е возвишување над Рајатско Маало во самото село. Таму се наоѓаат остатоци од ѕидови широки околу 1 метар. Селаните ги користеле ѕидовите и каменот за градежен материјал. Исто така, мештаните на локалитетот имаат ископувано ќупови.

На месноста Кори се наоѓа дабова шума, за која се верува дека била манастирска шума. Таму се наоѓал стариот манастир „Св. Ѓорѓи“, кој се наоѓал југоисточно од селото. Од манастирот сега се познаваат ѕидини и еден крст. Таму мештаните се собираат за Ѓурѓовден и се коле заеднички курбан.

Се верува дека селото е старо, што се огледува и по зачуваните стари македонски родови. Тие најмногу живеат во Рајатско Маало под Градиштето. Останатите маала се понови и се населени со доселеници.

Во XIX век, Долно Ѓуѓанци било село во Кратовската каза на Отоманското Царство.

Во 2014 година на селото му е вратено неговото старо име Долно Ѓуѓанци.

Стопанство

Долно Ѓуѓанци: Географија и местоположба, Историја, Стопанство 
Стопански објекти во селото

Атарот е релативно голем и зафаќа простор од 19,6 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 1.036,5 хектари, на пасиштата отпаѓаат 562,8 хектари, а на шумите 277,9 хектари.

Селото, во основа, има полјоделско-сточарска функција. Во селото има земјоделска задруга, продавници и угостителски објекти.

До крајот на отоманската власт, двете села Горно и Долно Ѓуѓанци припаѓале на Мемед-бег, населен во Кратово. Потоа, тој бил наследен од синот Мустафа и внукот Назим. Назим-бег од 1912 до 1918 година ја продал целата земја на селаните, кои дотогаш ја обработувале.

Население

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948689—    
1953748+8.6%
1961772+3.2%
1971612−20.7%
1981377−38.4%
ГодинаНас.±%
1991237−37.1%
1994219−7.6%
2002174−20.5%
202188−49.4%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Долно Ѓуѓанци имало 280 жители, сите Македонци. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Долно Ѓуѓанци имало 320 жители, под врховенството на Бугарската егзархија.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 500 Македонци.

Од ова село се иселил значителен број на населението. Така, во 1961 година селото броело 772 жители, додека во 1994 година бројот се намалил на 219 жители, од кои 217 биле Македонци, а двајца жители Срби.

Според пописот од 2002 година, во селото Долно Ѓуѓанци живееле 174 жители, од кои 173 Македонци и 1 Србин.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 88 жители, од кои 83 Македонци, 1 останат и 4 лица без податоци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 280 320 689 748 772 612 377 237 219 174 88

Родови

Долно Ѓуѓанци е македонско село.

Според истражувањата на Јован Трифуноски во 1957/58 година родови во селото се:

  • Староседелци: Арсовци (3 к.), Апостоловци (3 к.), Давчевци (4 к.), Серафимовци (3 к.), Кралевци (6 к.), Ничевци (2 к.), Доганџиевци (1 к.), Учковци (3 к.), Давитковци (4 к.), Бурџевци (4 к.), Џалевци (4 к.), Јосевци (2 к.), Тевковци (3 к.) и Таневци (3 к.). Првите шест рода биле од ист предок, останатите исто така потекнувале од ист предок.
  • Доселеници со непозната старина: Васевци (3 к.), Калиманци (3 к.), Колевци (3 к.), Јованчевци (6 к.), Манасовци (4 к.), Дутки (2 к.), Марковци (3 к.), Чапканци (4 к.), Ѓоргијовци (2 к.), Иванковци (4 к.) и Ефремовци (3 к.).
  • Доселени со позната старина: Боневци (2 к.), доселени се од селото Строиманци, подалечно потекло од селото Стрисовци, Пробиштипско; Миневци (4 к.), доселени се од селото Криви Дол; Начевци (1 к.), доселени се после 1912 година од Кривопаланечко; Стошиќи (1 к.), доселени се од селото Пролесје кај Трговиште (Србија); Богдан (1 к.), доселен од селото Ранковце, Кривопаланечко; Стојко (1 к.), доселен од Криви Камен, Кривопаланечко; Ѓерас (1 к.), доселен од Габар, Кривопаланечко и Димитар (1 к.), доселен од селото Строиманци, подалечно потекло од селото Стрисовци, Пробиштипско.

Општествени установи

Самоуправа и политика

Селото влегува во рамките на Општина Свети Николе, која била една од ретките општини кои не биле променети по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото исто така се наоѓало во Општина Свети Николе.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Свети Николе. Селото припаѓало на некогашната општина Орашац во периодот од 1955 до 1965 година.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Павлешенци, во која покрај селото Долно Ѓуѓанци, се наоѓале и селата Габреш, Горно Ѓуѓанци, Градиште, Кокошиње, Кутли Бег, Кучкарево, К’шање, Павлешенци, Пезово, Стањевци и Строиманци. Селото било седиште на некогашната Општина Долно Ѓуѓанци во периодот 1950-1952, во која влегувале селата Горно Ѓуѓанци, Долно Ѓуѓанци, Кокошиње, Павлешенци, Строиманци и Стрњевец.

Избирачко место

Во селото се наоѓа избирачкото место бр. 1694 кое според Државната изборна комисија е сместено во просториите на основното училиште. Во ова избирачко место влегуваат селата Горно Ѓуѓанци, Долно Ѓуѓанци и Строиманци.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 96 гласачи.

На парламентарните избори во 2020 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 90 гласачи.

Културни и природни знаменитости

Долно Ѓуѓанци: Географија и местоположба, Историја, Стопанство 
Главната селска црква „Св. Никола“
    Археолошки наоѓалишта
    Цркви
    Споменици
  • Споменик за НОБ
  • Спомен-чешма на ЈНА

Редовни настани

    Слави

Иселеништво

Се знае за иселениците до 1957 година, и тоа во Горно Ѓуѓанци (Нешевци, Дураци и Златески) и во Орел (Црвенковци и Телегарци).

Галерија

Наводи

Поврзано

Надворешни врски

Tags:

Долно Ѓуѓанци Географија и местоположбаДолно Ѓуѓанци ИсторијаДолно Ѓуѓанци СтопанствоДолно Ѓуѓанци НаселениеДолно Ѓуѓанци Општествени установиДолно Ѓуѓанци Самоуправа и политикаДолно Ѓуѓанци Културни и природни знаменитостиДолно Ѓуѓанци Редовни настаниДолно Ѓуѓанци ИселеништвоДолно Ѓуѓанци ГалеријаДолно Ѓуѓанци НаводиДолно Ѓуѓанци ПоврзаноДолно Ѓуѓанци Надворешни врскиДолно ЃуѓанциОвче ПолеОпштина Свети НиколеСвети Николе

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Македонска револуционерна организацијаДемографија на МакедонијаЉубиша ГеоргиевскиХристо УзуновБалканска приказна (ТВ-серија)Сузана СпасовскаВМРО-ДПМНЕМакедонска обновителна реформска опција - Работничка партијаФосилЖелкиОпштина ЖелиноРусијаМладост (езеро)r9bf6МетотрексатЛазарова саботаВртоглавицаМакедонски претседателски избори (2004)Главна страницаПавле АрсоскиИзет МеџитиИзраелГевгелијаРак на усна празнинаПростатаИлинка МитреваПустина (роман)МакедонциСашо МијалковКафеава мечкаМасакр кај ВејцеПечалбариСтево ПендаровскиГрб на МакедонијаПразници во мајГоце ДелчевОбласти во КазахстанОпштина КрушевоСоцијалистичка партија на МакедонијаЈаглехидратРоманијаМиле ЗечевиќДоксициклинЃомлезеМендух ТачиЦар СамоилЛокални избори во Македонија (2017)Список на македонски зборови од турско потеклоЛеукемијаОкситоцинТестостеронСоединети Американски ДржавиГлаголЕмил ДимитриевМинистерство за животна средина и просторно планирањеПенис (човек)Список на македонски филмовиТуберкулозаЕритематозни дерматозиЛеќаДоста ДимовскаСојуз на комунистите на МакедонијаÈ (кирилица)Изборна единица 9Демократска партија на АлбанцитеМакедонски парламентарни избори, 1994Крвна групаОпштина СопиштеЛабуништаРастенијаСписок на тегоби и болки на стапалатаРелигијаБубамариМакедонски парламентарни избори, 1998Втора влада на Бранко ЦрвенковскиСашко КедевHTMLПертусис🡆 More