Добрино: село во Општина Зелениково

Добрино — село во Општина Зелениково, во околината на градот Скопје.

Добрино
Добрино: Географија и местоположба, Историја, Стопанство

Поглед на средното маало на Добрино со врвот Лисец на Голешница во позадината

Добрино во рамките на Македонија
Добрино: Географија и местоположба, Историја, Стопанство
Добрино
Местоположба на Добрино во Македонија
Добрино на карта
Координати 41°47′54″N 21°36′29″E / 41.79833° СГШ; 21.60806° ИГД / 41.79833; 21.60806
Општина Зелениково
Население 10 жит.
(поп. 2021)

Шифра на КО 25036
Добрино на општинската карта
Добрино: Географија и местоположба, Историја, Стопанство

Атарот на Добрино во рамките на општината
Добрино: Географија и местоположба, Историја, Стопанство Добрино на Ризницата

Географија и местоположба

Селото се наоѓа во областа Торбешија, во северното подножје на планината Голешница. Оддалечено е 45 километри јужно од Скопје.

Историја

Во XIX век, селото е дел од нахијата Каршијак во Скопската каза во Отоманското Царство и се состои од 3 маала: горно, средно и долно.

Стопанство

Население

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948482—    
1953525+8.9%
1961329−37.3%
1971175−46.8%
1981178+1.7%
ГодинаНас.±%
1991129−27.5%
1994109−15.5%
200290−17.4%
202110−88.9%

Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било муслиманско, со 25 муслимански домаќинства. На овој попис биле забележани 55 мажи муслимани, со 2 новороденчиња. Исто така бил забележан и еден маж доселеник. Се проценува дека селото во тој период имало 116 жители.

Стефан Верковиќ во 1857 година го забележува со 218 жители.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Добрино живееле 240 жители, сите Албанци.

После Втората балканска војна, 1913 г. селото влегува во границите на Србија, како дел од општина Градовци и заедно со сите три маала има 418 жители.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 400 Албанци.

Според пописот од 2002 година, во селото Добрино живееле 90 жители, од кои 89 Албанци и 1 останат.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 10 жители, сите лица без податоци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 240 482 525 329 175 178 129 109 90 10


Родови

Добрино е албанско село. Според истражувањата во 1951 година, родови во селото:

  • Доселеници: Љаље или Салиоски (17 к.) по потекло се од северна Албанија. Овде дошле од дебарско. Старото село од каде што потекнувале се викало Љаљ. Салиоски се викаат по предокот Сали Ќаја, кој во селото имал уште 3 браќа, Алија, Емин и Мемиш. Овде живеат од 19 век. Го знаат следното родословие. Ислам (жив на 70 год. во 1951 година) Љатиф-Сали Ќаја-Исен; Коваче (14 к.) по потекло се од фисот Бериш во северна Албанија, велат дека потекнуваат од областа Мердита. Овде се доселиле кога и претходниот род. Овде се доселиле преку Косово и Качаничка Клисура, а имаат свои роднини во селата Рашче (Коваче) и Романовце. Некои во селото тврдат дека овој род има ромско потекло; Етемоски (8 к.) доселени се од северна Албанија; Караџоски (6 к.) доселени се од северна Албанија; Стефалар (7 к.) доселени се од северна Албанија; Калис (4 к.) името го добиле по областа Калиса во северна Албанија, од каде што потекнуваат; Браимоски (4 к.) доселени се од северна Албанија; Пел (7 к.) живееле во посебен дел во Средно Добрино. Потекнувале од фисот Чаја во северна Албанија. Од таму се иселиле тројца браќа, најпрво населувајќи се во селото Зелениково. Го знаат следното родословие. Беџет (жив на 33 год. во 1951 година) Камил-Зумбер-Амет; Салиоски (8 к.) живееле во делот Горно Добрино. Они биле гранка од родот Љаље Салиоски, по што се одродиле.

Општествени установи

Самоуправа и политика

Културни и природни знаменитости

    Археолошки наоѓалишта

Редовни настани

Личности

Култура и спорт

Иселеништво

Од албанското население до 1951 година околу 15 семејства се иселиле во Турција, а некои и во Скопје, Бузалково и др.

Стари македонски иселеници од селото има пак во Карабуниште (Соколовци), Белештевица (Трајковци) и во Блаце (Китановци, Дојчиновци, Велковци и Матовци).

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Добрино Географија и местоположбаДобрино ИсторијаДобрино СтопанствоДобрино НаселениеДобрино Општествени установиДобрино Самоуправа и политикаДобрино Културни и природни знаменитостиДобрино Редовни настаниДобрино ЛичностиДобрино Култура и спортДобрино ИселеништвоДобрино ГалеријаДобрино НаводиДобрино Надворешни врскиДобриноОпштина ЗелениковоСкопје

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Збунети годиниРенесансаШведскаДраслајцаРевматоиден артритисИзраелПрилепАвтоимуна болестГлавна страницаКамен мост (Скопје)ТирСостојба на материјатаБалканска приказна (ТВ-серија)ХипотироидизамХомерКилаКоле АнгеловскиПеш по светотСврзникМислодеждаРеал БетисВелесЗатемнување на СонцетоСтево ПендаровскиОдбивање (физика)Новак ЃоковиќБојан (роман)Независна Држава МакедонијаОптичка мамкаЉубовПрирокЈосиф СталинАпозиција во македонскиот јазикКамера опскураОпитТрапезОпштина КочаниЈоаким КрчовскиКокичеИзборна единица 7Ѓорче ПетровРастенијаЗнаме на МакедонијаЛатински јазикСписок на повикувачки броеви на земјитеЕрман ШабанШизофренијаПреспанско ЕзероКорупцијаСписок на држави по населениеПресметување на датумот на ВелигденЖабаЃомлезеЈаспер де БејстЕврејски празнициМаричка биткаОпштина ШтипПеколот (Божествена комедија)Историја на христијанствотоЦар СамоилПавле ТрајановШенген-зонаМерилендДрамска уметностВладимир ПутинИвона ТалевскаБор (град)Фридрих НичеПреспански договорКвадратОпштина ОхридМакедонска револуционерна организацијаГоран БреговиќОпераКокино (наоѓалиште)Демократска Десница🡆 More