Денали: највисока планина во Северна Америка

Денали (којуконски: Denali = „Висока“); до 2015 г.

Макинли (англиски: Mount McKinley) — највисока планина во Северна Америка, чиј врв е на надморска височина од 6.168 м и има најголема самостојна висина (од основата до врвот) од сите планини што се издигаат исклучиво над морското ниво. Планината го зазема третото место по истакнатост во светот, по Монт Еверест и Аконкагва. Сместена е во Алјаскиот Венец, во внатрешноста на сојузната држава Алјаска и претстаува главна знаменитост на Националниот парк Денали. Називот „Макинли“ го носела во чест на Вилијам Макинлипретседател на САД од 1897 до 1901 г.

Денали
Denali
Денали: Геологија и особености, Искачување, Околни планини
Поглед на северната страна на Денали
Највисока точка
Надм. вис.6.168 м  (NGVD 29)
Истакнатост6.144 м 
3-та
Заведена какоседум врвови, ултра, највисока во земјата
Географија
Денали на карта
МестоНационален парк Денали, Алјаска, САД
Матичен венецАлјаски Венец
ТопокартаUSGS Mt. McKinley A-3
Искачување
Прво освојување7 јуни 1913
Хадсон Стак,
Хари Карстенс,
Волтер Харпер
и Роберт Тејтум
Најлесен патпо Западниот Потпорник (искачување по ледник/снег)
Денали: Геологија и особености, Искачување, Околни планини
Хадсон Стак и Хари Карстенс — водачи на првото успешно искачување на Денали во 1913 г.

Првиот Европеец што ја забележал планината е Џорџ Ванкувер во 1794 г. Во 1903 г. е направен првиот обид за нејзино искачување, но завршил неуспешно. Првото потврдено освојување го напаравиле Хадсон Стак, Хари Карстенс, Волтер Харпер и Роберт Тејтум во 1913 г.

Геологија и особености

Планината е гранитен плутон која се издигнала поради тектонски притисок од Тихоокеанската и Северноамериканската Плоча, истовремено одронувајќи таложен материјал над и околу планината. Силите што ја создале планината предизвикале и многубројни силни земјотреси во Алјаска и на Алеутските Острови. Денес Тихоокеанската Плоча е сеизмички активна под планината.

Денали: Геологија и особености, Искачување, Околни планини 
Поглед на јужната страна на планината

Со висина од 6.168 м, Денали е највисока планина во Северна Америка и се издига 5.500 м. над основата, што значи дека е највисока во светот сметајќи од подножјето. Се издига од накосена рамница на надморска височина од 300-900 м, што значи дека висината ѝ се разликува во зависност од местото на набљудување (во опсег од 0-1000 м). (Од друга страна, Монт Еверест се издига од Тибетската Висорамнина, што значи дека почнува од многу повисоко — 4.200 м до 5.200 м, па затоа Монт Еверест е самостојно висок само 3.700 до 4.700 м. наспроти самостојните 5.500 м на Денали Сепак, Денали има само половина од самостојната висина на вулканот Мауна Кеја (10.020 м), но голем дел од планината е под вода.

Врвови и ледници

Денали има два поважни врва: Јужниот (повисокиот) и Северниот, на н.в. од 5.934 м и топографска истакнатост од околу 387 м. Северниот понекогаш се смета за посебен, но ретко се искачува, освен од северниот приод.

По страните на планината се протегаат пет поголеми ледници: Питерс (северозападна страна), Малдроу (североисточна), Тралејка (источна), Рут (југоисточна) и Кахилтна (југозападна).

Искачување

Планината денес редовно се искачува. Во 2003 г. до врвот успешно стигнале 58% од планинарите, со вкупно 100 жртви за период од еден век. Највеќето планинари се искачуваат преку Западниот Потпорник, пронајдена во 1951 г. од истражувачот Бредфорд Вошберн, по внимателни и опширни анализи на авионски снимки. Искачувањето трае 2-4 недели.

Околни планини

Денали: Геологија и особености, Искачување, Околни планини 
Источната страна на Денали гледана од Националниот парк Денали

Во околината на Денали се наоѓаат следниве планини:

  • Форакер
  • Силвертрон
  • Хантер
  • Хантингтон
  • Дики
  • Лосов Заб (Мусес Тут)

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Денали Геологија и особеностиДенали ИскачувањеДенали Околни планиниДенали ПоврзаноДенали НаводиДенали Надворешни врскиДеналиАконкагваАлјаскаАлјаски ВенецАнглиски јазикВилијам МакинлиМонт ЕверестНадморска височинаПланинаПретседател на САДСеверна АмерикаСојузни држави на САДТопографска истакнатост

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Обединети нацииГрад СкопјеПрометејПченкаХемиска индустријаОпштина КончеСтрумицаВасил ИљоскиЈапонијаОпштина Кисела ВодаХананАвстријаСписок на македонски народни поговоркиГодинаБалканска приказна (ТВ-серија)Катерина ТаневаДржавни празници во МакедонијаМакедонски парламентарни избори, 2008Еп за ГилгамешСписок на електрани во МакедонијаФеникијаАДХДАлиса во земјата на чудатаМакедонски народни приказни (ТВ-серија)Шенген-зонаМарков манастирЕлена ЗагорскајаЗагребПетре М. АндреевскиНедоразбирање (драма)Потенцијална енергијаЖивко ЧингоНационален парк ГаличицаПожарИзборна единица 1Мозочно крвавењеОтоманско ЦарствоСтево ПендаровскиОдбивање (физика)Никола КаревБугаријаРимска уметностБукурешки договор (1913)Водно растениеСрбијаМечкин КаменГолеми и мали (роман)Општина КрушевоЈаспер де БејстКрушевоАпозиција во македонскиот јазикСложена реченицаГалијаКоле АнгеловскиВојскаАлкалоид (претпријатие)Демократска партија на Турците на МакедонијаПарадоксот на ДиогенМакедонски парламентарни избори, 2011Свети Климент ОхридскиАнгкор ВатИзборна единица 2Кинетичка енергијаСидТромбоцитопенијаИталијаКичевоТриаголникЧовекСтојанче АнгеловГригор ПрличевСрпска кирилична азбукаНова алтернативаМакедонска граматикаЗаменки во македонскиот јазикСтранствувањето на Чајлд Харолд🡆 More