Геолошки Топографски Институт На Сад

Геолошкиот топографски институт на САД (англиски: United States Geological Survey, крат.

USGS) — научна служба на владата на САД. Се заминава со проучување на топографијата на САД, нивните природни ресурси и осознавање на природните опасности што им се закануваат. Дејноста на институтот е распоредена на четири поважни полиња: биологијата, географијата, геологијата и хидрологијата. Геолошкиот топографски институт е организација задолжена за осознавање на факти и нема надлежност врз прописи и регулативи.

Геолошки топографски институт на САД
United States Geological Survey
Геолошки Топографски Институт На Сад
Амблем
Геолошки Топографски Институт На Сад
Службено обележје
Податоци за органот
Основан 3 март 1879
Седиште Рестон, Вирџинија
Вработени 8.670 лица (2009)
Годишен буџет 1,1 милијарди долари
Раководител Марша Мекнат
(директор)
Матичен орган Министерство за внатрешни работи
Мрежно место
usgs.gov

Како служба во состав на Министерството за внатрешни работи на САД (со сосем поинаква надлежност од македонскиот истоименик), ова е единствениот негов огранок што се занимава со научна дејност. Во институтот работат околу 8.670 лица, а седиштето се наоѓа во Рестон (Вирџинија). Поважни филијали има и во Лејквуд (Колорадо) и Менло Парк (Калифорнија).

Мотото на установата гласи „Science for a changing world“ („Наука за свет кој се менува“).

Историја

Институтот е основан како одговор на извештај од Националната академија на науките со законски акт на Конгресот, донесен на 3 март 1879. Новооснованата установа била задолжена со „класификација на државното земјиште и испитување на геолошкиот состав, минералните ресурси и производите во општествена сопственост.“ Главен двигател на задачата била неопходноста од попишување на огромните површини стекнати со купувањето на Луизијана во 1803 и Американско-мексиканската војна во 1848.

При неговото основање, првиот директор на институтот, Кларенс Кинг, го составил со обединување на различни неповрзани регионални геодетски служби По кратко време на директорското место го наследил Џон Весли Пауел.

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Геолошки Топографски Институт На Сад ИсторијаГеолошки Топографски Институт На Сад ПоврзаноГеолошки Топографски Институт На Сад НаводиГеолошки Топографски Институт На Сад Надворешни врскиГеолошки Топографски Институт На СадАнглиски јазикБиологијаГеографијаГеологијаПрироден ресурсПриродна катастрофаСАДТопографијаХидрологија

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Министер за финансии на МакедонијаАнтарктикМерсиха СмаиловиќРајко ЖинзифовЛиберално-демократска партијаТрета влада на Никола ГруевскиАна ФранкМејозаГликемијаЃорѓија СајкоскиСписок на птици во МакедонијаЕдинствена МакедонијаДелчевоПресметување на датумот на ВелигденХолокаустРевматоиден артритисМакедонски парламентарни избори (2020)КомунизамПетар Поп АрсовМакедонски пасошИзраелОпштина ВрапчиштеКисел дождЧовечки папиломен вирусАДХДНикола ПопоскиАмди БајрамПолитичка партијаРак на желудникЗагрозен видЗемја (планета)Самоилово ЦарствоГустав ШвабРимско ЦарствоВелигденски јајцаГаличицаМитозаБубрежен каменИзвршна властДенес над МакедонијаИменкаГолеми и мали (роман)Пустина (роман)Македонски парламентарни избори (1994)ЕгипетМакедонски претседателски избори, 2009Македонски БродТартифДимитар АпасиевЧовечко телоЗамок БранРимска култураОхридска пастрмкаАнгинаМедузаКловерфилдКронова болестИзборна единица 8Мустафа Кемал АтатуркДимитар КовачевскиСтојанче АнгеловСписок на македонски народни поговоркиБожествена комедијаМакедонска православна црква - Охридска архиепископијаЈугославијаВтора влада на Никола ГруевскиРадовишБитка кај Мечкин КаменМакедонско востаниеНаполеон БонапартНАТООпштина КривогаштаниОзонска обвивкаДневникот на Ана ФранкВилијам ШекспирРак на белите дробовиМарија АнтоанетаПолитички спектар🡆 More