Грета Гарбо

Грета Гарбо (18 септември 1905 — 15 април 1990) — шведска актерка од периодот на холивудскиот нем филм, како и за време на неговата златна доба.

Грета Гарбо
Грета Гарбо
Грета Гарбо во филмот Инспирација од 1931
Роден(а)Грета Ловиса Густафсон
18 септември 1905
Шведска Стокхолм, Шведска
Починал(а)15 април 1990(1990-04-15) (возр. 84)
САД Њујорк, САД
НационалностШведско-американско
ЗанимањеГлумецка
Активен период1921 — 1941
Потпис
Податотека:File:Garbo signature.jpg
Страница
gretagarbo.com

Се сметала за една од најголемите и најтаинствени филмски ѕвезди што некогаш се појавиле на филмскиот екран. Гарбо трипати била номинирана за наградата Оскар за најдобра филмска глумица и добила Почесен оскар во 1955 година "за нејзините сјајни и незаборавни изведби на сцена" и е рангирана на петтото место на списокот на најголеми глумици во историјата од страна на Американскиот филмски институт. Според Гинисовата книга на рекорди, Гарбо била прогласена за "најубавата жена што некогаш живеела на земјата".

Детство и младост

Грета Гарбо 
Споменик на зградата каде што се родила Грета Гарбо во Седермалм, Стокхолм.

Грета Ловиса Густафсон е родена во Седермалм, Стокхолм, Шведска. Таа била третото и најмалото дете на Ана Ловиса (родена Карлсон, 1872-1944), домаќинка која подоцна работела во фабрика за џем и Карл Алфред Густафсон (1871-1920), работник. Гарбо имала постар брат, Свен Алфред (1898-1967) и постара сестра, Алва Марија (1903-1926).

Нејзините родители се запознале во Стокхолм, а татко ѝ живеел во Фринарид. Тој потоа се преселил во Стокхолм и работел на разни работни места - чистач на улица, продавач, фабрички работник и месарски помошник. Се оженил со Ана која во Стокхолм се преселила од Хегзби. Семејството било сиромашно и живееле во трисобен стан во полошиот дел на градот. Гарбо подоцна се сеќава:

Имаше едно вечно сивило - оние долги зимски ноќи. Татко ми седеше во ќош, чкртајќи по некој весник. На другата страна од собата мајка ми крпеше парталави стари алишта, воздивнувајќи. Ние децата си зборуваме тивко, или само си седевме молчејќи. Бевме полни со вознемиреност, како да имаше опасност во воздухот. Таквите вечери се незаборавни за чувствителна девојка. Каде што живеевме, сите куќи и станови изгледаа исти, нивната грдотија одговараше со сè што нè опкружуваше.


Гарбо била срамежливо и повлечено дете. Го мразела училиштето и повеќе сакала да си игра сама. Сепак, била креативна, се интересирала за театарот уште на рана возраст и сонувала да стане глумица. На 13 години, Гарбо го завршила училиштето и како повеќето Швеѓанки на тоа време кои потекнувале од работничката класа, не се запишала во гимназија. Подоцна рекла дека поради тоа имала комплекс на пониска вредност.

Зимата 1919, во Стокхолм имало епидемија на шпанска треска и таткото на Гарбо се разболел. Тој почнал да отсуствува од работа и најпосле добил отказ. Гарбо седела дома и се грижела за него, носејќи го во болница на неделни третмани. Тој починал во 1920 кога таа имала 14 години.

Грета Гарбо 
Првата главна улога на Грета Гарбо во шведскиот филм Сагата за Геста Берлинг (1924) со Ларс Хансон

Кариера

Почетоците (1920–1924)

Гарбо најпрвин работела како во берберница а потоа во продавница каде со време станала модел за шапки за каталозите а од 1920 започнала да снима реклами за женска гардероба. Премиерата на нејзината прва реклама била на 12 декември 1920, а потоа следеле и други. Оттука започнала филмската кариера на Гарбо. Во 1922, таа го привлекла вниманието на режисерот Ерик Артур Печлер кој ѝ дал улога во неговата кратка комедија Скитникот Петар

Грета Гарбо 
Портрет на Грета Гарбо, 1925

Од 1922 до 1924 година учела во глумечката школа на Кралскиот драмски театар во Стокхолм. Во1924 таа била ангажирана од страна на истакнатиот фински режисер Мориц Стилер да ја игра главна улога во неговиот класичен филм Сагата за Геста Берлинг, драматизација на познатиот роман на добитничката на Нобелова награда Селма Лагерлеф. Во филмот глумела заедно со Ларс Хансон, многу познат шведски глумец. Стилер станал нејзин ментор, ја обучувал како филмска глумица и управувал со сите аспекти на нејзината кариера.. Во 1925 година,добила улога во германскиот филм Улица без радост во режија на Георг Вилхелм Пабст, во кој глумела и Аста Нилсен.

Грета Гарбо 
Гарбо и Стилер

Виктор Сестром, почитуван шведски режисер во МГМ, бил добар пријател на Стилер и го охрабрувал Луис Б. Мајер, кој во тоа време бил заменик претседател и генерален директор на филмската компанија, да се сретне со него на патување во Берлин. Мајер, секогаш во потрага по нов талент, се заинтересирал за Стилер. Тој му дал понуда, но Стилер побарал Гарбо да биде дел од секој договор, убеден дека ќе биде предност за неговата кариера. Мајер отпрвин одбил, но при приватното гледање на филмот Сагата за Геста Берлинг, веднаш се заинтересирал за неа. Во една друга верзија, наводно Мајер претходно го видел филмот на Стилер и негов прв интерес била Грета Гарбо а не договорот што требал да го потпише со режисерот.

Ѕвезда на немиот филм (1925–1929)

Грета Гарбо 
Гарбо во Телото и ѓаволот(1926) со Џон Гилберт

Во 1925, Гарбо на 20 годишна возраст, не зборувајќи англиски, заминала за САД, заедно со Стилер. Стигнале во Њујорк во јули 1925, по десетдневно патување со брод каде останале 6 месеци без никакви вести од страна на филмската компанија МГМ. Тие одлучиле сами да заминат за Лос Анџелес и уште 5 недели немале никаков контакт со студиото и таа веќе почнала сериозно да размислува да се врати во Шведска. Некој шведски пријател ѝ помогнал да оствари контакт со Ирвинг Талберг, продуцент на МГМ, кој се согласил да ѝ овозможи на Гарбо пробно снимање.

Иако таа очекувала да работи со Стилер на нејзиниот прв филм, ангажирана била во Поток (1926), адаптација на романот на Виченте Бласко Ибањез, во режија на Монта Бел. Филмот бил хит а изведбата на Гарбо била поздравена од страна на критиката.

Грета Гарбо 
Гарбо со Џон Гилберт во Жена за афери (1928).

По успехот МГМ ја ангажирале во слична улога во филмот Примамничка (1926), заснован на друг роман на Ибањез, во кој глумела со Антонио Морено. Стилер,кој воедно бил и режисер на филмот, ја убедил да ја прифати улогата што таа не ја сакала. Потоа таа снимила уште 8 неми филмови,од кои 3 со популарниот глумец Џон Гилберт и сите биле хитови. Гарбо станала ѕвезда добивајќи пофалби од критиката Заработката остварена со нејзиниот трет филм со Гилберт, Жена за афери (1928) ја ставила на врвот на Метро ѕвездите за 1928-1929, пред дотогаш најпознатата глумица на немите филмови Лилијан Гиш.

Влијанието на глумечката игра на Гарбо и присуството на екранот набрзо ја утврдиле нејзината репутација како една од најголемите глумици во Холивуд. Филмскиот историчар и критичар Дејвид Денби тврди дека Гарбо вовела суптилност во изразување на уметноста на немиот филм оставајќи силен впечаток кај публиката.

Покрај популарноста како ѕвезда на немиот филм, студиото страхувало дека нејзиниот шведски акцент ќе штети на работата и го одложувале снимањето на звучен филм колку што е можно подолго. Студиото МГМ било последно холивудско студио кое се префрлило на звук. Последниот нем филм на Гарбо а воедно и на МГМ, бил филмот Бакнеж (1929).

Кариерата во ерата на звучниот филм (1930–1939)

Грета Гарбо 
Гарбо за првпат зборува на филм во Ана Кристи (1930).
Грета Гарбо 
Грета Гарбо и Роберт Тејлор во филмот Дамата со камелии (1936)

Кон крајот на 1929, МГМ ја ангажирал Гарбо во Ана Кристи (1930), филмска адаптација на пиесата на Јуџин О‘Нил од 1922. Тоа била нејзината прва звучна улога. Филмската премиера била на 21 февруари 1930 и филмот доживеал голем успех. Гарбо ја добила првата номинација за Оскар за најдобра глумица. За номинацијата придонела и нејзината улога во филмот Романса (1930). Подоцна, со различна глумечка екипа и режисер, Гарбо снимила уште една верзија на Ана Кристи, на германски јазик, чија премиера била во декември 1930. Овој филм на Гарбо ѝ овозможил успешен преод од немите филмови кон градењето кариера во звучната кинематографија. Во 1931, глумела заедно со Роберт Монтгамери во филмот Инспирација (1931), а нејзината популарност истата година била искористена да се поттикне кариерата на тогаш релативно непознатиот Кларк Гејбл во филмот Сузан Ленокс (Нејзиниот пад и подем). Во 1930-31. Грета Гарбо била прогласена за најпопуларна женска глумица во Соединетите Држави.

Грета Гарбо 
Грета Гарбо во филмот Ана Каренина

Во 1931, таа глуми германска шпионка од Првата светска војна во филмот Мата Хари, наспроти Рамон Наваро. Следната година глумела руска балерина во филмот Гранд Хотел (1932) заедно со Џон Баримор и Џоан Крафорд. Таа година филмот добил Оскар за најдобар филм. И двата филма на Гарбо имале голема заработувачка а Гарбо станала „најголемата машина за правење пари која некогаш се појавила на екранот“. Откако се појавила во филмот Како што ме посакуваш (1932), првиот од трите филма со кои таа глумела со Мелвин Даглас, договорот на Гарбо со МГМ истекол и таа се вратила во Шведска.

По речиси една година преговори, Гарбо се согласила да го обнови договорот со МГМ под услов да глуми во Кралицата Кристина а нејзината плата се зголемила на 300.000 долари по филм. Иако МГМ не сакал да го направи филмот, попуштиле на инсистирање на Гарбо. За главната машка улога, МГМ ги предлагале Чарлс Бојер или Лоренс Оливие, но Гарбо ги отфрлила и двајцата, претпочитувајќи го нејзиниот поранешен партнер и љубовник, Џон Гилберт. На студиото не му се допаѓала идејата главната улога да му ја даде на Гилберт чија мала популарност можела да му наштети на профитот на филмот, но ја исполниле желбата на Гарбо. Во декември 1933, филмот доживеал голем успех и заработка и контроверза околу цензурата бидејќи Гарбо преправена во маж бакнува жена.

Грета Гарбо 
Гарбо и Чарлс Бојер во филмот Освојување (1937)

Во 1935, Дејвид О. Селзник сакал да ја ангажира во улога во филмот Темна победа, но Гарбо одбрала да глуми во Ана Каренина (1935), според романот на Толстој. Филмот бил меѓународен успех а во САД поминал подобро од очекувањата на МГМ. Сепак заработката била значително намалена поради големиот хонорар на Гарбо. Во 1936, Гарбо глумела во романтичната драма Дамата со камелии (1936) заедно со Роберт Тејлор и Лајонел Баримор. Филмот бил голем успех а таа за него ја освоила наградата за најдобра глумица од кружокот за филмска критика на Њујорк и по вторпат била номинирана за наградата Оскар.

Грета Гарбо 
Гарбо и Мелвин Даглас во сцена од филмот Ниночка (1939).

Следната улога на Гарбо била во филмот Освојување (1937) во кој глумела заедно со Чарлс Бојер во романтична драматизација на приказната за Наполеон и Марија Валевска. Тој бил најголемиот и најрекламираниот филм на МГМ за 1937, но по прикажувањето забележал загуба од повеќе од милион долари со што станал најголемото промашување на студиото таа деценија. Популарноста на Гарбо била значително намалена и кога наскоро ѝ завршил договорот таа накратко се вратила во Шведска.

По неуспехот на филмот Освојување, МГМ одлучил дека е потребна промена за да се врати нејзината популарност. За нејзиниот следен филм, студиото го одбрал продуцентот и режисер Ернст Љубич за филмот Ниночка, прва комедија во која се појавила Грета Гарбо. Филмот бил еден од првите холивудски филмови кои, во форма на сатирична, лесна романса, го прикажал Советскиот Сојуз под Јосиф Сталин. Ниночка премиерно бил прикажан во октомври 1939 година. Заработката добро поминала во САД и во странство но филмот бил забранет во Советскиот Сојуз и неговите сателити.

Повлекувањето од филмот (1941–1948)

Грета Гарбо 
Гарбо и Мелвин Даглас во Жената со две лица (1941)
Грета Гарбо 
Лоби картичка за филмот Жената со две лица од 1941 година.

Со Жената со две лица (1941) на Џорџ Цукор, МГМ се обидел да го искористи успехот на Гарбо во Ниночка, ангажирајќи ја во романтичен филм како модерна жена. Тука таа одиграла улога во која е прикажана како танцува румба, плива и скија. Филмот не поминал добро кај критиката, но наспроти мислењата, сепак остварил пристојна заработка. Жената со две лица бил нејзиниот последен филм а Гарбо го нарекла „нејзиниот гроб“. Тогаш имала триесет и шест години и снимила 28 филма во период од 16 години.

Иако Гарбо била понижена со негативните критики за Жената со две лица, отпрвин немала намера целосно да се повлече од сцената. Но нејзините филмови зависеле од европскиот пазар а во Европа имало војна. Во 1942 таа потпишала за снимање на филмот Девојката од Ленинград, но проектот набрзо пропаднал. Во 1948, потпишала договор за снимање на филмска адаптација на романот на Балзак, Војвотката од Ланже со продуцентот Волтер Вангер. Таа направила неколку пробни снимања, го научила сценариото и пристигнала во Рим летото 1949 за да го сними филмот. Меѓутоа поради недостиг на финансирање, проектот пропаднал. Пробните снимки кои се сметале за изгубени биле пронајдени во 1990 од страна на филмските историчари Леонард Малтин и Џанин Бејсингер. Дел од нив биле вклучени во документарниот филм Гарбо. Иако во тек на животот одбивала да ги каже причините за нејзиното повлекување од филмската сцена, четири години пред смртта таа на шведскиот биограф Свен Броман му го кажала следново:

Уморна бев од Холивуд. Не ја сакав работата. Имаше денови кога морав на сила да се натерам себеси да отидам во студиото... Навистина сакав да живеам друг живот.

Јавна личност

Уште од раните денови на нејзината кариера, Гарбо ги избегнувала јавните функции, претпочитајќи да го минува времето сама или со пријателите. Никогаш не потпишала автограми ниту одговорила на пошта, а ретко давала и интервјуа. Никогаш не се појавила на церемониите Оскар, дури и кога била номинирана. Нејзината аверзија кон публицитет и печатот несомнено била вистинска и искрена. Во едно интервју во 1928 година, објаснила дека нејзината желба за приватност започнала уште кога била дете, наведувајќи дека "откако паметам, сакам да бидам сама. Мразам гужва, не сакам многу луѓе".

Приватен живот

Грета Гарбо 
Гарбо ги потпишува документите при добивање на нејзиното американско државјанство во 1950

По повлекувањето од филмската сцена, Гарбо ретко се појавувала во јавноста. Спротивно на мислењето дека била осамена, таа имала многу пријатели со кои се дружела и патувала. Сепак, честопати се борела со ексцентричности и со нејзината долгогодишна меланхолија и промени во расположението. Пред да наполни 60 години кажала: „За неколку дена ќе биде годишнина на тагата која никогаш не ме напушта, која никогаш нема да ме напушти до крајот на животот.“ На друг пријател во 1971 му кажала дека најверојатно „страда од некоја многу длабока депресија“.

На почеток на 1940-тите станала колекционер на уметнички дела. Многу од делата коишто ги купила не биле со голема вредност, но купила и слики од Реноар, Руо, Кандински, Бонар и Јавленски. Нејзината уметничка колекција вредела милиони кога умрела во 1990.

На 9 февруари 1951, таа станала државјанка на Соединетите држави а во 1953 купила седмособен апартман на Менхетен, Њујорк каде што живеела до крајот на нејзиниот живот.

Во тек на животот никогаш не се омажила, немала деца и живеела сама. Нејзината најпозната љубовна романса била со глумецот Џон Гилберт со кого живеела со преминни во тек на 1926 и 1927. Гилберт наводно повеќепати ѝ предложил брак но Гарбо се премислувала во последен момент.

Грета Гарбо 
Гарбо во Диви Орхидеи (1929)

"Вљубена бев во него. Но се плашев дека ќе ми кажува што да правам и ќе се прави главен. А јас секогаш сакав да бидам главната."

Подоцна таа имала други кратки љубовни врски, со диригентот Леополд Стоковски, додека патувала во Европа, со Ерих Марија Ремарк, во 1941. Во 1941 таа го запознала милионерот Џорџ Шли сопруг на модниот творец Валентина, кој бил нејзин пријател, љубовник и советник до неговата смрт во 1964

Грета Гарбо 
Гробот на Грета Гарбо

Поновите биографи тврдат дека Грета Гарбо била бисексуалка или лезбијка и дека имала интимни односи како со жени така и со мажи. Ѕвездата на немиот филм Луиз Брукс тврдела дека таа и Гарбо биле во кратка врска. Во 1931, Гарбо се дружела со писателката и позната лезбијка Мерцедес де Акоста. Тие двете останале пријатели 30 години во тек на кои Гарбо ѝ напишала 181 писма, разгледници и телеграми, кои денес се во Музејот- библиотека Розенбах во Филаделфија. Од нив 87 се достапни на јавноста од страна на семејството на Гарбо Во 2005, достапни на јавноста станале 60 писма кои Грета Гарбо ѝ ги напишала на Мими Полак од кои неколку сугерираат дека Гарбо најверојатно со години имала романтични чувства кон неа.

Грета Гарбо успешно го излекувала ракот на дојката во 1984. Кон крајот на животот само неколкумина нејзини добри пријатели знаеле дека оди на дијализа, по 6 часа, трипати неделно во болница во Њујорк. Грета Гарбо починала на 15 април 1990, на возраст од 84 години, во болница, како резултат на пневмонија и откажување на бубрезите. Била кремирана на Менхетен, а нејзината пепел во 1999 била пренесена на гробиштата во нејзиниот роден град Стокхолм.

Целото наследство на Гарбо во износ од 32,042,429—57,000,000 долари, според вредност проценета во 2013 година—го наследила нејзината внука Греј Ристфилд.

Награди и почести

Грета Гарбо 
Портрет на Грета Гарбо на поштенска марка од Романија во 2005

Гарбо била трипати номинирана за Оскар за најдобра глумица. Во 1930 година, Гарбо добила номинацијата за нејзината работа и во Ана Кристи и Романса. Изгубила од Норма Ширер, жената на продуцентот Ирвинг Талберг, која го добила Оскарот за филмот Разведена. Во 1937, Гарбо била номинирана за Дамата со камелии, но оскарот го добила Луиз Рејнер, за филмот Добрата земја. Најпосле, во 1939 година, била номинирана за Ниночка, но ниту тогаш не го добила оскарот. Таа година поголемиот дел награди отишле кај филмот Одвеано од виорот а Оскарот за најдобра глумица го добила глумицата Вивиен Ли. Таа била наградена со Почесна награда на Академијата за „нејзината блескава и незаборавна изведба на сцената“ во 1954. Не се појавила на церемонијата а статуетата ѝ била испратена по пошта на нејзината домашна адреса.

Грета Гарбо 
Ѕвездата на Гарбо на Патеката на славните, Холивуд Булевар

Двапати добила награда за најдобра филмска глумица од Кружокот на филмски критичари од Њујорк: за изведбата во Ана Каренина (1935) и за Дамата со камелии (1936). Таа освоила награда за најдобра глумица од Националниот одбор за ревизија, за Дамата со камелии во 1936, за Ниночка во 1939 година и за Жена со две лица во 1941 година. Во јануари 1937 година, таа ја добила шведската кралска медаља, (Litteris et Artibus), која им се доделува на луѓе кои дале значаен придонес во културата, драмската уметност или книжевноста. Во 1950 година, при анкета на Дејли Варајети, гарбо била изгласана за Најдобра глумица за половина век, Во 1957, била наградена со наградата Џорџ Истман, за значителен придонес во филмската уметност.

Во ноември 1983 година, ѝ бил доделен Шведскиот орден на поларната ѕвезда по налог на кралот Карл XVI Густаф, крал на Шведска. За нејзините придонеси во кинематографијата, во 1960 година добила ѕвезда на холивудската улица на славните на 6901 Холивуд Булевар.

Била прогласена за најубава жена на светот од страна на Гинисовата книга за светски рекорди. Се појавила на голем број поштенски марки а во септември 2005, Поштенската служба на САД и Шведската Пошта објавиле комеморативни поштенски марки со нејзиниот лик. На 6 април 2011, Централната банка на Шведска изјавила дека портретот на Гарбо ќе се појави на банкнота од 100 круни, во 2014-15.

Филмографија

Неми филмови
Година Наслов Улога Режисер Заедно со Белешки
1920 Г-дин и г-ѓа Стокхолм одат на шопинг шведски: Herrskapet Stockholm ute på inköp;

Реклама. Рекламата првпат била пуштена на 12 декември 1920.

1921 Кавалер шведски: En lyckoriddare;

Филмот е изгубен.

1921 Нашиот дневен леб шведски: Konsum Stockholm Promo Реклама
1922 Скитникот Петар шведски: Luffar-Petter; Прва улога на Гарбо во комерцијален филм
1924 Сагата за Геста Берлинг Елизабет Дона Мориц Стилер Ларс Хансон шведски: Gösta Berling's Saga; Првата главна улога на Гарбо во долгометражен филм
1925 Улица без радост Грета Рамфорт Г.В.Пабст Аста Нилсен германски: Die freudlose Gasse;
1926 Поток Лоенора Морено

т.е Темнокосата

Монта Бел Рикардо Кортес англиски: Torrent

Прв американски филм на Гарбо. Сите понатамошни биле снимени во Холивуд во продукција на МГМ

1926 Подводничка Елена Фред Нибло Антонио Морено англиски: The Temptress. Филмот требало да го режира Стилер, но поради конфликт со продуцентите бил отпуштен од МГМ
1926 Тело и ѓаволот Фелиситас Кларенс Браун Џон Гилберт англиски: Flesh and the Devil Прв од седумте филма кои ги режирал Кларенс Браун и прв од четирите со кои Гарбо глуми заедно со Гилберт
1927 Љубов Ана Каренина Едмунд Гулдинг Џон Гилберт англиски: Love. Адаптација на романот Ана Каренина на Толстој
1928 Божествена жена Маријана Виктор Систром Ларс Хансон англиски: The Divine Woman. Филмот е изгубен. Од него се останати само 9 минути снимка.
1928 Мистериозната жена Тања Федорова Фред Нибло Конрад Најџел англиски:The Mysterious Lady
1928 Жена за афери Дајана Мерик Фурнес Кларенс Браун Џон Гилберт англиски: Woman of affairs
1929 Диви орхидеи Лили Стерлинг Сидни Френклин Нилс Астер англиски: Wild Orchids
1929 Човек на човекот самата себе Џејмс Круз Вилијам Хајнес англиски: A Man's Man Филмот е изгубен
1929 Единствен стандард Арден Стјуард Џон С. Робертсон англиски: The Single Standard
1929 Бакнеж Ајрин Гвари Жак Фејдер Конрад најџел англиски: The Kiss. Последен нем филм на Гарбо и на МГМ
Звучни филмови
Година Наслов Улога Режија Заедно со Белешки
1930 Ана Кристи Ана Кристи Кларенс Браун Чарлс Бикфорт англиски: Anna Christie. За филмот добила номинација за Оскар за најдобра глумица
1930 Романса Рита Кавалини Кларенс Браун Гавин Гордон англиски: Romance. Номинирана за оскар за најдобра глумица
1930 Ана Кристи Ана Кристи Жак Фејдер Германска верзија на филмот во продукција на МГМ
1931 Инспирација Ивон Валбрет Кларенс Браун Роберт Монтгамери англиски: Inspiration
1931 Сузан Ленокс (нејзиниот пад и подем) Сузан Ленокс Роберт З. Леонард Кларк Гејбл англиски: Susan Lenox (Her Fall and Rise)
1931 Мата Хари Мата Хари Џорџ Фицморис Рамон Новаро англиски: Mata Hari

По Гранд хотел, овој филм е втор по големина на заработката

1932 Гранд Хотел Грузинскаја Едмунд Гулдинг англиски: Grand Hotel

Оскар за најдобар филм

1932 Како што ме посакуваш Zara aka Marie Џорџ Фицморис Мелвин Даглас англиски: As You Desire Me Прв од трите филма со Даглас
1933 Кралицата Кристина Кралицата Кристина Рубен Мамулијан Џон Гилберт англиски: Queen Christina
1934 Обоениот вел Кетрин Кербер Фејни Ричард Болеславски Џорџ Блент англиски: The Painted Veil
1935 Ана Каренина Ана Каренина Кларенс Браун Фредрик Марч Награда за најдобра глумица од Кружокот на филмски критичари од Њујорк
1936 Дамата со камелии Маргерит Готје Џорџ Цукор Роберт Тејлор англиски: Camille

Награда за најдобра глумица од Кружокот на филмски критичари од Њујорк

Номинирана за Оскар за најдобра глумица

1937 Освојување Грофица Марија Валевска Кларенс Браун Чарлс Бојер англиски: Conquest

Филмот забележал загуба од $1,397,000.

1939 Ниночка Нина Ивановна "Ниночка" Јакушова Ернст Љубич Мелвин Даглас англиски: Ninotchka Национален одбор за ревизија - награда за најдобра глумица

Номинирана за Оскар за најдобра глумица

Номинирана за награда за најдобра глумица во Кружокот на филмски критичари од Њујорк

1941 Жената со две лица Керин Борг Блејк Џорџ Цукор Мелвин Даглас англиски: Two-Faced Woman Награда за најдобра глумица од Национален одбор за филмска критика

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Грета Гарбо Детство и младостГрета Гарбо КариераГрета Гарбо Приватен животГрета Гарбо Награди и почестиГрета Гарбо ФилмографијаГрета Гарбо НаводиГрета Гарбо Надворешни врскиГрета Гарбо15 април18 септември19051990АктерХоливудШведска

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Внатрешна македонска револуционерна организација - Народна партијаСтобиЃурѓовденГ’зим ОстрениМакедонски парламентарни избори, 2016НеологизамГаличицаТелевизијаИсторија на македонскиот народКиро ГлигоровУпад во Собранието на Македонија (2017)Владо БучковскиИзборна единица 6Велко НеделковскиПартија за целосна еманципација на РомитеПолскаВакцина против тетанусПиреј (роман)Искра ГешоскаДимитар МиладиновСтале ПоповМојот звукСкржавецот (Плавт)Хари КостовМејозаКалендар на Велигденски датумиСловенијаРамазанМедузаЖолто МореТигарОпштина ГостиварГригор ПрличевДемократска партија на АлбанцитеВиолинаМакедонски претседателски избори (2024)РационализамИзборна единица 5ДрогаСистемски лупус еритематозус20000 милји под моретоДржавна изборна комисијаЕпилепсијаПоштенски броеви во МакедонијаПоздивиштаСписок на држави во светотПолжавиПиринска МакедонијаГерманијаРесенХороскопски знациМакедонциЗемји членки на Европската УнијаЈохан ТарчуловскиСлуз-цедење во грлотоРомски јазикСојузни држави на САДРадмила ШекеринскаРисто КрлеСојуз на Ромите од МакедонијаСписок на команданти на ОНАСојуз на комунистите на МакедонијаАрмија на МакедонијаКаролина Ристова - АстерудОпштина КрушевоОбласти во КазахстанБитка кај Мечкин КаменСинонимХемороидМустафа Кемал АтатуркЕден на еденКрал МаркоМакедонски АлбанциПавле Арсоски🡆 More