Лоренс Оливие: британски глумец, режисер и продуцент (1907–1989)

Сер Лоренс Кер Оливие (22 мај 1907 - 11 јули 1989) — англиски театарски, филмски и телевизиски глумец, режисер и продуцент.

Во кариерата долга над шеесет години играл најразлични улоги - од ликови од грчки и Шекспирови трагедии, ексцентрични и гротескни негативци, до јунаци на романтични комедии. Се смета за најдобар глумец на ликови од Шекспировите драми. Најпознат е по улогите во филмовите Оркански височини (1939), Ребека (1940), Бани Лејк исчезна (1965), Принц и танчерка (1957), Отело (1965), Маратонец (1976) и Момчињата од Бразил (1978). Добил два почесни Оскари за животно дело и голем придонес кон филмската уметност, како и Оскар за најдобар главен глумец за улогата во Хамлет.

Лоренс Оливие: британски глумец, режисер и продуцент (1907–1989)
Оливие со Мерл Оберон во филмот Оркански височини (1939г.)

Оливие бил номиниран за тринаесет Оскари. Добитник е на сребрена мечка на Берлински филмски фестивал на Златниот лав на фестивалот во Венеција, а добил и ѕвезда на Холивудската патека на славните. Тој е прв глумец во историјата на филмот кој добил благодарна титула. Американскиот филмски институт го вклучил меѓу дваесетте најголеми глумци на сите времиња. Се смета за најдобар британски глумец на дваесеттиот век.

Лоренс Кер Оливие е роден 1907 во Доркинг. Неговиот татко, Џерард Оливие, бил свештеник, па Лоренс израснал во смирена и религиозна фамилија. Бегајки од строгоста и религиозноста на својот татко, Лоренс многу се зближил со мајка му, Агнес Луиз. Меѓутоа, Агнес починала многу рано, на четириесет години и нејзината смрт многу го потресла дванаесетто годишниот Лоренс. Останал со својот брат Ричард и сестра му Сибил во Олд Ректориј ( дел од училиштето Свети Кристофер ), а неговиот тако се преселил во Хрдфордшир. Во текот на шеестогодишната кариера, Лоренс Оливие играл во окулу 130 претстави, 63 фимови и во 26 ТВ серијали. Првите глумечки чекори Оливие ги стекнал 1930 година во Англија. Десет години подоцна, благодарение на холивудските хитови Оркански височини и Ребека, неговото име станало познато во светот на филмовите. Значајни улоги на телевизија имал во осумдесеттите години на 20 век.  

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Вилијам ШекспирМомчињата од БразилОркански височини (филм од 1939)Оскар (награди)Оскар за најдобар глумецРебекаХамлет

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Чир на желудникотРаде ШербеџијаБерлинРисто ШишковХазби ЛикаВласинско езероМилениумски крстРепублика СрпскаСписок на цркви и манастири на Македонската православна цркваБислимска КлисураИсторија на парите во МакедонијаМакедонијаСписок на градови во Македонија по населениеГрадови во АвстријаМозамбикБубрежен каменЗлатна петорка (филм)АстрологијаГрадови во МакедонијаОпштина Маврово и РостушеАнглиски јазикЗнаме на МакедонијаОлимпПланинарски дом „Караџица“Бигорски манастирВртоглавицаМакедонски парламентарни избори (2020)Јужна АмерикаЗаздравување на ранаКамен од РозетаАнета МицевскаБиполарно растројствоСловенијаМакедонска азбукаЛазар КолишевскиГрузијаДевица (хороскопски знак)Рак на дојкаДебарБрадикардијаАрхиепископ Охридски и Македонски г.г. СтефанПрилепСреден векБукурешки договор (1913)Солунска ГлаваГрадови во ИталијаМанастир ОстрогОпштина ДојранПневмонијаИлеусТуберкулозаМесечинаЛазарополеВоен конфликт во Македонија, 2001Ханс ЦимерЈугославијаМачкаСеверина ВучковиќСвети Наум (манастир)Тоше ПроескиПравославна цркваДељадровциФК БеласицаПаневропски коридор XБилјана ТанескиМиланоМиле ЈаневскиСолунНастинкаТрета македонска фудбалска лигаЈужна КорејаРоманијаДиазепамСмрдлива ВодаРанченциСтобиГлуварче🡆 More