Вакцинација

Вакцинација ии цепење претставува администрација на антигенски материјал (Вакцина) со цел стимулирање на имуниот систем на личноста да развие адаптивен имунитет на патоген.

Вакцините можат да го превенираат или ублажат морбидитетот од инфекција. Делотворноста на вакцините била темелно испитувана и потврдена; пример за тоа се, вакцината за грип, ХПВ вакцината, и вакцина за овчји сипаници. Вакцинацијата е најефективен метод за превенција на инфективни болести ; глобалниот имунитет кој се постигнува благодарение на вакцините е одговорен за светска ерадикација на големи сипаници и намалување на инциденцата на болести како што се детска парализа, мали сипаници, и тетанус во поголем дел од светот. Светската здравствена организација (СЗО) известува дека до денес достапни се лиценцирани вакцини за превенција или помош при превенција и контрола на дваесет и пет инфекции.

Вакцинација
Дете добива вакцина против детска парализа.

Активниот агенс на вакцините може да биде интактна но онеспособена (неинфективна) или атенуирана (со намалена инфективност) форма на причинувачкиот патоген,или пак прочистени компоненти на патогенот кои имаат голема имуногеничност (пример, белковини на надворешна обвивка на вирусот). Токсоиди се произведуваат за имунизација против болести предизвикани од токсини, како што е случајот со модификација на тетаноспазмин токсин на тетанус при што се отстрануваат неговите токсични ефекти а се задржува имуногеничниот ефект.

Големи сипаници се првото заболување за кое се направени обиди за превенција со самоинокулација и првото заболување за кое е произведена вакцина. Вакцината за големи сипаницибила создадена во 1796 од страна на британскиот доктор Едвард Џенер,иако најмалку шест други научници користеле слични принципи во годините пред нејзиното создавање. Луис Пастер продолжил да го развива концептот преку неговата работа во полето на микробиологија. Имунизацијата била наречена вакцинацијапоради тоа што првата вакцина била произведена со помош на вирус кој ги афектирал кравите(латински: vacca—крава). Големите сипаници биле инфективна и смртоносна болест која причинувала смрт кај 20–60% од инфицираните возрасни лица и над 80% кај инфицираните деца. Кога големите сипаници биле конечно ерадицирани во 1979, бројот на мртви од оваа болест достигнал околу 300–500 милиони луѓе во дваесеттиот век.

Наводи

Tags:

АнтигенВакцинаГолеми сипанициДетска парализаМали сипанициСветската здравствена организацијаТетанусХПВ вакцина

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Придавки во македонскиот јазикЏеј РамадановскиВинарска визба „Вила Марија“Спасен СилјаноскиЧовечко телоГемиџииВикторија ЛобаЛазар КолишевскиМоскополеЖелкиЦветан ДимовРомиКоле АнгеловскиЈана СтојановскаЦрна ГораОпштина ГостиварКипарПајациВевчаниГулабЕмпатијаНикола Димитров (дипломат)ПолскаАлшарКиро ГлигоровХрватскаБудизамИлинденско востаниеСписок на држави во светотНежилово (Велешко)Список на тегоби и болки на стапалатаПреспавИгор НиколовскиСУ „Д-р Панче Караѓозов“ - СкопјеРаички манастирШопиГорјан ПетревскиНикола ТеслаОслободителна Народна АрмијаБензенХристијанствоБудваЛимфомГрузијаАлександар ПротогеровВенко МарковскиОпштина БрвеницаЕпилепсијаДржавни празници во МакедонијаВагинален исцедокТалат ЏафериПченкаДенес над МакедонијаКалиопиСписок на државни знамињаРепублика СрпскаЛепа БренаКрим (полуостров)Игбал, мојата тајнаРак на грлоКиткаЗовиќВиолинаОхридски рамковен договорРиби (хороскопски знак)Ана СтојановскаОпштина БитолаОвен (хороскопски знак)УкраинаЛисабонПрва балканска војнаСписок на езера во МакедонијаИсак ЊутнБалкански ПолуостровСкопско кале29 април🡆 More