Јакреново — село во Општина Крушево, во околината на градот Крушево.
Јакреново | |
Поглед на селото | |
Јакреново на карта | |
Координати 41°26′50″N 21°15′30″E / 41.44722° СГШ; 21.25833° ИГД | |
Регион | Пелагониски |
Општина | Крушево |
Население | 276 жит. (поп. 2021)
|
Пошт. бр. | 7537 |
Повик. бр. | 048 |
Шифра на КО | 16011 |
Надм. вис. | 730 м |
Јакреново на општинската карта Атарот на Јакреново во рамките на општината | |
Јакреново на Ризницата |
Името на селото првпат се сретнува во историските документи како Јакреново во XVI век (1568-69 г.). Се претпоставува дека доаѓа од личното име Јакрен (Јакомир, Јагомир).
Селото се наоѓа во северниот дел на Општина Крушево, чиј атар се допира со подрачјето на Општина Македонски Брод. Селото е планинско, на надморска височина од 730 метри. Од градот Крушево е оддалечено 16 километри.
Јакреново е мало албанско село помеѓу Белушино на југозапад и Саждево на североисток. Јакреново зазема иста местоположба како и соседните села: помеѓу падините на Бушева Планина и рамницата на Пелагонија. Поради тоа, мештаните имаат услови за сточарство и за земјоделство. Водата за пиење се добивала од бунари.
Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Шумјак, Аре-Мад (Голема Нива), Чешма Саат (Сува Чешма), Гури Адеми, Чафе, Стан, Киша Мад (Голема Црква), Струка, Кодра, Ливаде Селиме, Селиште, Ливаде Поштр (Долна Ливада), Црн Камен, Абдиов Нишан и Две Буки.
Селото има збиен тип, поделено на четири маала. Во секое од маалата живеат припадниците на еден род. Маалата се незначително едно од друго оддалечени. Помеѓу нив има празен простор.
Под селото е местото Чешма Ливад, каде што има чешма обрасната со шума. Мештаните говорат дека ископувале ќерамиди и темели на куќи, а се познава и стара калдрма.
Како и другите околни села, Јакреново најпрвин било христијанско село. Во првата половина на XIX век тука се доселиле муслимански Арбанаси, поради што старото население било иселено. Христијанското село се наоѓало 200 метри источно од денешното село на месноста Селиште. Денес, таму се наоѓаат ниви и ливади. Една месноста крај Селиште се нарекува Киша (Црква).
Денешните жители на Јакреново потекнуваат од предци од Северна Албанија, кои дошле преку Дебар и Кичево. Најпрвин дошле предците на денешниот род Даве, а потоа на родовите Раше и Мерке. Предците на четвртиот род Цоке се доселиле во 1913 година.
Атарот е мал и зафаќа простор од само 4 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 189 хектари, на пасиштата отпаѓаат 110 хектари, а на обработливото земјиште отпаѓаат 95 хектари.
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Јакреново живееле 130 жители, од кои 100 Албанци муслимани и 30 Македонци христијани.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Албанци.
Јакреново е мало село, без некои значителни промени на бројот на населението. Така, тоа во 1961 година броело 239 жители, турско население, а во 1994 година 211 жители, од кои 98 биле Турци, 84 Албанци и 29 останати.
Според пописот од 2002 година, во селото Јакреново живееле 212 жители, од кои 100 Албанци, 59 Турци, 51 Бошњак и 2 останати.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 276 жители, од кои 146 Албанци, 48 Турци, 54 Бошњаци и 28 лица без податоци.
Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во Јакреново:
Година | Македонци | Албанци | Турци | Срби | Бошњаци | Ост. | б.п. | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1948 | — | — | — | — | — | — | — | 233 |
1953 | 0 | 9 | 260 | 0 | 0 | 0 | — | 269 |
1961 | 0 | 0 | 238 | 1 | 0 | 0 | — | 239 |
1971 | 8 | 36 | 180 | 1 | — | 11 | — | 236 |
1981 | 0 | 81 | 32 | 0 | — | 96 | — | 209 |
1991 | 0 | 88 | 81 | 0 | — | 61 | — | 230 |
1994 | 0 | 84 | 98 | 0 | — | 29 | — | 211 |
2002 | 0 | 100 | 59 | 0 | 51 | 2 | — | 212 |
2021 | 0 | 146 | 48 | 0 | 54 | 0 | 28 | 276 |
* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2021), според податоци од официјалните пописи во соодветните години
Денес, Јакреново е албанско село, кои се доселеници.
Според истражувањата на Јован Трифуноски во 1952 година родови во селото се:
Од Јакреново има иселеници во Борино (Давовц, 5 к.), Горно Житоше (5 к.), Лажани (5 к.), Норово (Давовц, 2 к.), Дебреште (Мечо, 1 к.) и Лисичани кај Кичево (3 к.).
Во XIX век, Јакреново било село во Прилепската каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Крушево, која била една од ретките општини во Македонија која не била изменета при територијалната поделба во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото припаѓало на тогашната Општина Крушево.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Крушево. Во периодот од 1957-1965, селото се наоѓало во општина Долнени.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Дебреште, во која покрај селото Јакреново, се наоѓале и селата Борино, Дебреште, Жабјани, Кошино, Крапа, Лажани, Ропотово и Саждево. Општината Дебреште постоела и во периодот 1950-1952, кога во нејзе се наоѓале селата Дебреште, Јакреново, Крапа, Кошино и Саждево.
Во селото постои избирачкото место бр. 1202 според Државната изборна комисија, сместено во простории на објект непосредно близу до селската џамија.
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 277 гласачи. На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 292 гласачи.
This article uses material from the Wikipedia Македонски article Јакреново, which is released under the Creative Commons Attribution-ShareAlike 3.0 license ("CC BY-SA 3.0"); additional terms may apply (view authors). Содржината е достапна под CC BY-SA 4.0 освен ако не е поинаку наведено. Images, videos and audio are available under their respective licenses.
®Wikipedia is a registered trademark of the Wiki Foundation, Inc. Wiki Македонски (DUHOCTRUNGQUOC.VN) is an independent company and has no affiliation with Wiki Foundation.