Лажани: село во Општина Долнени, Македонија

Лажани — село во Општина Долнени, во околината на градот Прилеп.

Лажани
Лажани: Етимологија, Географија и местоположба, Историја

Поглед на селото

Лажани во рамките на Македонија
Лажани: Етимологија, Географија и местоположба, Историја
Лажани
Местоположба на Лажани во Македонија
Лажани на карта
Координати 41°26′31″N 21°18′56″E / 41.44194° СГШ; 21.31556° ИГД / 41.44194; 21.31556
Регион Лажани: Етимологија, Географија и местоположба, Историја Пелагониски
Општина Лажани: Етимологија, Географија и местоположба, Историја Долнени
Население 1.755 жит.
(поп. 2021)

Пошт. бр. 7507
Повик. бр. 048
Шифра на КО 20058
Надм. вис. 780 м
Лажани на општинската карта
Лажани: Етимологија, Географија и местоположба, Историја

Атарот на Лажани во рамките на општината
Лажани: Етимологија, Географија и местоположба, Историја Лажани на Ризницата

Етимологија

Името на селото потекнува од прасловенскиот збор 'лаг', што значи долина, место покрај река, обраснато со дрвја.

Географија и местоположба

Лажани: Етимологија, Географија и местоположба, Историја 
Поглед на селото

Селото се наоѓа во северозападниот дел на Прилепското Поле, а на западната страна на територијата на Општина Долнени, чиј атар се допира со подрачјето на Општина Крушево. Селото е рамничарско, на надморска височина од 780 метри. Од градот Прилеп е оддалечено 27 километри.

Лажани е рамничарско село, кое се наоѓа помеѓу селата Житоше (Горно и Долно), Кошино, Дебреште и Ропотово. Во минатото, водата за пиење се добивала од бунари во кои биле поставени пумпи. Бунарите биле длабоки од 9 до 18 метри и првите биле ископани во 1909 година. Претходно, селото го користело изворот Преод, кој извира западно од Лажани.

Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Дебрешки Чаир, Емроица, Кошинско, Поројница, Ќерамидница, Боароско, Мртвица, Сеферица, Јасен, Игралиште, Средоречки Пат, Кокица, Бариште, Оризишта, Лозишта, Ширина, Чаир, Шембеља, Арапица, Трска, Ливаѓе, Мера, Слатина и Богданоа Бара.

Селото има збиен тип, а поединечни делови од него се нарекуваат Сулејмановско, Јајоско, Зенговско, Браовско Маало и други. Маалата се нарекуваат по презимињата на мештаните во нив.

Историја

Северозападно од селото во насока на соседното село Кошино, во нивите мештаните ископувале остатоци на старини, најмногу ќерамиди дебели три прста и долги половина метар. На месноста Богданоа Бара, североисточно од селото, исто така има остатоци на стара населба.

За основањето на денешното село не се знае ништо. Во традицијата се наведува дека тоа најпрвин било христијанско село. Потоа, кон крајот на XVIII и почетокот на XIX век, во селото дебарските муслимани основале чифлици. Како чувари на чифлиците биле доселени Торбеши од околината на Кичево и Дебар. Со тоа, муслиманското население во Лажани започнало да се зголемува. Христијанското население во текот на XIX век започнало да се иселува.

Пред крајот на отоманската власт, во селото имало три чифлици, кои зафаќале половина од атарот на селото. Најголемиот чифлиг припаѓал на дебарскиот род Аголи, додека другите биле во посед на Мула Мемедовци и Хутковци. На земјата во чифлиците работеле христијани, Роми, како и некои Торбеши. Кратко време пред 1912 година, мештаните ја откупиле земјата.

Стопанство

Атарот зафаќа простор од 11,6 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 1.082 хектари, на пасиштата отпаѓаат само 41 хектар, додека шумско земјиште нема.

Селото, во основа, има полјоделска функција. Во селото имало земјоделска задруга, а денес има услужни објекти.

Население

Население во минатото
ГодинаНас.±%
19481.170—    
19531.239+5.9%
19611.397+12.8%
19711.709+22.3%
19811.954+14.3%
ГодинаНас.±%
19911.958+0.2%
19941.827−6.7%
20021.864+2.0%
20211.755−5.8%

Во пописните дефтери од 1467/68 година, во Лажани имало 42 семејства, 2 неженети и 1 вдовица; во 1481/82 – 46 семејства и 2 вдовици, а во 1544/45 – 78 семејства и 8 неженети, но и 5 муслимански семејства. До 1568/69 година дошло до значително опаѓање на христијанското население – 48 семејства и 37 неженети, како и до зголемување на муслиманското население – 15 семејства и 9 неженети.

Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 година Лажани имало 113 домаќинства со 175 муслимани (Македонци), 149 христијани (Македонци) и 107 Роми.

Според податоците на бугарскиот етнограф Васил К’нчов, во 1900 година, селото имало население од 120 христијани (Македонци), 320 муслимани (Македонци) и 200 Роми. Според бугарскиот публицист Димитар Мишев, во 1905 година селото имало 120 христијани.

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Лежани се води како мешано македонско-албанско село во Прилепската каза на Битолскиот санџак со 103 куќи.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 550 Македонци, 50 Албанци и 50 други жители.

Селото во 1961 година имало 1.397 жители, од кои 962 биле Турци, 415 Македонци, тројца Црногорци и 20 жители муслимани и неопределени, а во 1994 година 1.827 жители, од кои 464 биле Турци 327 Македонци, 34 Албанци и 994 жители изјаснети како други.

Според пописот од 2002 година, во селото Лажани живееле 1.864 жители, од кои 278 Македонци, 108 Албанци, 402 Турци, 1.054 Бошњаци и 22 останати.

Дел од Македонците-муслимани се изјасниле како Турци или Албанци поради политичко-религиски причини.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 1.755 жители, од кои 264 Македонци, 153 Албанци, 377 Турци, 901 Бошњак, 10 останати и 50 лица без податоци.

Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во Лажани:

Година Македонци Албанци Турци Роми Срби Бошњаци Ост. б.п. Вкупно
1948 1.170
1953 155 1 1.060 23 0 0 0 1.239
1961 415 0 957 0 25 1.397
1971 607 0 822 0 3 277 1.709
1981 514 51 316 0 1 1.072 1.954
1991 367 20 444 0 1 1.126 1.958
1994 327 34 464 0 1 1.001 1.827
2002 278 108 402 0 0 1.054 22 1.864
2021 264 153 377 0 0 901 10 50 1.755

* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2021), според податоци од официјалните пописи во соодветните години

Родови

Селото Лажани е мешано православно и муслиманско село. Во селото нема староседелци, а најстари во селото се Торбешите.

Според истражувањата на Јован Трифуноски во 1952 година родови во селото се:

  • Торбешки родови: Зенговци (20 к.), Мемедовци (5 к.), Реџеповци (5 к.), Шаќировци (4 к.) и Ибишовци (3 к.), најстари родови во селото, местото на потекло не го знаат; Туревци (10 к.), Тунтевци (8 к.), Мифтаровци (5 к.), Бејковци (4 к.), Абдуловци (4 к.) и Јаја Оџовци (4 к.), сите доселени од Дебарско; Чучуковци (10 к.), Саитовци (7 к.), Абдиовци (6 к.), Џаферовци (5 к.), Муслиовци (4 к.) и Татаровци (4 к.), сите доселени од торбешкото село Пласница, Кичевско; Изаировци (8 к.), доселени се од торбешкото село Лисичани, Кичевско; Браовци (20 к.), потеклото им е албанско, потекнуваат од тројца браќа кои живееле во селото Блаце кај Пешкопеја, кои потоа се преселиле во Демир Хисар, двајца браќа се населиле во Прибилци, а еден во Света, сега и двете села се чисто македонски православни. После тоа еден од браќата се населил во селото Лажани како домазет и го примил македонскиот јазик, тоа било почетокот на XIX век, го знаат следното родословие: Амдија (жив на 56 г. во 1951 година) -Сулејман-Велија-Исмаил предокот кој се доселил; Камберовци (4 к.) доселени се од соседното село Горно Житоше, таму припаѓале на родот Дерала, со подалечно потекло од северна Албанија, во Лажани се измешале со Торбешите и го примиле македонскиот јазик; Бајрамовци (3 к.) доселени се од прилепското село Црнилиште; Биљаловци (4 к.), родот го основал Мамут, по потекло од северна Албанија, овде се населил како војник и влегол како домазет во некој од торбешките родови и го примил македонскиот јазик; Цуковци (6 к.) доселени се од сега раселеното село Солп, кое се наоѓало меѓу селата Црско (Големо и Мало) и Цер, подалечно потекло од некое село во околината на Пешкопеја и Мула Амедовци (6 к.), доселени се од Прилеп, покрај македонски говорат и турски.
  • Ромски родови: Ќазимовци (4 к.), Амедовци (2 к.) и Шемовци (1 к.), стари родови со непозната старина, покрај ромски говорат и македонски. До околу 1940 година во селото имало околу 30 ромски куќи, но повеќето се иселиле во Прилеп.
  • Македонски христијански родови: Ниневци (7 к.), доселени се 1920 година од селото Вир; Ламбевци (2 к.), доселени во 1922 година од селото Лазарополе; Талевци (2 к.), доселени се 1927 година од селото Грешница; Дабевци (1 к.), доселени се 1928 година од селото Вир; Златевци (1 к.) доселени се 1928 година од селото Манастирец (Горни или Долни); Крагујевци (2 к.) и Павловци (1 к.) доселени се 1937 година, првите од Могилец, вторите од некое село; Илија (1 к.) и Богдан (1 к.), доселени се 1954 година од некое село во Порече; Папучковци (1 к.), доселени се од селото Манастирец во 1954 година. Сите овие започнале да се доселуваат од околу 1920 година на купена земја или на земја добиена од државните власти.

Доселување на Бошњаци

Во XX век се зголемил бројот на имиграцијата кога се доселени Бошњаците. Бошњаците се релативно доцна доселени на територијата на Македонија. Првите населувања на Бошњаци од Босна и Херцеговина се забележуваат после Големата источна криза и анексијата на Босна од страна на Австроунгарија во 1875-1878 година. Во овој период огромен број на муслимански бегалци (Бошњаци, Турци, Черкези) бил населен во Македонија. По Балканските војни речиси сите доселени муслимани се иселиле во Турција.

Денешните Бошњаци во Македонија се населени во 50-тите и 60-тите години на XX век од областа Санџак во Србија и Црна Гора, претежно од местата Тутин, Рожае, Плав, Гусиње и Нови Пазар, поради што овие луѓе се познати и под името „Санџаклии“. Тргнувајќи на пат за иселување во Турција, според договорот меѓу Турција и Југославија од 50-тите години на XX век со кој муслиманите од Југославија единствено можеле да се иселуваат во Турција преку Македонија, голем број на Бошњаци од Санџак (заедно со Албанци од Косово) остануваат и се населуваат во испразнетите турски и торбешки села во Македонија, најчесто купувајќи ги имотите на Турците и Торбешите кои се иселувале за евтини пари. Така се доселени во Македонија во селата Лажани, Житоше, Десово, Локвени, Борино, Јакреново, Канатларци, Оризари, Батинци, Долно Коњари, Средно Коњари, Љубин, Петровец ,Студеничани и други села.

Иселеништво

Се знае за иселувањето на првичното христијанско македонско население во градовите Крушево и Прилеп, како и во селата Бело Поле (Мачоровци), Заполжани (Лајковци), Кутлешево (Јошевци), Локвени (Ешпетковци), Подвис (Дробачовци) и други.

Од селото се знае за голем број иселувања на Торбеши во Турција.

Општествени установи

Лажани: Етимологија, Географија и местоположба, Историја 
Поглед на основното училиште

Самоуправа и политика

Во XIX век, Лажани било село во Прилепската каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Долнени, на која ѝ била додадена поранешната Општина Житоше по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото припаѓало на тогашната Општина Долнени.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Прилеп. Во периодот 1955-1965, селото се наоѓало во општина Долнени.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Дебреште, во која покрај селото Лажани, се наоѓале и селата Борино, Дебреште, Дабјани, Јакреново, Кошино, Крапа, Ропотово и Саждево. Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната Општина Ропотово, кога во нејзе се наоѓале селата Лажани, Ропотово, Пешталево и Сарандиново.

Избирачко место

Во селото постојат избирачките места бр. 1472 и 1473 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.

На претседателските избори во 2019 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 1.677 гласачи. На Македонски парламентарни избори во 2020 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 1.695 гласачи. На локалните избори во 2021 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 1.752 гласачи.

Културни и природни знаменитости

    Археолошки наоѓалишта
    Цркви
    Џамии

Личности

    Родени во или по потекло од Лажани
  • Кенан Колашинац — командант во БиХ 1992-1995.
  • Асмир Колашинац — втор светски куглофрлач
  • Елвира Рахиќ — пејачка
  • Хидает Туркоглу — турски кошаркар
  • Изудин Каришик — прв бошњачки градоначалник на Општина Долнени
  • Ипче Ахмедовски — пејач
  • Јашар Ахмедовски — пејач
  • Халил Џафероски — поранешен пратеник во собранието на Македонија
  • Аднан Џафероски — политичар
  • Ипче Ахмедовски (1966-1994) — музичар

Култура и спорт

Во селото работи фудбалскиот клуб ФК „Слога“.

Галерија

Наводи

Поврзано

Надворешни врски

Tags:

Лажани ЕтимологијаЛажани Географија и местоположбаЛажани ИсторијаЛажани СтопанствоЛажани НаселениеЛажани Општествени установиЛажани Самоуправа и политикаЛажани Културни и природни знаменитостиЛажани ЛичностиЛажани Култура и спортЛажани ГалеријаЛажани НаводиЛажани ПоврзаноЛажани Надворешни врскиЛажаниОпштина ДолнениПрилеп

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

ФилмСкржавецот (Плавт)ТапанСписок на културно наследство на МакедонијаАјдучка треваЦрна ГораСпоменка (книга)Орхан (книга)Горан СтефановскиЗбаждиТранспирацијаОпштина ОхридПрометејКога тргнав ЦветоМалиот принц‘Рбетен столбРадолиштаСрцева слабостЕвропаЗаздравување на ранаКамилаСаат-кула (Битола)КавказАлцхајмерова болестЏ. Р. Р. ТолкинОптичка мамкаОтоманска МакедонијаНаполеон БонапартСловенијаЃорѓи АбаџиевОпитСвети Климент ОхридскиРасејувањеТирЈане СанданскиДемократска ДесницаКристофер КолумбоГалијаПоумПсоријазаСкопјеДевојка со бисерна обеткаМерилендОдбивање (физика)Старословенска азбукаХемиска индустријаРечник на стари македонски зборовиРак на панкреасотМустафа IВнатрешна македонска револуционерна организација - Демократска партија за македонско национално единствоЧовечки папиломен вирусАлжирСкратеници во македонскиот јазикОпштина БоговињеСвета ПеткаПресметување на датумот на ВелигденЛокални избори во Македонија (2017)МакедонциМенингитисАцо ШоповСвети Кирил и МетодијЃомлезеРегионален пат 1101Општина Демир ХисарСелциКамено времеКошаркаОлимписки боговиБиотички факториБегалкаКамера опскураРомантизамЈосиф СталинМојсејРусијаНародна Република КинаНезависносложени реченици во македонскиот јазик🡆 More